11/28/2009

11/24/2009

“Чувствителни“ кактуси

Генерално може да се каже дека сите кактуси се чувствителни, но некои од нив отскокнуваат и се издвојуваат со нивната “чувствителност“...

Photobucket

...во суштина за овој подолу баш и не може да се каже дека е во топ форма :-)

Photobucket

Овие и уште десетина други “чувствителни“ кактуси може да видите овде.

11/20/2009

Подготвени за зимата

Кактусите и другите сукуленти од мојата Сукулентна градина се подготвени за зимата. Пред дестина дена од терасата ги преместив во затворен простор кој не се затоплува, но со оглед на тоа дека следува период на ниски температури имам поставено грејно тело кое ќе се вклучи доколку температурата падне некаде под 5°C.

Photobucket

Наредени се густо поради тоа што му се препуштаат на зимскиот сон, односно, бидејќи се во простор каде нема високи температури, а супстратот им е сув, тие полека престануваат да растат, а тоа значи дека не им е потребна светлина.

Photobucket

Некои од нив сеуште цветаат...

Photobucket

11/18/2009

Прстите на E.T.

Овој сукулент е сличен, речиси идентичен со сортата Hobbit која е порано добиена и поради тоа многу често се случува тие да се помешаат. Разликата помеѓу нив е во тоа што листовите кај Hobbit се завиткани наназад, додека кај Gollum се речиси цилиндрични и изгледаат како цевки поставени во чаша.

Сукулент на денот 322/09 е...

Crassula ovata 'Gollum'

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Crassula
Вид: C. ovata 'Gollum'
Народни имиња: Gollum Jade, Trumpet Jade, Hobbit's Pipe Jade, ET's Fingers, Dollar Plant, Jade Plant, Jade Tree, Money Tree, Finger Jade
Синоними: Crassula portulaceae 'Gollum', Crassula ovata 'Gollum', Crassula 'Argenta', Crassula convoluta, Crassula portulacea, Crassula argentea
Боја на цветот: Бела, розево бела
Сезона на цветање: Крај на есен, почеток на зима
Висина: 30-40 cm

Photobucket

Одгледување:
Овој сулулент е погоден за одгледување во саксии и развивање на бонсаи. Младите билки во текот на една година може дури до четири пати да ја зголемат својата големина. Се догледува во супстрат со добра дренажа, на места изложени на директно сонце или во делумна сенка. Во периодот кога расте, потребно е да се полева редовно, приота треба да се има во предвид дека помеѓу две полевања супстратот треба да се исуши. Во текот на зимските месеци се полева само колку да не му се исушат листовите. Најчеста причина за неуспех во одгледувањето на овој сукулент е претерување со полевањето, затоа внимателно со водата! Во зимскиот период може да издржи и на температури дури и до -6°C.

Photobucket

Размножување:
Најчесто се размножува со режење на гранки и листови, но може да се размножува и со семе и од израстоци.

Надворешен линк: Овде

11/03/2009

Пред зимскиот сон

Вашите кактусите и сукуленти би требало веќе да бидат во затворен простор, подготвени за зимс сон.

Доколку билките ги имате сместено во сува и ладна просторија, во овој период им е потребна само минимална грижа...повеќе за тоа може да прочитате во Календарот за кактусари/ки за ноември и декември.

Photobucket
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...