5/18/2008

Сукуленти

Сукулентите (Succulents) се билки кои имаат повеќе од 60 фамилии и 300 родови. Најпознати сукуленти се кактусите (Cacti, фамилија: Cactaceae). Практично сите кактуси се сукуленти, но иако се одлгледуваат на ист начин, многу сукуленти не се кактуси. Има сукуленти, особено од видот Euphorbia, кои се слчини на некои видови на кактуси, но тоа е само на прв поглед. Најубави и највредни се оние колекции во кои покрај кактуси има и сукуленти.

Сукулентите кои ги одгледуваме потекнуваат во најголем дел од Африка, Јужна и Средна Америка, кои се подрачја со многу сонце и светлина. Сукулентите имаат развиено посебно ткиво во облик на задебелени и набрекнати листови, стебла или корени, како адаптација на условите во кои живеат. На овој начин тие се прилагодиле да растат во услови кои не им одговараат на другите билки. Некои од нив можат да го поднесат и најсилното сонце (Echeveria, Agave, Sedum), додека некои од нив бараат засенување (Haworthia и прекрасните африкански сукуленти).

Сукулентите чиешто име значи сок/сочен, многу долго можат да издржат без вода, дури повеќе и од некои кактуси. Во текот на зимата треба да ги заштитиме од смрзнување. За некои од нив е доволна температура од 5°C (Euphorbia, Haworthia, Crassula), а други сакаат презимување на температура од околу 12°C.

За полевање на сукулентите, како и за кактусите користиме вода од водовод. Таа вода за билките е премногу тврда, затоа треба да се остави да отстои најмалку 24 часа во отворен сад. На ист начин како и кај кактусите, за да се избегнат негативните последици за билките поради тврдата вода, се практикува често менување на супстратот, односно нивно пресадување. Доколку има услови за тоа сукулентите можат да се полеваат со дождовница. И во лето и во зима, водата треба да ја има температура на воздухот. Во зима водата е пожелно да биде неколку степени потопла. Не треба да се полева на сонце и треба да се избегнува да се мократ листовите на сукулентите. Особено тоа е препорачливо за Echeveria-та од чии листови водата многу споро испарува и доколку сонцето набрзо по полевањето изгрее може да дојде до изгореници на листовите.

Според изгледот и начинот каде ја складираат водата сукулентите можат да се поделат во три групи:

Лиснати сукулуленти: Кај нив листовите во целост се составени од ќелии за складирање на вода и се прекриени со фотосинтетичко ткиво.

Примери: Aloe, Haworthia, Lithops, Sempervivum

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Стеблести сукуленти: Имаат меснато стебло кое содржи ќелии за складирање на вода и е прекриено со фотосинтетичко ткиво. Листови речиси воопшто нема, со што е намалена површина од која испарува водата.

Примери: најголемиот број на кактуси, Euphorbia obesa, Stapelia

Photobucket

Photobucket

Коренести сукуленти: Имаат набабрени меснати корени кои водата ја складираат под земјата, далеку од сонцето и гладните животни. Стеблото и листовите често се менуваат и губат за време на сушните периоди.

Примери: Calibanus hookeri, Fockea edulis

Photobucket

Photobucket


Извор: CactusInfo, Svet Biljaka

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...