6/28/2008

Струк за на плажа

Во 2007 година со посредство на Макфакс повеќе медиуми во Македонија објавиле прилог со наслов Кактус за намалување на апетитот, а и на струкот.

Caralluma fimbriata всушност не е кактус, туку сукулент кој се јаде и кој племињата во Индија го користат за намалување на апетитот.

Photobucket

За да се провери делотворноста на овој сукулент и евентуалното негово влијание на промената на телесната тежина поради отсуство на глад, индиските научници спровеле истражување врз доброволци со прекумерна телесна тежина во период од два месеца, така што секој ден им давале по еден грам од сукулентот.

Се покажало дека Caralluma fimbriata навистина го намалува апетитот, но без очигледни резултати во телесната тежина. Единствено кај нив се намалила ширината на струкот.

Значи, ако во пресрет на летните одмори и разголувањето на плажа, сакате да го намалите апетитот и ширината на струкот, Caralluma fimbriata му е мајката! :-)

6/27/2008

Безобразен кактус

...и безобразен каубој! :-)

Photobucket

Милениците на Леонастефани

Leonastefani ми прати две фотографии од нејзините миленици... интересна и впечатлива комбинација! Со нејзина дозвола, фотографиите ги споделувам и со Вас...ти благодарам драга моја пријателке!

Доколку сакате да ја збогатите мојата КАКТУСАРНИЦА и со Вашите миленици, праќајте ми фотографии на е-маил!

Photobucket

Photobucket

6/26/2008

Будење

Ако го имате проблемот со утринското станувањето од кревет, односно постојано доцните, бидејќи најчесто го исклучувате алармот и продолжувате да спиете...еден кактус покрај будилникот може да биде вистинското решение за Вашиот проблем.

Photobucket

Упс...! Добро утро! :-)

Старите добри весници

Доколку сакате да пресадите некој од Вашите боцкави миленици, а немате ракавици...решението е во старите весници!

Одиме со ред...

Photobucket

Чекор 1: Доколку новата саксија е со поголемо дупче како на сликата...за да не испаѓа супстратот, покријте го со парче мрежа, камче или сличен предмет.

Photobucket

Чекор 2: Покријте го дното на саксијата со малку супстрат.

Photobucket

Чекор 3: Тука доаѓа до израз стариот весник (се разбира може и нов) :-)...

Photobucket

Чекор 4: Притиснете ја саксијата за да се одлепи супстратот. Држете го весникот цврсто околу кактусот и полека извадете го кактусот од саксијата.

Photobucket

Чекор 5: Ставете го полека кактусот во новата саксија, притоа внимавајќи да биде на средината.

Photobucket

Чекор 6: Дополнете ја саксијата со супстрат.

Photobucket

Чекор 7: Натапкајте го малку супстратот.

Photobucket

Чекор 8: На крајот, за попривлечен изглед може да ставите и камчиња околу кактусот.

Photobucket

Чекор 9: Како што веќе пишував, кактусите не треба да се полеваат веднаш по пресадувањето. Почекајте неколку денови (5-7). Се разбира со малку вода може да ја измиете нечистотијата која произлегла од пресадувањето.

Ако ги пренесувате кактусите...старите весници можат да се искористат и во тој случај...

Photobucket

Во случајов весниците го заштитуваат кактусот да не се оштети од неговите боцки...ептен практично!

6/25/2008

Корисни совети

Текстот во продолжение бил објавен во 2006 година во Дневник, под наслов Кактусите не треба да ги полевате често! За голем дел од работите веќе имавте можност да прочитате во мојата КАКТУСАРНИЦА®, но повторувањето нели е мајка на знаењето. Во текстот (во кој има и по некоја нејаснотија и грешка) може да најдете и многу корисни совети!
Кога купувате кактуси и сукуленти проверете дали растенијата во саксиите се цврсти, затоа што може коренот да биде оштетен!

Кактусите се лесни за одгледување, а ако ги негувате правилно, се вечни.

