5/27/2010

Прихрана

Како и другите видови на домашни билки, така и кактусите и сукулентите имаат потреба од хранливи материи, но не во големи количини. На кактусите им е потребно прихрана само еднаш или двапати годишно (во доцна пролет или лето) кога тие активно растат. Може да се користи ѓубриво (половина од препорачаната количина) за собни билки, кое има повеќе фосфор отколку азот. На истиот начин, сукулентите можат да се прихрануваат три или четири пати во летните месеци.

Ѓубривата ги содржат состојките неопходни за здрав раст на билките. Тие може да бидат од органско или неорганско потекло, во течна или во цврста состојба (во облик на прав и гранули). Органските ѓубрива содржат многу корисни елементи, но од друга страна имаат недостаток на потребните елементи за раст. Поради тој недостаток, долготрајната употреба на органски ѓубрива може да доведе до негативни последици за билките.

Главни елементи и нивно дејство на билките:
(N)
Азот - го стимулира растот во висина, помага во изградбата на протоплазмата, протеини и други компоненти на ќелиите/клетките на билката.
(P)
Фосфор (фосфати) - го стимулира кореновиот раст. Помага при формирањето на плодот и семето.
(K)
Калиум - го стимулира цветањето и давањето на плодови.

Во рана пролет се препорачува користење на ѓубриво со низок процент на азот. Односот NPK (5-10-5) е најдобар. Измешајте го ѓубривото со супстратот и ќе ги храни кактусите во текот на целото лето. Друг начин на прихрана е со користење на ѓубрива кои се растворливи во вода. Schultz и некои други производители прават течни ѓубрива за кактуси и сукуленти. Овој метод подразбира ѓубрење на секои една (или две) недели во текот на сезоната на растење). На пустинските кактуси повеќе им одговара течното ѓубриво во споредба со тоа во гранули, но може да се заклучи и дека на кактусите генерално повеќе им одговара течното ѓубриво.

Photobucket

Течно ѓубриво за кактуси кое може да се најде во Македонија (барем јас само тоа сум го сретнал) е производ на Семенарна од Љубљана од истата програма Valentin од која беше и супстратот за кактуси за кој пишував пред некое време и кој може да го најдете во Реплек Хубо Маркет. И ова ѓубриво може да го најдете таму, но и низ цвеќарниците, пазарите и земјоделски аптеки низ градот и државата. Односот NPK на ова ѓубриво е 3-5-7.
Photobucket

Доколку не може да најдете ѓубриво специјално за кактуси и сукуленти, алтернатива може да биде ѓубриво за домати со мал процент на азот (NPK 8-20-10).

Кактуси и сукуленти кои не се закоренети или се штотуку пресадени не се прихрануваат. Не се ѓубрат воопшто и во периодот на мирување (од ноември до март).

Извори: CactusInfo, NebGuide

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...