5/30/2008

Мистерија

Кој ли се сладел со овој кактус!?

Photobucket

Еротска масажа

Ако сликата веќе ја разбуди Вашата љубопитност и желба, вакво задоволство може да си приуштите во Apuane Spa во Four Seasons Resort Punta Minta во Mexico. Станува збор за Hakali масажа, а масирањето се изведува со парчиња од лопатест кактус на кого предходно му се одстранети боцките, во комбинација со алкохол кој се се добива од Агаве и се нарекува pulque.

Кога сме кај агавето, од него се добива уште еден многу попознат алкохолен пијалок, а тоа е текилата.

Photobucket

Се согласувам дека освен разголената девојка која е на сликата, во оваа масажа баш и нема некој еротски момент. Во суштина, Hakali масажата се практикува само за релаксација. :-)
Но, ако преферирате вистинска еротска масажа, еве еден производ на база на кактус и лимон токму за таа намена.

Photobucket

Swede Fruity Love - Cactus/Lime е природен, ароматичен и загревачки лосион за масирање. Лесно се измива и без никаква опасност по Вашето здравје може и да се лиже! :-)

Уживајте!

5/29/2008

Супстрат

Супстратот, односно земјата за кактуси и сукуленти е малку потешка тема. Тоа е така бидејќи различни видови на кактуси и сукуленти бараат и различна содржина на супстратот. Во светот може да се купат и готови мешавини, но за жал кај нас не може да си приуштите такво задоволство или барем јас досега немам сретнато нешто слично низ цвеќарниците во Македонија.
PhotobucketPhotobucket

Сепак за вистинските одгледувачи на кактуси далеку поголемо е задоволството доколку сами да си го подготвуваат супстратот. За целосно да се задоволат потребите на сите кактуси и сукуленти, треба да се направат многу различни супстрати, што не е ни малку практично. Одгледувачите најчесто тоа го решаваат со подготовка на еден “стандарден“ супстрат кој го користат за сите свои билки. Секој подготвен супстрат има свои, и добри и лоши страни. Можат да се најдат многу рецепти, но најважно е Вие да ја пронајдете Вашата формула, односно да направите мешавина која најмногу ќе им одговара на Вашите билки. Најбитно е супстратот да биде водопропустлив, односно исцедлив, бидејќи кактусите не сакаат “мокри нозе“.

Photobucket

Значи, експериментирајте...додавајте, одземајте и не заборавајте да ја запишете формулата! :-)

Пред да започнете со подготвка на Вашиот супстрат, еве неколку рецепти кои мислам дека можат да Ви бидат од корист:

Рецепт 1
1/4 земја од бавча
1/4 хумус
1/4 дробена цигла (максимум до 4-5 mm)
1/8 ситен речен песок
1/8 камчиња (2-5 mm)

Рецепт 2
1/4 ливадска иловица
сосема малку хумус (не повеќе од 2-3%)
1/2 крупен кварцен песок
1/4 стар супстрат

Некои одгледувачи во своите мешавини ставаат и морска пена, перлит, иситнет гранит и слични материјали. Супстратот кој јас во моментов го користам го подготвувам по следниот рецепт:

1/3 земја од бавча збогатна со арско ѓубриво
1/3 FLORAFIN-универзален супстрат, кој може да го најдете во цвеќарниците
1/6 песок со гранулација 2-3 mm
1/6 многу ситен песок (од речни наноси)
сосема малку дробена цигла (стара, полна цигла).

Доколку и Вие имате свој рецепт и сакате да го споделите...повелете, слободно можете да дадете Ваш придонес во збогатување на содржините во мојата КАКТУСАРНИЦА!

5/28/2008

Гумени бомбони

Кактус, пакетче гумени бомбони...несекојдневна креативност...

Photobucket

П.С. Не ги љубам кактусите изналепени со вештачки цветови и слични тракатанци...но ако размислам подобро, ова “уметничко дело“ може да биде и практично...во случајов, нонстоп имате на дофат гумени бомбони ! :-)

5/27/2008

Сличност...случајно или не!?

Секоја сличност на овој кактус со одреден човечки орган е случајна...освен со тој што прв ќе Ви падне на памет!

Photobucket

5/26/2008

Размножување

Дали некогаш сте се запрашале кој е најдобриот начин за успешно размножување на кактусите и другите сукуленти? Најчести начини на размножување се:
- со режење;
- од израстоци;
- од семе.

