8/29/2010

На лице место на ридот во Долно Барбарево

Во февруари оваа година ве запознав со ридот во атарот на пробиштипското село Долно Барбарево (или можеби Горно Барбарево...остана неразјаснето), еден од листата на ридови во Македонија освоени од кактуси од родот Opuntia. Фотографиите кои тогаш ги споделив со вас ги добив од уште еден љубител на кактуси и сукуленти, мојот пријател Марјан од кого дознав за овој (уште еден малку необичен за овие простори) рид.

На 15 овој месец (или пред точно две недели) заедно со него и девојка ми Ирена имав несекојдневна можност да прошетам низ тој дел од Македонија исполнет со природни убавини, и да го видам ридот и кактусите распослани по него. Местото од Пробиштип е оддалечено дваесетина минути возење со автомобил по асвалтиран планиниски пат кој завршува на само стотина метри пред кактусите.

Кактусите се групирани во две купчиња, ова е поголемото...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

...ова е дел од второто, помало купче...

Photobucket

...кактусите беа полни со плодови (каква ли само глетка имало кога цветале)...

Photobucket

...некои од нив веќе беа и зрели...

Photobucket

...не носев ракавици, но не пропуштив можност да си наберам неколку и покрај тоа што сериозно се избоцкав додека ги берев... :-)

Photobucket

Благодарам Марјан!

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

8/26/2010

Околу нас

Вашите кактуси повторно ја разубавуваат мојата КАКТУСАРНИЦА. Овојпат тоа се бодликавите пријатели на Даница Младеновска од Берово која пред некое време ги сподели со мене овие две фотографии од нејзиниот албум “Околу нас“, а со нејзина дозвола јас вечерва ги споделувам и со вас...

Photobucket

Photobucket

Благодарам Даница!

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

8/24/2010

Прошетка со миленичето

Научниците утврдиле дека прошетката со вашето милениче (куче) е подобро и позабавно од вежбање во фитнес центар...

Photobucket

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

8/23/2010

Расцветување

Кактусот е Echinopsis subdenudata, а расцветувањето го уловив вечерта на 15 јули кај мене на тераса. Првите две фотографии се направени два дена порано.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

8/22/2010

Лижавчиња

Освен што се во форма на кактус (Saguaro), и вкусот им е на кактус (Prickly Pear - плод од Opuntia ficus-indica). Немаат боцки :-) и ги има и во повеќе други вкусови...овде може да си нарачате :-)

Photobucket

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

8/21/2010

Мојата расцветана сукулентна градина (волуме 3)

Вечерва со вас споделувам уште неколку од фотографиите кои на почетокот на минатиот месец ги направив во мојата сукулентна градина...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Поздрав до Pepus!

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

8/19/2010

Линдзи Лохан се боцнала

Контроверзната Линдзи Лохан деновиве е актуелна со финасиските понуди кои ги добива за да открие ексклузивни детали од времето кое го помина зад решетки. Магазинот ОК и понудил дури еден милион долари за првото пост-затворско интервју.

Но вечерва таа во КАКТУСАРНИЦА не е поради тоа, туку поради една мала непријатност која и се случила во март оваа година кога повеќе беше актуелна како инвентар низ клубовите во Лос Анџелес.

Имено, додека пристигнувала на приватна забава во куќата на свој пријател изгубила рамнотежа и пред објективите на папараците кои биле околу куќата, паднала и завршила во едно големо бодликаво Agave americana 'Marginata'...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

За да се оправда пред своите обожаватели дека овој засрамувачки момент не бил резултат на алкохолот, Линдзи тогаш на Tweeter напишала:
Само јас може да бидам турната врз големо остро растение од луди папараци!!! Мора да започнам почесто да носам балетанки.

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

8/18/2010

Фарма

Кактусите и сукулентите кои се увезуваат во Македонија се произвдеуваат во импресивни големи и модерни фарми.

Вечерва ви нудам можност да прошетате токму низ две такви фарми за кактуси и сукуленти, една во Тенерифе и една во Холандија...

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

8/08/2010

Волшебен лист

Насловот на овој запис е едно од имињата по кои е препознатлив сукулентот Kalanchoe Pinnata. Потекнува од Мадагаскар и е познат и како Air Plant, Life Plant, Miracle Leaf и Goethe Plant... Специфика на овој сукулент се изобилството на минијатурните билки кои се појавуваат на краевите од листовите, што е карактеристика на дел од членовите на родот Kalanchoe кои се познати под името Bryophyllum, меѓу кои е и овој Волшебен лист. Тоа овозможува нивно вегетативно размножување, односно младите билки се развиваат заедно со листот. Има цветови во форма на ѕвончиња и поради тоа може да се сретне и како Cathedral Bells.

Во традиционалната медицина се користи за третирање на инфекции, реуматизам, воспаленија…

Kalanchoe pinnata

Photobucket

Овој Волшебен лист беше дел од рубриката Кактус/Сукулент на денот 229/08. Записот објавен во октомври 2008 година (денес дополнет) со детални информации за овој сукулент, во целост може да го прочитате овде.
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...