Иако сите кактуси се сукуленти, сите сукуленти - растенија со месести листови, не се кактуси. Кактусите и сукулентите главно припаѓаат на две фамилии Cactaceae и Crassulaceae, иако некои припаѓаат и на фамилиите Liliaceae и Amarylliaceae. Од главните родови кактуси, видовите на родот Cereus се високи и исправени, а од топчестите видови најпознати се мамилариите (Mammillaria). Лопатестите видови се со најмногу боцки и припаѓаат на родот Echinocactus. Бодликавите крушки, кои често ги гледаме на филмовите од Дивиот запад, припаѓаат на родот Opuntia. Овој род многу се одгледува како подлога за калемење многу други видови. Zygocactus или божиќен кактус во ноември цвета и цветовите траат подолго време.

Во фамилијата кактуси (и сукуленти) спаѓаат и многу други родови меѓу кои и алое, агаве и божиќните кактуси. Многу од нив цветаат, иако цветовите им траат многу кратко време. Сукулентите имаат месести листови, многу често со упадлива сива превлака. Може да се набават многу видови, особено од родовите на Crassula, Euphorbia, Echeveria. Многу од нив и цветаат. Euphorbia опфаќа и многу други обични собни видови како што се поансециите (Poinsettia!?) и кротоните (Crotonoideae). Еден од најпознатите видови сукуленти од родот на Euphorbia (млечка) е видот Euphorbia splendes, која има боцки и црвени брактеи, а потекнува од Мадагаскар.

Photobucket
Crassula ovata

Photobucket
Euphorbia lactea
Родот Crassula исто така содржи многу видови меѓу кои и Crassula argetea (!?), кој што може да израсне во разгранете грмушка висока и 1 m.

Она што е важно кога купувате кактуси и сукуленти е да проверите дали растенијата во саксиите се цврсти, затоа што може да се случи коренот да биде оштетен. Растенијата не смеат да имаат траги од оштетувања и да бидат скапани.

Им треба силна светлина!

Големината на растенијата зависи од видот и може да бидат многу мали, но може да достигнат височина и од 2 м дури и како собно растение. Растат многу бавно, а кај некои скоро и да не се забележува напредок во тек на една година. Цветаат во пролет и лето, а цветовите траат само еден ден или нешто подолго. Растенијата се без мирис. Потребно им е многу светло и добро успеваат на прозорец на јака сончева светлина. Летно време поднесуваат многу топло. Во зима чувајте ги на поладно место, но не на температура пониска од 5 до 7 Целзиусови степени. Летно време полевајте ги неколкупати неделно. Во зима еднаш месечно. Им одговара сув и топол воздух, но во лето испрскајте ги листовите или полејте ги целосно растенијата со вода за да бидат чисти. Не ги пресадувајте многу почесто од што е потребно. Доволно е на 3 до 4 години еднаш (кога се во прашање поголеми билки). Кактусите се вечни растенија ако во зима не се полеваат премногу па да скапат. Ова се лесни растенија за одгледување дури и за почетниците.

Совет: Ако растението е потемнето и гние при основата, значи дека премногу го полевате. Во овој случај најчесто нема спас за растението. Површината на растението е набрана и тоа има изгубено цврстина - премногу е суво. Полевајте го растението обилно. Ако не се развиваат цветови кај оние видови што обично цветаат - тоа е знак дека зимно време сте ги чувале на претопло место. Кактусите растат многу бавно, а сукулентите се навалуваат кон прозорецот. Ако нема доволно светло, преместете ги на посветло. Боцките од кактусите може да бидат многу болни и да ја надразнуваат кожата. Додека работите со нив, секогаш користете ракавици. Големите боцки може веднаш да се отстранат со рака, а ситните боцки и иритирачките влакненца може да се отстранат само со постојано плакнење со многу топла вода и со сапун.

Текстови на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Во овој online свет, а и надвор од него, текстови на МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (со големи букви за инает на сите кои се обидуваат да го оспорат) за кактуси и сукуленти, освен во мојата КАКТУСАРНИЦА (да не се фалам, ама...) се навистина реткост. Јас досега успеав да налетам само на неколку, објавени пред се во нашите дневни весници.

Оние кои мислам дека може да бидат интересни за Вас, во периодот што следува ќе ги преземам овде, со цел да бидат на едно место, односно подостапни за сите.

Читајќи ги текстовите увидов дека се провлекуваат и грешки (особено во латинските имиња) низ нив. Се надевам дека ќе ми простат медиумите од кои ги преземам, затоа што ќе си дозволам да ги исправам истите, односно барем оние што ќе ги воочам.