Добра вест е тоа што кактусите и сукулентите се размножуваат релативно лесно. Поради тешките услови во кои живеат, тие развиле техники на преживување кои им овозможуваат лесно вкоренување. Може да произведете многу млади кактуси или сукуленти од само една билка!

Со режење е лесно да се добие нова билка. Размножувањето на кактусите на овој начин, овозможува добивање на возрасна билка за пократко време отколку што таа би се добила од семе.

Photobucket

Photobucket

Се одрежува дел од здрава билка. Притоа, треба да се користи чист, по можност стерилизиран нож или скалпел. Одрежаните делови треба да се остават да се исушат пред да се засадат. За тоа, во зависност од временските услови и дебелината на одрежаните делови, е потребно од 10 до 45 денови. Раната треба да се залечи, пред да ја засадиме билката. Одрежаните делови треба да се чуваат на темно и топло место, никако директно изложени на сонце. Треба да да се садат во сув супстрат и откако ќе се посадат, не треба да се полеваат во следните 2-3 недели.

Некои кактуси и сукуленти даваат многу млади израстоци. Во тој случај, таквата билка може да се размножи на едноставен начин, со тоа што израстоците ќе се одвојат од примарната билка и ќе се засадат во друга саксија.

Photobucket

Photobucket

Самите израстоци многу често веќе имаат формирано корења и треба само внимателно да се одвојат. Младите израстоци по одвојувањето не треба да се садат барем една недела. Во случај израстокот да нема формирано корен, треба да се остави да се суши се додека не се појават корења. Не треба да се грижите доколку на младиот израсток му недостига храна и вода, бидејќи повеќе ќе му штети ако веднаш го посадите. По садењето билката не треба да се полева во следните десетина дена. Првото полевање по садењето не треба да биде обилно, туку само толку, колку супстратот да биде влажен. Подоцна, треба да се полева дури откако земјата добро ќе се исуши.

Најпредизвикувачкиот начин на размножување на кактуси и сукуленти е со семе. Иако овој начин бара многу труд, со сеење на семе може да добиете голем број на млади и што е уште побитно здрави билки.

Нека Ви се множат!

Извор: CactusInfo

5/23/2008

Freak

Гушкајте, ама не претерувајте! :-)

Photobucket

5/21/2008

Совети за компјутерџии

Јапонските специјалисти советуваат да ставите саксии со кактуси од страните на мониторот. Според нив, тие можат да примат и до 50% од компјутерското зрачење. Резултатите од различни испитувања покажале дека кактусите го освежуваат сувиот воздух и го наситуваат со кислород.

А доколку дома имате и пијано....

Photobucket

Верувам дека веќе почнувате да претпоставувате или да се прашувате, што ли освежуваат и кого наситуваат кактусите на сликата подолу!?

I heart you, #2

No comment!

Photobucket

5/20/2008

Citroën C-Cactus

Дека кактусите делуваат и инспиративно доказ е Citroën C-Cactus претстaвен минатата година на Саемот на автомобили во Франкфурт.

C-Cactus е еколошко возило. Голем дел од неговите составни делови се изработени од рециклирани материјали или материјали кои може да се рециклираат. Токму како и кактусот чиешто име го носи, овој автомобил се одликува со многу мала потрошувачка. Благодарение на HDi хибридниот погон и вкупната маса ограничена на 1306 kg, C-Cactus има потрошувачка од само 3,4 l/100 км и многу мала емисија на CO2.

Photobucket

Photobucket

5/19/2008

I heart you!

Кактусите не само што знаат да сакаат, туку и љубовта што ја чувствуваат ја покажуваат на несекојдневен и оригинален начин...

Photobucket

Календар за кактусари/ки: Мај

Во овој месец кактусите се во полна вегетација. Вегетационите врвови им се сјајни, кај секоја билка се појавуваат нови боцки, а кај многу од нив и цветови. Доколку некоја билка не расте, треба да го прегледате коренот.

Главна потешкотија во овој месец се честите заладувања. Во тие денови мора многу внимателно да ги полевате кактусите, за да не се случи во период на нагло заладување, супстратот да биде многу влажен. Во текот на тие неколку ладни денови и ноќи може да се случи, доколку има претерана влажност на супстратот да изгинат сите млади жили на коренот. Во тој случај билката ќе престане да расте се додека повторно не се обноват корењата, за што е потребно многу време. Секој ден добиен во текот на пролетта, во есен донесува поголем прираст.

