Корисно четиво

  • Ново Дополнително осветлување

За собните кактуси, најмалата количина на светлина која се препорачува е 150 вати на метар квадратен. Флуо-цевките треба да бидат оддалечени од 25 до 30 cm од врвот на билката. (повеќе)

  • Прихрана

Како и другите видови на домашни билки, така и кактусите и сукулентите имаат потреба од хранливи материи, но не во големи количини. На кактусите им е потребно прихрана само еднаш или двапати годишно (во доцна пролет или лето) кога тие активно растат. Може да се користи ѓубриво (половина од препорачаната количина) за собни билки, кое има повеќе фосфор отколку азот. На истиот начин, сукулентите можат да се прихрануваат три или четири пати во летните месеци. (повеќе)

  • Кактусите и светлината

Светлина на повеќето кактуси им е потребна колку што е можно повеќе. На другите им треба нешто помалку (но сеуште повеќе отколку на другите билки). Има и такви кои не бараат многу светлина. (повеќе)

  • Како за почеток

Одамна пред стапнување на првите Европјани на тлото на Новиот свет, кактусите одиграле значајна улога во животот на домордското население. Индијанските племиња го испробувале плодот на катусите за различни намени, ги јаделе меките делови на стеблото, ги обработувале дрвенастите делови и во разни цели ги употребувале влакната од кактусите. Меѓутоа, кактусите имале и друго значење. (повеќе)

  • Кактуси, основни информации

Според изгледот, кактусите целосно се разликуваат од билките кои се околу нас и на кои сме навикнале. Тие на некој начин делуваат вонземно. Наместо гранки и листови имаат само меснато стебло, а листовите им се преобразени во боцки и влакненца чијашто улога е одбрамбена: од пресилното сонце или животните. Процесот на фотосинтенза се одвива во стеблото. Во зависност од видот, цветаат во различни периоди од годината, но најголем дел од нив цветаат во пролет. Цветовите им траат од неколку часови до 10-12 денови, во зависност од видот. (повеќе)

  • Полевање

Не постои едноставен рецепт за тоа колку треба да се полеваат кактусите и колку често да се прави тоа. Тоа го одредуваат разновидните фактори на средината во која се наоѓаат, но и други фактори кои ги одредуваат потербите на билките. (повеќе)

  • Болести

Кај кактусите и сукулентите се појавуваат неколку видови на болести кои се развиваат во одредени услови. Пред се, тоа се зголемена влажност на земјата и воздухот, како и поволни температури за развивање на болестите. Притоа габите најчесто ги напаѓаат физиолошки послабите билки, оштететни од физички повреди или од напад на инсекти. Поради тоа најдобро е да се спроведат соодветни превентивни мерки, кои пред се, се однесуваат на регулирање на влажноста и температурата. (повеќе)

  • Сукуленти

Сукулентите (SUCCULENTS) се билки со повеќе од 60 фамилии и 300 родови. Најпознати сукуленти се кактусите CACTI (фамилија: CACTACEAE). Практично сите кактуси се сукуленти, но иако се одлгледуваат на ист начин, многу сукуленти не се кактуси. Има сукуленти, особено од видот EUPHORBIA, кои се слчини на некои видови на кактуси, но тоа е само на прв поглед. Најубави и највредни се оние колекции во кои покрај кактуси има и сукуленти. (повеќе)

  • Размножување

Добра вест е тоа што кактусите и сукулентите се размножуваат релативно лесно. Поради тешките услови во кои живеат, тие развиле техники на преживување кои им овозможуваат лесно вкоренување. Може да произведете многу млади кактуси или сукуленти од само една билка! (повеќе)

  • Супстрат

Супстратот, односно земјата за кактуси и сукуленти е малку потешка тема. Тоа е така бидејќи различни видови на кактуси и сукуленти бараат и различна содржина на супстратот. Во светот може да се купат и готови мешавини... Сепак за вистинските одгледувачи на кактуси далеку поголемо е задоволството доколку сами да си го подготвуваат супстратот. (повеќе)

  • Корисни совети

Она што е важно кога купувате кактуси и сукуленти е да проверите дали растенијата во саксиите се цврсти, затоа што може да се случи коренот да биде оштетен. (повеќе)

  • Старите добри весници

Доколку сакате да пресадите некој од Вашите боцкави миленици, а немате ракавици…решението е во старите весници! Одиме со ред… (повеќе)

  • Парче сунѓер и нема боцкање

Кога пресадувате кактуси, доколку немате соодветни ракавици или друга слични заштитна опрема, нивните боцки знаат да бидат многу непријатни за Вас и Вашата кожа. За да ја избегнете таа опасност, доволно ќе Ви биде само едно парче сунѓер. (повеќе)

  • Општи совети за растенијата во домот

Многу истражувања укажуваат на тоа дека за растенијата да се развиваат здраво, потребно им е внимание, зборување, и чување како и на секое милениче. За возврат го разубавуваат нашиот живот. (повеќе)

  • Штетници: Растителни вошки

Расителните вошки се опасни и упорни паразити кои се уништуваат со истрајна и долготрајна борба. Кога еднаш ќе се најдат во колекцијата многу тешко можат да се уништат. Кај кактусите најчесто се среќаваат: кореновите, влакнестите и штитестите вошки. (повеќе)
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...