7/29/2008

Бебињата имаат боцки

Три недели по сеењето бебињата кактуси одлично напредуваат. Нивниот број се зголеми и веќе се околу 90, а од преостанатите семки и понатаму изртуваат нови.

И во оваа фаза не личат на кактуси, но најголемиот дел од нив веќе ги покажаа првите боцки.

Photobucket

Photobucket

7/24/2008

Ретка можност

Да се види кактус како цвета е дефинтивно ретка можност...а маж да мие садови...!? Еве јас само што си ја измив шољата од кафето што го испив! :-)

Photobucket

7/22/2008

Кактус на денот, 204


Photobucket

Необични специjалитети

Жителите на едно село на југот на Колумбија, во близина на пустината, од неодамна може да купат мармалад, колачи и други специјалитети на база на кактус, растение богато со витамини и со афродизијачки карактеристики.

Џозе Рафаел Маркез потрошил пет години спроведувајќи испитувања и експерименти за да дојде од прехранбените производи од кактус, кои потоа добиле одобрение од колумбиското Министерство за животна средина, пишува весникот „Ел тјемпо“.

- Беше тешко да се најде балансот, да се сфати дека кактусот може да се јаде, но мора да се открие кои видови се отровни, а кои се халуциногени - вели Маркез.

Министерството одобрило нивна комерцијализација зашто станува збор за пионерско користење на ова многу распространето растение во многу региони на земјата. Самоукиот Маркез, кој нема завршено ни основно училиште, вели дека од кактусите успеал да произведе 17 типа продукти, но и шминки и сапуни. Според него, во природата има повеќе од 1.600 вида кактуси богати со витамини, кои може да имаат и афродизијачки својства и да помогнат при слабеењето.

Текстот бил објавен во Дневник во 2006 година.

7/21/2008

Боцнато газе

Се прашувам на што се должи воскликот на оваа млада и згодна дама...на задоволство, болка или можеби комбинација од двете!?

Photobucket

7/20/2008

Сукулент на денот, 202


Сите го викаат кактус, а не е! :-) На оваа слика и не може многу убаво да воочите како изгледа, но не можев да одолеам и да не ја ставам токму оваа. Ако кликнете на линкот ќе имате можност да го видите овој сукулент и од малку поблиску.

Photobucket

7/19/2008

Змијарник

Ако се плашите од змии, најмногу што можат овие “змии“ да Ви направат, е да Ве боцнат!

Photobucket

Photobucket

7/18/2008

Човек кактус

Малку уметност...

Photobucket
Photobucket
Photobucket
...делото е на Paul Orzech, изработено е во бронза и може да се најде во 3 различни големини...од 6", 24" и 46" височина.

Доколку го сакате овој Cactus-Man, во зависност од големината ќе треба да одвоите 220$, односно 2800$, односно 9000$.

Далеку поефтино ќе поминете, доколку си купите вистински кактус! :-)

7/17/2008

Сукулент на денот, 199

Кога ќе имам време или нема да заборавам :-), а со цел да Ви овозможам да ги дознаете имињата на кактусите и другите сукуленти кои ги имате, како Кактус/Сукулент на денот (име, фотографија и линк до страна каде што ќе може да прочитате нешто повеќе за нив) во мојата КАКТУСАРНИЦА ќе имате можност да видите билки кои се најраспростанети и најчесто може да се сретнат.

А Сукулент на денот 17 Јули, 2008, 199-иот ден во годината е...

Sеmpеrvivum tеctоrum 
(многу попознат како Чувар на куќа)

Photobucket

7/15/2008

Кактус на денот, 197

Disоcаctus flagelliformis

Photobucket

Бебиња кактуси

Бидејќи имав среќа да најдам неколку кесички семе од кактуси, во изминатите неколку месеци направив и неколку експерименти. Станува збор за микс на семиња од различни видови на кактуси и немам појма што се ќе излезе од нив. Експериментирам со засејување во различни средини (супстрат, сад, влажност, далбочина на посејување...).

Последниот експеримент го направив пред точно една недела и како што засега се одвиваат работите ќе биде најуспешен. Во однос на предходните и неможам да се пофалам со којзнае какви резултати, но овојпат за само една недела изртеа повеќе од 60% од семињата и сеуште изртуваат нови...што е нормално бидеќи станува збор за микс во кој има различни видови на кои им треба различно време за да изртат.

Супстратот кој го користев е мешавина 50% FLORAFIN-универзален супстрат и 50% многу ситен песок (од речни наноси). Семињата претходно запрашени со фунгицид, се засеани на површината (без затрупување) од супстратот.

Еве како сето тоа изгледа после една недела...има седумдесетина (како што ги нарекува внук ми) бебиња кактуси.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Ќе Ве update-увам во иднина како што ќе напредуваат.

7/13/2008

7/12/2008

Рацветаното Алое на Бонсаи

bonsai има прекрасна збирка на кактуси и сукулeнти...еве неколку погледи кон нив, со фокус на расцветаното Алое.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Благoдарам bonsai!

7/11/2008

Кактусред

Ние имаме дрворед, а Мексиканците имаат кактусред :-)

Photobucket 
Кадар на моторџија на патот од Parras кон Los Muchachos

7/10/2008

Магаренце

Ако си најдете некое вакво магаренце...може да го товарите со неколку кактуси....

Photobucket

...или неколку други сукуленти!

