4/16/2009

За многу години празниците!

Бидејќи во следните празнични денови не планирам да поминувам време покрај компјутер, денеска пред да се исклучам упатувам честитки за претстојните Велигденските празници до сите православни христијани...убаво да си ги поминете празниците, сакајте се, веселете се и радувајте се!

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Христос Воскресе!

4/15/2009

Колекцијата на Тивериопол - проширена и надградена

Тивериопол ја збогатил својата колекција на сукулентни билки. Денеска во мојата КАКТУСАРНИЦА избор од фотографиите кои тој ги сподели со мене.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Благодарам Тивериопол!

4/13/2009

Долга брадавица

Серијалот Кактус на денот во вториот квартал од годината го започувам со еден кактус од фамилијата Mammillaria. Името на овој кактус “longimamma“ потекнува од латинскиот јазик, што во превод значи “долга брадавица“.

Кактус на денот 103/09 е...

Mammillaria longimamma

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Mammillaria
Вид: M. longimamma
Народни имиња: Nipple Cactus, Finger Mound, Peyotillo
Синоними: Dolichothele uberiformis, Mammillaria longimamma var. uberiformis, Dolichothele longimamma ssp. uberiformis, Cactus uberiformis, Mammillaria longimamma, Mammillaria uberiformis, Neomammillaria uberiformis, Cactus alpinus, Mammillaria alpina, Neomammillaria longimamma, Cactus longimamma, Dolichothele longimamma, Mammillaria laeta
Потекло: Мексико, Тексас
Боја на цветот: Светло жолта
Сезона на цветање: Мај до Јули
Висина: до 15 cm

Photobucket

Одгледување:
Бидејќи има голем корен овој кактус се одгледува во подлабоки саксии, во супстрат со многу добра дренажа и на места директно изложени на сонце или во блага сенка. Во периодот на активно растење треба редовно, но внимателно да се полева, бидејќи и овој кактус не сака “мокри нозе“. Во зима ако се чува на температура од околу 10 °C, супстратот се остава сув. Билките кои се чуваат на собна температура треба да се полеваат повремено (еднаш месечно) со мала количина на вода. Минималната температура која овој кактус може да ја издржи е -5 °C.

Размножување:
Се размножува со семе и од израстоци.

Надворешен линк: Oвде

4/11/2009

Инаугурација

Изброт за Кактус/Сукулент на првиот квартал во 2009 година официјално заврши. Гласањето помина во фер и демократска атмосфера, цензусот е исполнет...што значи дека победникот има целосен легитимитет.

Во изминатите десет дена, Вие имавте можност да избирате помеѓу 12 кактуси и други сукуленти билки. Според резултатите од пребројувањето на гласовите, имам чест (а со оглед на тоа дека беше и еден од моите фаворити) и задоволство, да му ја доделам титулата Кактус на првиот квартал во 2009 година на Буре-то (Ferocactus glaucescens).

Photobucket

4/10/2009

Во земјата на Текилата

Tаму некаде во Мексико...сопствениците на плантажи со Агаве - сукулент од кој се прави познатиот алкохолен пијалок Текила (Tequila), за да ги заштитат од разни натрапници, ги заградуваат со кактуси...

Photobucket

4/09/2009

Stanford Cactus Garden

Денеска Ви предлагам да прошетате низ Stanford Cactus Garden, позната и како Arizona Cactus Garden, ботаничка градина специјализирана за кактуси и сукуленти. Лоцирана е во кампусот на Stanford University во Пало Алто во Калифорнија.

4/08/2009

Закоренување во вода

Ова е период кога кактусите се пресадуваат, размножуваат...доколку сакате да се обидете (јас пробав од љубопитност и ми успеа со кактус од родот Opuntia и сукулент Euphorbia lactea) да закорените израсток или резник од кактус на (кај народот) најраспространетиот начин (на кој се закоренуваат цвеќињата), односно во вода, еве како да го направите тоа.

Притоа ви препорачувам пред да ги ставите во вода, резникот или одделениот израсток да ги оставите неколку денови да се засушат. Долниот дел треба да биде постојано во вода. Кога ќе израснат коренчиња посадете го во супстрат за кактуси.

Photobucket

Доколку сте љубопитни како мене може да го пробате овој начин на закоренување. :-)

Сепак јас ви препорачувам кога ги размножувате вашите кактуси и сукуленти, по одрежувањето или одделувањето на израстокот од примарната билка да не ги закоренувате во вода, туку само да ги оставите да се засушат (залечат) и после тоа да ги засадите. За тоа во зависност од временските услови и дебелината на одрежаните делови, е потребно од 10 до 45 денови. Раната треба да се залечи, пред да ја засадите билката. Одрежаните делови треба да се чуваат на темно и топло место, никако директно изложени на сонце. Треба да да се садат во сув супстрат и откако ќе се посадат, не треба да се полеваат во следните 2-3 недели. Младите израстоци по одвојувањето не треба да се садат барем една недела.

4/07/2009

Сукулентен венец

Сукулентите се билки кои освен со индивидуалниот изглед восхитуваат и со можностите кои ги нудат за креативно изразување и правење на сукулентни градини во различни облици. Денеска Ви презентирам три различни сукулентни креации во форма на венец.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Во продолжение имате можност да видите и Видео лекција од која ќе научите како се прави венец од различни видови на сукулентни билки од родот Sedum.