Ова е период кога може да се пикираат младите билки израснати од семе. Кога времето е топло може да се изврши и калемење на млади и стари билки. Со оголед на тоа дека поради променливоста на времето ова е период кога можат да се јават болести, билките треба секојдневно да се контролираат и доколку се воочат знаци на габични болести, веднаш да се прскаат со фунгицид. Никогаш не треба да се прска во време кога билките се загреани од сонцето.

Photobucket

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz

5/18/2008

Сукуленти

Сукулентите (Succulents) се билки кои имаат повеќе од 60 фамилии и 300 родови. Најпознати сукуленти се кактусите (Cacti, фамилија: Cactaceae). Практично сите кактуси се сукуленти, но иако се одлгледуваат на ист начин, многу сукуленти не се кактуси. Има сукуленти, особено од видот Euphorbia, кои се слчини на некои видови на кактуси, но тоа е само на прв поглед. Најубави и највредни се оние колекции во кои покрај кактуси има и сукуленти.

Сукулентите кои ги одгледуваме потекнуваат во најголем дел од Африка, Јужна и Средна Америка, кои се подрачја со многу сонце и светлина. Сукулентите имаат развиено посебно ткиво во облик на задебелени и набрекнати листови, стебла или корени, како адаптација на условите во кои живеат. На овој начин тие се прилагодиле да растат во услови кои не им одговараат на другите билки. Некои од нив можат да го поднесат и најсилното сонце (Echeveria, Agave, Sedum), додека некои од нив бараат засенување (Haworthia и прекрасните африкански сукуленти).

Сукулентите чиешто име значи сок/сочен, многу долго можат да издржат без вода, дури повеќе и од некои кактуси. Во текот на зимата треба да ги заштитиме од смрзнување. За некои од нив е доволна температура од 5°C (Euphorbia, Haworthia, Crassula), а други сакаат презимување на температура од околу 12°C.

За полевање на сукулентите, како и за кактусите користиме вода од водовод. Таа вода за билките е премногу тврда, затоа треба да се остави да отстои најмалку 24 часа во отворен сад. На ист начин како и кај кактусите, за да се избегнат негативните последици за билките поради тврдата вода, се практикува често менување на супстратот, односно нивно пресадување. Доколку има услови за тоа сукулентите можат да се полеваат со дождовница. И во лето и во зима, водата треба да ја има температура на воздухот. Во зима водата е пожелно да биде неколку степени потопла. Не треба да се полева на сонце и треба да се избегнува да се мократ листовите на сукулентите. Особено тоа е препорачливо за Echeveria-та од чии листови водата многу споро испарува и доколку сонцето набрзо по полевањето изгрее може да дојде до изгореници на листовите.

Според изгледот и начинот каде ја складираат водата сукулентите можат да се поделат во три групи:

Лиснати сукулуленти: Кај нив листовите во целост се составени од ќелии за складирање на вода и се прекриени со фотосинтетичко ткиво.

Примери: Aloe, Haworthia, Lithops, Sempervivum

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Стеблести сукуленти: Имаат меснато стебло кое содржи ќелии за складирање на вода и е прекриено со фотосинтетичко ткиво. Листови речиси воопшто нема, со што е намалена површина од која испарува водата.

Примери: најголемиот број на кактуси, Euphorbia obesa, Stapelia

Photobucket

Photobucket

Коренести сукуленти: Имаат набабрени меснати корени кои водата ја складираат под земјата, далеку од сонцето и гладните животни. Стеблото и листовите често се менуваат и губат за време на сушните периоди.

Примери: Calibanus hookeri, Fockea edulis

Photobucket

Photobucket


Извор: CactusInfo, Svet Biljaka

5/17/2008

Болести

Кај кактусите и сукулентите се појавуваат неколку видови на болести кои се развиваат во одредени услови. Пред се, тоа се зголемена влажност на земјата и воздухот, како и поволни температури за развивање на болестите. Притоа габите најчесто ги напаѓаат физиолошки послабите билки, оштететни од физички повреди или од напад на инсекти. Поради тоа најдобро е да се спроведат соодветни превентивни мерки, кои пред се, се однесуваат на регулирање на влажноста и температурата. Доколку и покрај превентивните мерки дојде до појава на болести, треба да се интервенира со соодветен фунгицид.

