1/19/2011

Дополнително осветлување

Од условите во кои се одгледуваат кактусите и другите сукуленти, зависи дали тие нормално ќе се развиваат или ќе стагнираат. Најважен фактор за нивниот раст е адекватната светлина.

За собните кактуси, најмалата количина на светлина која се препорачува е 150 вати на метар квадратен. Флуо-цевките треба да бидат оддалечени од 25 до 30 cm од врвот на билката. Ако користите сијалици со висок интензитет, треба да ги оддалечите во сразмер со јачината. Билките растат подобро ако (во зависност од годишното време) дневната светлина е помалку или повеќе константна. Користете тајмер подесен на 12 до 18 часа дневно. Најголемиот дел од билките најдобро се развиваат доколку светло-темниот период одговара на нивното природно опкружување. Кога користите вештачко осветлување, светлината со рефлектори треба да ја насочите кон билките. Билките треба да се ротираат (свртуваат) на секои две недели, за да бидат рамномерно осветлени. Кактусите, како и повеќето други билки, се осетливи на одредени фреквенции (бои) на светлината, особено на син и црвен спектар. Најдобри резултати се постигнуваат со користење на grow-light или metal-halide цевки. Овие цевки произведуваат повеќе светлина која им одговара на билките. Metal-halide осветлувањето дава и топлина и UV зрачење кои кактусите ги сакаат.

Photobucket

Светлината е извор на енергија која им е потребна на билките да произвдуваат храна. Осветлувањето се изразува во фут-кандела (foot-candel, ft-c) според англо-саксонските мерни единици, односно во лукс (lux) во SI метричкиот систем. Внатрешноста на добро осветлена просторија, обично е помалку од 100 ft-c, додека светлината на еден сочев ден е повеќе од 10.000 ft-c. Билките имаат различни потреби за светлина. Собните билки се делат според количината која им е потребна за раст:
  • Ниска (најмалку 100 ft-c, 150 до 200 за добар раст ≈ 1.500 до 2.000 лукса)
  • Средна (најмалку 100 до 150 ft-c, 200 до 500 за добар раст ≈ 2.000 до 5.000 лукса)
  • Висока (најмалку 150 до 1.000 ft-c, 500 до 1.000 за добар раст ≈ 5.000 до 10.000 лукса)
  • Многу висока (најмалку 1.000 ft-c, односно повеќе од 10.000 лукса).
Foot-candle не е SI мерка, но сеуште се користи во САД, Велика Британија и нејзините бивши колонии. Околу 100 ft-c во текот на 12 часа дневно на билката и е потребно за раст во текот на целата година, а најмалку 200 ft-c во текот на 12 часа дневно за билките да ги искористат хранливите материи. За планиран раст на билките е важна јачината на светлината. Мерната единица lux претставува количник од осветлувањето (lumen) и осветлената површина (lux = lm/m²). Ако како мерка за јачина на осветлувањето користиме lux, вредноста изразена во ft-c треба да се помножи со 10,764 (за полесно пресметување ≈10).

За полесна ориентација и одредување колку светлина им е потребна на билките, еве неколку параметри:
  • Полна дневна светлина над 10.760 lux
  • Утринска светлина 10.760 lux
  • Осветлена соба 3.500 lux
  • Прозор свртен на север 2.000 lux.
Вештачкото осветлување се користи да ја замени или дополни природната светлина. Многу собни билки растат добро под вештачка светлина од флуо-цевки и други специјални ламби и сијалици. Понудата на вакви разноразни ламби е широка. Philips прави ламби под називот "Agro-Lite" , кои се помала варијанта на Gro-Lux (ламба со широк спектар на светлина). На пример, цевките на Philips овозможуваат од 2 до 10 % поголем раст, отколку што овозможуваат други слични решенија (тврдат дека експериментите се потврдени во нивните лаборатории).

Photobucket

Генерално, обичните сијалици и флуо-цевките не се препорачуваат за билки. Ефектот не е потполн и доаѓа до деформација на билките (обично се издолжуваат). Недостатокот на светлина може да се надокнади со продолжување на времето на изложување на вештачка светлина. Шеснаесет часа светлина (8 часа мрак) е доволна за повеќето билки. Пожелно е користење на тајмер за добивање на дневен циклус кој ќе им одговара на билките.

Бидејќи цветањето на многу тропски кактуси (кактуси на кои им е потребно малку светлина) директно зависи од должината на денот, на билките кои растат под вештачка светлина во текот на зимата треба да им се намали времето на осветлување. Тајмерот треба да се подеси, така што ќе бидат во мрак и повеќе од 12 часа дневно. Во спротивно кактусите нема да цветаат.

Извор: CactusInfo

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...