4/06/2009

Брзата птица итрица

Кога го видов овој кактус со необичен изглед ми заличе, а и сеуште ми личи на Брзата птица итрица...

Photobucket

...таму назад мислам дека ја демне и Којотот :-)

4/05/2009

Зини и кажи ААААА

Овој убав сончев и воедно свечен (гласајте, ако сеуште не сте го направиле тоа) ден, се разбудив со малку растечен нос и гребење на грлото...ако отидев на лекар, тој ќе ми речеше “Зини и кажи ААААА“, но јас во случајов ја ублажив состојбата со еден Fervex од мојата домашна аптека.

Не сум сигурен дали и девојката на фотографијата подолу има проблем со грлото, но од приложеното се гледа дека има сериозен проблем со јазикот. :-)

Photobucket

Со некој кактус и јазикот на оваа девојка во Photoshop си играл cricket1.

4/04/2009

Калемење

Во Календарот за кактусари/ки за месец Април го спомнав калемењето. Верувам дека повеќето од Вас веќе имаат видено калемени кактуси...

Photobucket

...доколку сте љубопитни и сакате да дознаете како се прават вакви сукулентни креации, погледнете ја денешната Видео лекција. Видеото е аматерско, без звук и не е со многу добар квалитет, но сепак е доволно добро за да ја сконтате финтата и да Ве поттикне да направите некој интересен калем.

4/03/2009

Користете кондоми!

Иако кактусите по малку изгледаат опасно, доколку внимавате и користите соодветни заштитни средства може да ја избегнете опасноста и притоа да уживате во општењето со нив!

Во изминатиот период во КАКТУСАРНИЦА имавте можност да видите неколку интересни комбинации со кактуси кои наликуваат на одреден човечки орган...денеска една уште посекси комбинација...заштита и уживање истовремено. :-)

Користете кондоми!

Photobucket

4/02/2009

Календар за кактусари/ки: Април

Со оглед на временските услови кои ги имаме овие денови и она што метеролозите го предвидуваат за периодот што следува, време е (доколку имате услови) Вашите кактуси и други сукуленти да ги пренесете на местата (прозор, тераса, двор…) каде што ги чувате во топлиот период од годината (пролет-лето-есен).

Притоа како што кажав и во Календарот за месец Март, тоа треба внимателно да го направите бидејќи може да дојде до нивно оштетување, односно изгорување од сонцето. Бидејќи за кактусите и сукулентите нема кремови, лосиони или нешто слично за заштита од сонце, моја препорака е кога за прв пат во годината ќе ги изнесете надвор (особено билките кои веќе почнале да растат) еден период да ги оставите во блага сенка, односно постепено да ги привикнувате на сонцето. Ова особено важи за билки кои зимата ја поминале во потполн мрак. И во случај доколку некоја билка сепак се здобие со последици од сонцето, истата пренесете ја на сенка и оштететниот дел за кратко време ќе се залечи.

Photobucket

Полевајте ги умерено и тоа само кога деновиве се сончеви, ако е облачно не ги полевајте. Кај кактусите кои се чуваат во затворени простории (стакленици, фолии...), воздухот е влажен и е потопло, што придонесува кактусите полесно да ги развиваат корењата, а со тоа и побрзо да ја впиваат водата.

Кај билките кои почнале да растат може да се обидете да ги калемите, но тоа треба да го правите само кога е топло и суво. После калемењето, билките треба да ги ставите на топло и суво место во блага сенка, за да може да им се залечат раните и да имаат добри услови за раст. Во втората половина на Април, ако времето е сончево доколу имате семе, може да го засеете.

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz

4/01/2009

Избор(и)

Ако насловот Ве наведе да помислите дека овде ќе прочитате нешто поврзано со претседателските и локалните избори во Македонија, се излажавте! :-)

Овде станува збор за сосема други избори. На почетокот на оваа година во КАКТУСАРНИЦА беше избран Кактус/Сукулент на 2008 година. Во конкуренција беа сите кактуси и други сукуленти кои во минатата година Ви ги презентирав во рубриката Кактус/Сукулент на денот, а Вашиот избор беше Воздушното растение (Kalanchoe pinnata).

Ваков Избор ќе биде организиран и за оваа година. Во рамки на него, ќе има четири квартални избори, а од победниците на тие избори на почетокот на следната година повторно ќе ја имате можноста да изберете Кактус/Сукулент на 2009 година.

Во Првиот квартален избор во оваа година има 12 конкуренти. Вие преку гласањето, освен што учествувате во Изборот, имате можност додека ги разгледувате билките и да научите уште нешто за нив. Поединечно секоја од нив може да ја видите ако кликнете врз името, а сите одедаш, заедно со досега презентираните билки во рубриката Кактус/Сукулент на денот, ако кликнете овде.

Гласањето ќе заврши на 10.04.2009 во 23:59 часот.


Кои се Вашите фаворити за Кактус/Сукулент на Првиот квартал во 2009 година? (означете најмногу 3 од понудените)
Разиграни коски
Змејово дрво
Big Penis
Неговото Сино височество
Сини стапчиња креда
Пропелер
Ќебап грмушка
Буре
Мртовечки прсти
Бискупска капа
Јадица
Црна ружа

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...