Со цел да биде малку пошаренолико, а и да имате можност за визуелизација на дел од кажаното, текстовите ќе бидат пропратени и со слики.

Линкови до текстовите:


Во продолжение во листата ќе ги додавам и другите текстови што ќе Ви ги пренесам во иднина!

6/24/2008

Pearl Jam

Photobucket

Во топ 25 рок трачеви, според Ролинг Стоун на 21 место се наоѓа трачот дека, американскиот рок бенд Прл Џем го добиле своето име по џемот од кактуси кој го правела бабата на нивниот пејач Еди Ведер.

PhotobucketPhotobucketPhotobucket

Cat-o-Lina

Малку истражував и дојдов до информација дека модерната мачка Lina, во суштина била Cat-o-Lina, односно сувенир-репродукција на производ на Catalina Island Clay Products Factory, произведен во 1930 година.

Photobucket

Lina

...е ептен модерна мачка!

Photobucket

6/23/2008

Необично јајце

и уште понеобично “пиле“ кое се испилува од него :-)

Photobucket

6/20/2008

Кактуси во кафез

...несекојдневно, креативно и функционално искористување на домашните ресурси!? :-)

Photobucket

6/19/2008

И Луан Старова има Кактуси

Немам информации дали годинашниот добитник на Рациновото признание, писателот Луан Старова во својот дом има кактуси, но затоа со сигурност знам дека во неговата збирка Песни од Картагена има ...

КАКТУСИ

Кактуси
прашалници на времето
пред недоодицата
на пустината,
ги нема лисјето
на заборавените
годишни времиња,
за да се оправда
смислата на фаталноста.
Прашалници за последниот
одговор на човекот,
каде се наоѓа границата
меѓу поразот и победата?
Во кактусите се задржала
сенката на времето
за да се пренесува
пораката на минливоста
низ крвотокот на пустината.

6/18/2008

Mickey Mouse

Ако досега сте се прашувале зошто децата толку многу ги сакаат кактусите...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

...сигурен сум дека преку овие фотографии ќе дојдете до одговорот! :-)

6/17/2008

Ескурзија

Минатата недела ја имав запоставено мојата КАКТУСАРНИЦА, бидејќи не бев во нашата мила Македонија...прошетав малку (3315 км) низ дел од Европа...Германија, Австрија, Унгарија, Србија...

На враќање во Гераманија, во Passau налетав на маркет со интересни примероци на кактуси и сукуленти...за жал, случајно да не си отворам проблеми на граница се воздржав (едвај) да не купам ниту еден, но затоа пак илегално направив неколку фотографии :-)

Photobucket

Photobucket

6/09/2008

Мокри нозе

Доколку Вашите кактуси и сукуленти се на отворено (двор, тераса...) и директно се изложени на секојдневните врнежи кои траат веќе цела недела, а според синоптичарите ќе продолжат и во следните денови...да Ве потсетам дека кактусите не сакаат “мокри нозе“.

Внимавајте, силните поројни дождови можат да го извадат и супстратот (земјата) од саксиите. Ви препорачувам, додека не престанат врнежите да ги сместите во покриен простор, кој ќе ги заштити од директна изложеност на дождот.

Ако веќе дождот добро ги накиснал Вашите миленици, откако ќе ги преместите, Ви препорачувам во следните 7-10 денови да не ги полевате.

Photobucket

За илустрација...денешен поглед кон дел од мојата збирка на кактуси (во нормални временски услови кактусите се на горната ивица).

Претприемачи

Две бодликави прасиња со претприемачки дух дошле на идеа да направат пари користејќи ги кактусите за пресадување на коса на своите “ќелави“ собраќа/сосестри.

Photobucket

6/05/2008

Приврезок

За страсните љубители на кактуси, бебе кактус (што би рекол внук ми) како приврезок за телефон.

Photobucket

Пуштање јазик

Евидентно е дека овој кактус е голем боцкав шизик...но, што било пресудно оваа млада дама да му го пушти јазикот!?

Photobucket

Наградно прашање: Колку срца има кактусов?

6/04/2008

...viagras erectus

No comment...

