9/30/2008

Пламена Кети

Сукулент на денот, 274 е...


Потекнува од Мадагаскар и може да се сретнe и како Brilliant Star, Flaming Katy или Christmas Kalanchoe.

Photobucket

Photobucket

До пред некој ден не знаев како се вика, а уште помалку дека е сукулент. Лесно се размножува...во моментов имам едно гранче, кое го чувам во вода...веќе пуштило доста корења...интересно е тоа што покрај корењата во самата вода веќе има и нови израстоци.

Ирена, ќе пламне и твојата Кети повторно! :-)

9/24/2008

Живи камења во Плантас

Сукулентите од родот Lithops, познати и како Живи камења за кои пишував пред некој ден, сега можете да ги купите во Плантас (зад Хубо Реплек Маркетот). Тазе се донесени, ги има од повеќе видови, а цената по која можат да се купат е 150 денари. Освен живи камења може да најдете и неколку видови на Aлое, Echinоcаctus grusonii...кои се малку поскапи.

Photobucket

Мајстории на креативно рекламирање

Силната реклама е најбрзиот начин да се пренесе порака до публиката, а доколку воедно таа е и атрактивна и стане инспирација за другите, тогаш е уште покорисна....меѓу 39те уникатни и екстремно креативни реклами, кои може да ги погледнете доколку кликнете на овој линк, е и оваа реклама на СЕИКО.

Photobucket

9/23/2008

Врвот на Saguaro

Кактус на денот, 267 е...


...џиновски кактус од родот Carnegiea. Потекнува и може да се најде  во  Сонорската пустина во Аризона, сојузните држави Сонора и Баја Калифорнија во Мексико и многу мала област во Калифорнија.

Photobucket

Овој кактус има релативно долг животен век. Некои примероци живеат и по повеќе од 150 години. Најголемиот Saguaro расте во Аризона и е 13, 8 метри висок и  има обем од 3,1 метар. Тежината која може да ја достигне е до 10 тони.

Photobucket

А ако го освоите врвот на Saguaro во период кога цвета, ќе видите несекојдневен букет. Цветот е state flower на Аризона.

Photobucket

9/21/2008

Живи камења

Сукулент на денот, 265 е...

...овојпат тоа е целиот род на сукулентни билки...


Потекнуваат од Африка и најчесто може да се сретнат во Намибија и Јужна Африка. Lithops доаѓа од старогрчките зборови lithos, што значи камен и opsis, што значи лице...што заедно би му дошло нешто како камено лице. Може да се сретнат и како pebble plants или living stones. Повеќе може да прочитате ако кликнете на името погоре...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

9/19/2008

Изложба

Денеска во мојата КАКТУСАРНИЦА изложба на малку пометални кактуси...дела на креативни уметници, инспирирани од кактусот...уживајте!

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

9/16/2008

Тазе кактуси и сукуленти

Во овој период на пазарите и цвеќарниците во Скопје, по втор пат во годината може да се најдат ептен тазе пристигнати кактуси и сукуленти. Вчера поминав на Зелено пазарче и пазарот во Буњаковец...цвеќарскиот дел е збогатен со неколкугодишни кактуси и сукуленти увезени од Холандија. Има интересни примероци со добар квалитет и солидна цена од 130 денари. На истото место може да најдете и поефтини, се разбира тие се помлади или се со послаб квалитет, а и не се тазе. :-)

Како по обичај не си заминав со празни раце, односно ја збогатив мојата збирка со три нови примероци.

Photobucket

Претпоставувам дека тазе донесени кактуси и сукуленти може да се најдат и во цвеќарниците...деновиве ако имам време ќе направам обиколка и ќе Ве информирам.

9/13/2008

Старецот

Кактус на денот, 257 е...


...кој има интересен и несекојдневен изглед и според него може да се сретне и како Old Man Cactus.

Photobucket

Photobucket

9/12/2008

Друштво на љубител(к)и на цвеќето

Не можам добро да видам дали во ова изобилство на цвеќиња има и некоја сукулентна билка...но и да нема, овојпат како поддршка на ова симпатично друштво, правам исклучок...

Photobucket

9/11/2008

Зебра

Сукулент на денот, 255 е...


...кој според изгледот е познат и како Зебра растение.

Photobucket

9/10/2008

Пуст остров

Внимавајте каков кактус ностите со себе на пуст остров...немој после да ми речете дека не сум Ви кажал!

Photobucket

9/09/2008

Фото што ми фати око

Фотографијата е од таму некаде во Болсена, Италија и ептен ми фати око...овојпат не само поради кактусот :-)

Photobucket

9/08/2008

Ќоше

Наташа со растенијата во нејзиниот прекрасен предел, ме поттикна и јас да фотографирам едно ќоше...

Photobucket

...и уште една фотографија како продолжение на ќошето.

Photobucket

9/05/2008

Календар за кактусари/ки: Септември

Бидејќи надвор е сеуште топло и сонцето грее, продолжува растењето на кактусите и другите сукуленти. Некои од нив прецветуваат, а некои сега почнуваат да цветаат.

Ако во втората половина на месецов времето залади, проветрувањето треба да го правите во топлите денови (доколку кактусите ги чувате во затворен простор).

Цветовите кои веќе овенале треба да ги отстраните, бидејќи може да почнат да скапуваат, а трулежот лесно може да се прошири и на телото на билката.

Во топлите денови може уште еднаш да испрскате со фунгицид и инсектицид.

Photobucket

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz

9/03/2008

Долар дрво

Сукулент на денот, 247 е...


која е уште позната и како Долар дрво (поради нејзините меснати, заоблени листови кои потсетуваат на некогашните кованици од еден долар) или Дрво на парите (поради верувањето дека има магична моќ да ги привлече парите)...

Photobucket
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...