-
Јануари
Јануари е месец кога кактусите треба да бидат во мирување. Ако ги чувате во ладна просторија, треба да внимавате температурата да не падне под критичната точка, која за најголем дел од нив се движи од 3 до 5°C. Во деновите кога не е екстремно ладно може да проветрите. (повеќе)
-
Февруари
Ова е месец кога кактусите се сеуште во зимскиот сон. Порано кога се препорачувало да се полеваат, овој месец бил познат како “месец на смртта“ за кактусите. Но сега, доколку ги почитувате современите препораки (да ги оставите Вашите билки да презимат во сув супстрат), таа опасност веќе ја нема. (повеќе)
-
Март
Март е време кога кактусите и другите сукуленти кои ги чувате дома, треба да почете да ги преместувате на места каде што има повеќе сонце или барем поблиску до прозорците. Изложеноста на поголема светлина продуцира поголема топлина, која пак од друга страна го поттикнува развојот на нивниот корен. (повеќе)
-
Април
Со оглед на временските услови кои ги имаме овие денови и она што метеролозите го предвидуваат за периодот што следува, време е Вашите кактуси и други сукуленти да ги пренесете на местата каде што ги чувате во лето (тераса, двор…) (повеќе)
-
Мај
Во овој месец кактусите се во полна вегетација. Вегетационите врвови им се сјајни, кај секоја билка се појавуваат нови боцки, а кај многу од нив и цветови. Доколку некоја билка не расте, треба да го прегледате коренот. (повеќе)
-
Јуни
Доколку имате можност (тераса, двор), а сеуште не сте го направиле тоа, време е да ги наградите Вашите билки со полна сончева светлина и свеж воздух. Јуни е месецот, кога кај дел од кактусите се јавуваат и првите цветови. (повеќе)
-
Јули
Во спарните денови (какви што ги имаме деновиве), освен на нас, прилично им е топло и на кактусите. Доколку ги чувате во затворен простор, треба почесто да проветрувате. Супстратот брзо се суши и затоа треба обилно да ги полевате и тоа навечер кога билките не се премногу загреани. (повеќе)
-
Август
Активностите поврзани со одгледувањето на кактуси и другите сукуленти во овој период и не се разликуваат многу од оние кон крајот на Јули. Половината на Август е последниот рок за калемење на кактусите. (повеќе)
-
Септември
Бидејќи времето е сеуште топло и сонцето грее, продолжува растењето на кактусите и другите сукуленти. Некои од нив прецветуваат, а некои сега почнуваат да цветаат. (повеќе)
-
Октомври
Време е полека кактусите да ги селите под кров. Пред да гo направите тоа, извесно време не треба да ги полевате, односно да ги оставите да им се исуши супстратот. (повеќе)
-
Ноември - Декември
Во овој период од годината кактусите и другите сукуленти би требало веќе да бидат во затворен простор, подготвени за зимски сон. (повеќе)