Photobucket

Phytophtora omnivora предизвикува трулежно распаѓање на коренот и базниот дел на кактусот. Оваа болест се шири многу брзо. Кога ќе се примети, болното ткиво заедно со околното здраво ткиво се отстрануваат. Билката потоа треба добро да се засуши, повторно да се засади и залее со раствор Previkur.

Previkur-от е многу ефикасен и за многу габички од родовите Fusarium, Rythium и Rhizotonia, кои најчесто се јавуваат кај мали пикирани билки добиени од семе.

Photobucket

За превентивно полевање се користи раствор од 2,5ml на 1l вода. Доколку веќе дошло до појава на болести треба да се извршат две полевања во период од 3 до 4 дена. Со овој препарат корисно е да се врши превентивно полевање при пресадување на постари билки и задолжително при пикирање на млади билки израснати од семе. Освен овој особено ефикасен препарат, може да се користи Cineb во количина од 30 грама на 10l вода, како и Benomil во количина од 4 до 6 грама на 10l вода. Покрај тоа, овие два препарати, со оглед на тоа дека се во прашкаст облик, може да се измешаат директно во земјата (супстратот), што е интересно за постарите билки. Кај младите билки сепак далеку најсигурен е Previkur-от.

Покрај горенаведените болести, кај кактусите може да се сретне и сивото гниење - Botrytis cinerea. Симптомите се манифестираат во облик на сива покривка, која при допир лесно се претвора во прав. Во овој случај кактусите и другите сукуленти превентивно се третираат со Teldorom, Saprolom, Ronilan-FL или Sumilex 50–FL во концентрации препорачани во упатствтото за употреба.

Извор: CactusInfo

5/16/2008

Полевање

Не постои едноставен рецепт за тоа колку треба да се полеваат кактусите и колку често да се прави тоа. Тоа го одредуваат разновидните фактори на средината во која се наоѓаат, но и други фактори кои ги одредуваат потербите на билките. Тука спаѓаат:

- сезоната;
- климата;
- температурата на воздухот;
- големината на билката;
- вид на земјата (супстратот);
- ветровите.

Меѓутоа имајте на ум дека, за разлика од тоа што другите билки зависат од летните и зимски дождови, ниту кактусите, ниту пак другите сукуленти сакаат влажна земја, односно супстрат кадешто дренажата не е добра.

За време на зимските месеци, кога има малку светлост, кактусите и сукулентите треба да се полеваат само толку колку да не овенат. Ако на кактусите им е обезбедено зимско мирување (температура од 5-8°C или 5-10°C), не треба да се полеваат од ноември до март.

Иако не е тешко да се совлада уметноста на полевање на кактусите, сепак е потребно мало експериментирање и внимателно надгледување. Златно правило е “што помалку, тоа подобро“. Можеби понекогаш билките ќе “патат“ поради недостаток на вода, но нема да угинат. Инаку, кога полевате тоа нека биде обилно. Водата треба да истече од дупките, а тацната треба да се испразни после неколку минути (кактусите не сакаат “мокри нозе“). Ако се полеваат повеќе пати по малку, тоа доведува до неправилен раст. Како што во пролет се зголемува количеството на светлина, така и билките бараат повеќе вода. Меѓутоа, многу е битно да се има во предвид дека земјата треба да се исуши помеѓу две полевања.

Полевањето “капка по капка“ треба да трае од 2-6 часа во зависност од големината на билката. Овој начин на полевање изгледа дека им одговара на кактусите бидејќи не се изложуваат на стрес и растат рамномерно. Постарите билки имаат повеќе место за складирање на вода, такашто треба поретко да се полеваат.

Кактусите кои се штотуку посадени не треба да се полеваат. По пресадувањето билките не треба да се полеваат најмалку една недела, на тој начин им се дава време да ги залечат корењата пред да се изложат на вода.

На повисоки температури потребно е почесто залевање, а на пониски поретко.

Извор: CactusInfo

Креативност

Кактусите ја поттикнуваат Вашата креативна енергија...и не само неа!!!