Photobucket

Со кактус против мамурлук

Интересен и одлично срочен текст кој Ви го пренесувам од on.net.
Ако сакате да локате а да не бидете мамурни отпосле - кактусот му е мајката. Екстракт од него (побарајте на цветен пазар: Opuntia ficus indica, го гледате на сликата), значајно ги редуцирал главните симптоми на мамурлукот како што е мачнината, сувата уста и непостојаниот апетит.
Photobucket
Поентата е во тоа што некоја супстанца од тој екстракт предизвикува драстично намалување на количеството на т.н.р. Ц протеин кој организмот го лачи за да се справи со стресот и останатите вонредни состојби кои ги предизвикува прекумерното конзумирање алкохол.

Анти алкохоличарите веднаш се побунија против примена на ова чаре, стравувајќи дека недостатокот од мамурлук (кој му доаѓа нешто како “природна казна“ за алкосите) ќе предизвика општ пораст на употребата на алкохолот.

7/09/2008

Чудо од природата

Најголемиот дел од текстовите на македонски јазик, кои досега успеав да ги најдам се однесуваат на најпознатиот род на сукуленти, Алое, односно на видот Алое Вера. За почеток Ви го пренесувам текстот Чудо од природата, кој го преземам од web страната на Славица Донакова, дистрибутер на Forever Living Products во Македонија.

Што е Алое Вера?

“Чудо од природата” - Алое Вера е растение кое се наоѓа во тропските и суптропските предели, и припаѓа на семејството лилјани, а не на кактуси како што изгледа а и како што ние повеќето го викаме.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Растението е без стебло, со сабјести листови со должина од околу 75-120 см, со светло зелена боја, кои се назапчени по краевите и образуваат форма на ружа во средината, со дршка, на која на врвот се наоѓа цвет во жолта или црвенкаста боја.

Постојат повеќе од 200 видови на Алое, но најкорисно, лековито е Aloë barbadensis Miller (Алое Вера). Името го добива по ботаничарот Милер кој го открил Алоето на островот Барбадос. Алоето се споменува уште во Библијата, а легендата раскажува дека Алоето го користел и Александар Македонски за лекување на своите војници, освојувајќи го островот Сокотра во Индискиот океан каде го имало растението во големи количини.

Комерцијалното име Aloe vera е со латинско потекло и значи “право (вистинско) алое”. Ова име најверојатно е добиено поради големите лековити дејства кои се содржале во големи количини и претежно е користено со голем успех. (Алое Вера е исто така познато и под името Обично Алое, Медицинско Алое, Кинеско Алое, Индиско Алое, Барбадос Алое...)

На плантажите во Јужен Тексас, по долината на реката Rio Grande, садниците се садат во редови оддалечени 60-70 сm една од друга, со што се овозможува модерна и подостапна обработка и берба на листовите и можноста за нивно неоштетување. Работниците рачно ги отсекуваат листовите внимавајки да биде под нивото на гелот, како би се спречило истекувањето, и безбедно да се транспортира до производствените погони. Во Forever Living Products се користат само надворешните листови, а останатите се чекаат да созреат и пораснат до определената големина.

Photobucket

Континуираната употреба на лекарствата доведе до големи контраидикации кај луѓето при лекувањето од многу болести, па затоа корисниците и научниците се вратија кон користење на алтернативната медицина, со што ќе го приближат човекот до што поприроден начин за спречување на појава на многу болести, како и на нивно лекување.

Така доаѓа до откритието на Алое Вера и благодетите што ни ги дава ова растение за подобро здравје. Со стабилизацијата на гелот, кој се наоѓа во внатрешноста на листот, се успеа да се доближи до човекот идентичен гел како свеж откинат од растението.

Photobucket

Photobucket

Повеќе од десетина години се испитуваат лековитите материи што ги содржи Алоето и за среќа на човештвото се откриени повеќе позитивни резултати.

FDA (Food and Drug Administration) Прехрамбената и фармацевтската лабараторија го одобри користењето во лечење на заболувањето на очите, во спортската медицина, стоматологијата и за интерна употреба. При тоа треба да знаеме дека американската FDA е еден од најстрогите институти за контрола на храната и лековите во светот.

Во внатрешноста на листот, се наоѓа гелот кој содржи преку 200 корисни материи. Од тоа:
- витамини (бета каротин, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, и антиоксидантите Ц, Е);
- минерали и олигоелементи, како: фосфор, магнезиум, калиум, натриум, железо, бакар, хлор, манган, хром, цинк;
- моно и полисахариди: целулоза, гликоза, маноза, алдонентоза, алиназа, рамноза, ацеманан;
- шеќери: муко – полисахариди, кои делувааат врз имунолошкиот систем и помагаат за детоксификација;
- од 8 есенцијални аминокиселини содржи 7, а од 14 неесенцијални аминокиселини содржи 11;
- ензими: аналгетик, антифлогистик, имуностимулатор;
- растителни стероли: три видови кои делуваат како моќни антиинфламаторни агенси;
- сапонини: моќни антимикробски ефект против бактерии, вируси, габички и воспаленија како кандида.

Со количеството на корисни витамини и минерали Алоето ја има таа специфика, што кај човечкиот организам делува имуностимулативно. Со почетокот на внесување на Алоето преку дигестивниот трак, помага кај варењето на храната, абсорбција на хранливите материи, витамини и минерали. Го зајакнува имунолошкиот систем во смисла на одбрана од многу болести и го подобрува дејството на лековите во организмот. Го нормализира функционирањето на организмот и целокупниот систем на органите без токсични појави и дополнителни нус појави. Алоето го дополнува во организмот тоа што недостасува со исхраната, делува како имуностимуланс, како антиоксиданс и има специфични дејства кои сегашната медицина не може да ги објасни.

7/08/2008

Оригами кактус

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Еве Ви и дијаграм доколку сакате да се обидете да го направите овој Божиќен кактус...ако прогуглате малку може да најдете дијаграми и за другите.

Photobucket

Модерна фризура

...за девојчиња!

Photobucket

7/07/2008

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...