Проектот “Сукулентна градина“ оваа година влезе во својата трета фаза. Градината повеќе не е на терасата, туку во дел од пластеник кој се наоѓа во дворот кај моите во Пехчево. И ова е само привремено решение и доколку имам време до крајот на годината планирам да ја реализирам и четвртата фаза, која подразбира проширување и уредување на посебен простор врз основа на потребите на кактусите и другите сукуленти.
Теренски координатор на проектот е мајка ми и благодарение на нејзината љубов кон нив и грижата која континуирано им ја посветува, кактусите и сукулентите се во одлична кондиција. Кога бев пред три недели, Сулентната градина беше исполнета со цветови од различните видови на Aloe...еве како тоа изгледаше погледнато од различни агли...