Photobucket

5/14/2008

Кактуси, основни информации

Според изгледот, кактусите целосно се разликуваат од билките кои се околу нас и на кои сме навикнале. Тие на некој начин делуваат вонземно. Наместо гранки и листови имаат само меснато стебло, а листовите им се преобразени во боцки и влакненца чијашто улога е одбрамбена: од пресилното сонце или животните. Процесот на фотосинтенза се одвива во стеблото. Во зависност од видот, цветаат во различни периоди од годината, но најголем дел од нив цветаат во пролет. Цветовите им траат од неколку часови до 10-12 денови, во зависност од видот.

Photobucket

Секој што ги одгледува или планира да започне со одгледување на кактуси, мора да ги има овие неколку основни информаци.

Важно е да имаме здрави, убави билки, способни за цветање, репродукција и долг живот. Затоа треба да им обезбедиме што пооптимални услови. Особено битни се четири услови за тоа: топлина, количина на светлина, состав на земјата (супстрат) и режим на полевање.

Кактусите сакаат топлина, но најголем дел од нив сепак сакаат благо засенување. Бидејќи им годи престојот на отворен простор, во текот на летото ги изнесуваме надвор, притоа обезбедуваме заштита од дожд, бидејќи поројните дождови можат да го исфрлат супстратот од саксијата. Од друга страна, долготрајните дождови и летните заладувања кои траат повеќе денови, можат штетно да делуваат на нив.

Кактусите не сакаат “мокри нозе“. Супстратот мора да биде водопропустлив, односно исцедлив. Затоа секогаш во супстратот, освен тресет и шумска земја, се додава и околу 30% испран песок и изситнета цигла (1-5 mm). Кактусите ги садиме во мали, плитки, пластични саксии, темносиви (најдобро) или црни. Провидните и белите треба да се избегнуваат. Се разбира, во предвид доаѓаат и керамички или украсни, само да не бидат преголеми. Младите билки ги пресадуваме секоја година, а постарите секоја втора година и тоа во февруари, пред почетокот на вегетацијата, или на крајот на јули, во време на летната стагнација на прирастот.

Пред садењето, билките не ги полеваме 7-8 дена, ги вадиме од старите саксии и го истресуваме стариот супстрат. Оштетените корени ги скратуваме и при повторното садење внимаваме врвовите на корењата да не бидат свртени нагоре. Ако е потребно билките ги пресадуваме во еден број поголеми саксии и тоа само ако бликата ги надраснала надворешните димензии на саксијата. Супстратот благо го притискаме или само ја стресуваме саксијата. Пресадените билки не ги полеваме во следните 5-7 дена.

Во зима кактусите треба да бидат сместени во светли простории со температура од 5-8°C. Ако во текот на зимата кога има сончеви денови, се случи температурата да надмине 15°C, треба да ги отвориме прозорите и да проветриме. Доколку кактусите во текот на зимата престојуваат во простории со температура од 5-8°C, не ги полеваме воопшто од октомври па се до почетокот на март. Доколку кактусите се држат во дневната соба, треба да се приближат до јужниот или источниот прозор и еднаш на 20-30 денови да им додаваме една до две лажици вода за малите, односно половина филџан за големите кактуси. Ако ги полеваме со поголема количина на вода, ќе почнат да растат. Тоа не смее да се дозволи, бидејќи поради недоволната количина на светлина ќе дојде до нивна деформација.

Во пролет кактусите ги будиме со оросување со млака вода, најмалку 2-3 пати во период од еден до два дена, во зависност од температурата, па дури потоа обилно ги полеваме со вода. И оросувањето и полевањето се прават наутро до 9 часот, за да можат билките до крајот на денот да се исушат, а супстратот да се процеди. Пролетните полевања се поретки, на 7-10 денови, летните на 4-7 денови, а во есен повторно се проретчуваат, на 10-15 денови.

Сите билки, па и кактусите имаат период на мирување. За најголем дел од нив, тоа е времето од октомври до март.

Извор: Svet Biljaka

Ако по утрото се познава денот...