Photobucket

...се разбира Вашите коментари се добредојдени!

Свекрвин јазик

Повеќето видови од родот Opuntia, или кај народот познати под името Свекрвин јазик, Индиска смоква или Бодликава круша, освен за јадење се користат и во медицината.

Photobucket

Во народната медицина се употребуваат сите делови на билката: плод, цвет, стебло и корен. Opuntia-та го регулира шекерот во крвта, спречува излегување на акни, а се користи и против артритис и болести на очите.

Сокот од стеблото во кој има најмногу вода, содржи и шекери, белковини, витамин С и органски киселини и може да се користи како облога за омекнување и созревање на чиреви, за убоди, против опекотини и воспаление на кожата и слузокожата. Од овој сок се прават и козметички маски за влажнење на лицето.

Целата билка е делотворна против болки во стомакот во облик на десетпроцентен чај. Цветовите се посебно корисни против колитис, надразнети црева и зголемена простата. Чајот од коренот помага за исфрлање на водата од организамот.

Opuntia-та може да се најде како составен дел на голем број на лекови и други медицински и козметички препарати.

PhotobucketPhotobucket

6/03/2008

Индиска смоква

Кактусот од случајот “Изеден кактус“ е еден вид од родот Opuntia. Овие кактуси можат да се сретнат и под името индиска смоква, бодликава круша или свекрвин јазик. Opuntia-та е кактус кој се јаде и може да се најде на менито на луѓето, а не само на менито на козите и желките како во предходниот случај. :-) Најчесто тоа е видот Opuntia ficus-indica. За ручек, во текот на летото овој кактус ги нуди своите цветови, во есен зрелите плодови, а меснатото стебло во текот на цела година. Најчесто

Оваа “бодликава убавица“ пристигнала во медитеранскиот дел на Европа во XVI век од Мексико, каде уште тогаш се одгледувала за исхрана. Кај нас може да се сретне, освен во саксии и во дворовите, бидејќи спаѓа во групата на кактуси кои опстојуваат и на ниски температури.

Opuntia-та спаѓа во групата на кактуси-грмушки. Стеблата им се составени од елиптични, сплескани и меснати делови, кои често се големи и до половина метар. Розеви или жолти крупни цветови со бројни латици се развиваат по горниот раб на гранката во периодот од мај до јули. Во есен созреваат големи како јајце, сочни, црвени, жолти или розеви плодови, кои како и целата билка се обраснати со бодликави влакна.

Photobucket

Photobucket

Месото од зрели плодови е вкусно, слатко-киселкасто, сочно и се јаде сирово. При берењето и користењето треба да се внимава на боцките на кората на плодот. Најдобро е да се берат со ракавици, потоа плодот да се зареже по должината и да се извади сочниот и мек дел. Од плодовите може да се прави џем и мармалад.

Photobucket

Photobucket

Стеблото може да се пече на скара, како шницли (при печењето боцките се отстрануваат), додека цветовите се подготвуваат како шпаргла.

Пријатен ручек!

Нови осомничени

Истрагата во случајот “Изеден кактус“ се проширува...освен козата, осомничена е и оваa банда на желки...

Photobucket

Photobucket

...истрагата продолжува!

6/02/2008

Календар за кактусари/ки: Јуни

И покрај тоа што денес, а според метеролозите и во текот на следните неколку денови времето ќе биде променливо облачно, проследено со грмежи и врнежи, сепак веќе на големо мириса на лето со сончеви денови и топли ноќи. Доколку имате можност (тераса, двор), а сеуште не сте го направиле тоа, време е да ги наградите Вашите билки со полна сончева светлина и свеж воздух.

Јуни е месецот, кога кај дел од кактусите се јавуваат и првите цветови. Постојано се отвораат нови цветови, некои наутро, некои на пладне, а некои попладне.

Сега е најдобро време за сеење (се разбира доколку успеете да најдете семе, со оглед на тоа што и семето е нешто што тешко дека може да го најдете во Македонија) на видови кои се навикнати на потопли услови. Во овој период се постигнува висок степен на р’тење.

За оние поискусните кактусари или оние кои сакаат да се обидат во тоа, Јуни е месец кога може да се продолжи со калемење или прекалемување на веќе калемените билки.

Photobucket

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...