...а земајќи го во предвид Вашиот интерес во првите 24 часа од отворањето на КАКТУСАРНИЦАта, можам да констатирам дека, (како што и претпоставив) бројот на љубители на кактуси и другите сукуленти во Македонија е голем.
Верувам дека нивниот број ќе биде уште поголем, бидејќи обично кога некој ќе влезе во светот на кактусарствтото единствениот негов коментар кој може да се чуе, е жалењето што порано не го открил тој свет на неодолива убавина. На мал простор, со мало ангажирање и за кратко време може да се соберат голем број на билки...цело мало богатство, бидејќи кактусите во суштина се мали билки за големи радости.
Photobucket

5/13/2008

Како за почеток

Photobucket

Одамна пред стапнување на првите Европјани на тлото на Новиот свет, кактусите одиграле значајна улога во животот на домордското население. Индијанските племиња го користеле плодот на катусите за различни намени, ги јаделе меките делови на стеблото, ги обработувале дрвенастите делови и во разни цели ги употребувале влакната од кактусите.

Меѓутоа, кактусите имале и друго значење. При религиозните обреди, важен реквизит бил мексиканскиот кактус Echinocactus ingens. Тој служел како олтар, каде на долгите боцки на кактусот била положувана човечка жртва. Некои помали видови на кактуси истотака имале големо религиозно значење и биле употребувани како амајлии, затоа што индијанците верувале во нивната натприродна моќ. Lophophora williamsii, Mammillaria lasiacantha, Ariocarpus fissuratus и други, имале улога на талисмани кои ги носеле луѓето за да ги штитат од громови, болести и други несреќи. Mammillaria lasiacantha се верувало дека го штити и имотот од кражби. Според верувањето, крадецот на работи кои биле под заштита на овој кактус, ќе го стигне казна во форма на лудило. Lophophora williamsii поради своето наркотично дејство бил неизбежен на сите свечености. Модерните хемиски анализи покажале дека тој кактус навистина содржи многу алкалоиди со силно дејство. Според ова, разбирливо е зошто и европските морепловци се заинтересирале за катусите. По враќањето во Европа тие ги носеле со себе како подароци. Некаде се започнало и со нивно одгледување, кое било успешно само со кактусите од видот Opuntia. Овие кактуси брзо се одомаќиниле, најпрво во Шпанија, а потоа се рашириле и по целото Средоземје. Покрај видот Opuntia, биле донесени и кактуси од видот Melocactus, но нивното одгледување не било така успешно.

Вистинското одгледување на катусите започнало во триесетите години од деветнаесетиот век, кога спорите едрлици биле заменети со брзите парабродови. Тогаш се појавуваат и првите собирачи на кактуси, ботаничари-специјалисти со славни колекции, стручна литература, како и соодветни комерцијални организации. Главниот центар на интересирањето за кактусите во тоа време била Франција. Ширењето на првата “кактусарска“ епоха настанала во времето на “бидермаерот“.

По привременото опаѓање на интерсот, кој се случил кон крајот на деветнаесетиот век, се случува нов полет. Овојпат центар била Германија. Следниот период на големо и се посилно интересирање за кактусите е периодот пред Првата светка војна. Пионер на тогашната “кактусарска грозница“ бил чешкиот патник и собирач на кактуси Alberto Vojtěch Frič.

Собирањето на кактуси пред стотина години можеле да си го дозволат само богати луѓе. Во 1840 година се плаќало за увоз на видот Ariocarpus kotschoubeyanus по 200 долари. Тоа било повеќе од тежината на кактусот изразено во злато. Некои видови на кактуси биле поевтини, но сепак биле достапни само за мал бој на луѓе. Дури кога се пристапило кон одгледување на катуси од семе, цените се намалуваат. Порано збирките на кактуси содржеле претежно “увозни“ кактуси, додека денес во најголем дел тоа се кактуси размножени со семе. Тоа е и причината зошто тие денес се толку ефтини.

Интересирањето за одгледување на кактуси во светот е во постојан пораст. Тоа не е само поради нивната убавина, туку и поради можноста да се одгледуваат голем број на билки на мала површина. Причина плус е и тоа што за нивното одгледување може да се искористат прозорците и терасите, каде билките добро растат.

Денес собирањето на кактуси е развиено во невидени размери, не само во Европа, туку и во Јапонија, Северна Америка и во многу други краеви на светот. Насекаде постојат илјадници организирани љубители на кактуси. Неорганизирани ги има уште повеќе.

Во Македонија исто така има голем број на неорганизирани одгледувачи и колекционери на кактуси. Овој Блог го отворив со цел да дадам свој придонес кон нивното организирање и отворање на можност за комуникација помеѓу себе, размена на искуства, информации, знаења, семиња, билки...стекнување на нови пријателства!

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...