10/30/2009

Без алата нема заната

Како и засекоја друга работа, така и за размножувањето на кактусите и другите сукуленти е потребен и соодветен алат.

Во суштина не станува збор за неки специјални алатки направени само за таа намена, туку може да се искористат и разни ножеви, ножици...денеска во КАКТУСАРНИЦА една Видео лекција за тие алати и нивното одржување.

10/23/2009

И Читателката е воајер :-)

По подолго време во КАКТУСАРНИЦА повторно актуелна е рубриката Воајер. Овојпат во улогата на дежурен воајер е Читателката.

Таа вели дека каде и да се движи, цвеќињата, а со тоа и кактусите секогаш ги забележува и им се восхитува, а често и ги фотографира. Тоа го направила и кога во некој излог видела убав расцветан примерок на Круна од трње. Од фотографиите кои ми ги испрати издвоив две со кои вечерва го украсив излогот на мојата КАКТУСАРНИЦА.

Благодарам Читателке!

Photobucket

Photobucket

10/20/2009

Гранична ограда

Предмет на мојот денешен пост не се актуелните случувања повразани со границата помеѓу Македонија и Косово, туку таканаречената Гранична ограда или Граничен ѕид (Border fence или Border wall) која ги разграничува Мексико и САД.

Оградата започнала да се гради во 2006 година и сеуште е во фаза на изградба и има за цел да ги спречи илегалните преминувања на границата пред се од Мексико кон САД. Досега се изградени околу 1000 километри. На различни места оградата има различна форма и се изработува од различни материјали...

Photobucket

Photobucket

Во 2007 година Владата на Мексико ја повикала САД да го запре градењето на оградата, повикувајќи се на Извештај кој го подготвиле заедно со стручњаци и екологисти од Мексико и САД, а според кој оградувањето има штетно влијание врз животната средина и живиот свет, односно се доведува во опасност опстанокот на различните екосистеми кои со оградата се разделуваат.

Освен укажувањата во Извештајот биле предложени и мерки за намалување на штетите, каде меѓу другите како една од мерките било предложено наместо оградите кои се градат, да се изградат “живи огради“ од кактуси...

Photobucket

10/18/2009

Цуцла плашилка

Во светот може да се сретнат разно разни иновации, од кои добар дел слободно може да се дефинираат како апсолутно налудничави. Во таа група влегува и оваа цуцла која е дел од 25 иновации на креативни и иновативни германски дечки и девојки.

Photobucket

Секоја иновација е пропратена и со упатство како сами да ја направите.

Photobucket

За жал не успеав да најдам и упатство за употреба, па според тоа не сум на чисто која е нејзината вистинска намена.

10/17/2009

Светлина

Кога кактусите и другите сукуленти ќе се преселат во затворен простор како што е овој период од годината, освен содветна температура и полевање, поребно е да им се задоволат и одредени барања кога е светлината во прашање.

Кои се тие, дознајте преку денешната Видео лекција...


Доколку англискиот јазик ви е неразбирлив, имате можност да изберете и превод на македонски јазик.

10/16/2009

Сите ве сакам

Како сеќавање на Тоше, човекот кој сите ги сакаше, денеска и КАКТУСАРНИЦА Ви покажува малку љубов!

Photobucket

Слава му!

10/15/2009

Мајка на иљадници

Карактеристично за Kalanchoe delagoensis (Каланхое делагоенсис), првиот сукулент во серијалот Кактус/Сукулент на денот во последниот квартал од оваа година, е тоа што вегетативно се размножува како луд преку својот подмладок кој го продуцира на крајот од своите листови. Кога на тоа ќе се додаде и фактот дека може да расте насекаде и во секакви услови, тој е речиси неуништив.

Сукулент на денот 288/09 е...
Kalanchoe delagoensis

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Kalanchoe
Вид: K. delagoensis
Народни имиња: Chandelier plant, Mother of Thousands, Mother of millions
Синоними: Kalanchoe tubiflora, Bryophyllum tubiflorum, Kalanchoe verticillata, Bryophyllum verticillatum, Bryophyllum delagoense, Geaya purpurea, Kalanchoe delagoensis
Потекло: Јужен Мадагаскар
Боја на цветот: Црвена, портокалова
Сезона на цветање: Поради интензивното вегетативно размножување овој сукулент ретко цвета. Цветови кои наликуваат на лустери кај поголеми примероци обично се појавуваат во зимскиот период.
Висина: до 1,8 m

Photobucket

Одгледување:
Овој сукулент не бара никаква посебна грижа...и без воопшто да се грижите за него тој ќе расте, дури и да го фрлите на некое ѓубриште тој ќе продолжи да расте, да се размножува и да цвета. Се разбира дека како и сите други сукуленти и тој сака вода, но во исто време е и многу толерантен на суша. Единствено не толерира смрзнување. Се одгледува во суспстрат кој овозможува добра дренажа, на места изложени на директно сонце или во делумна сенка.

Размножување:
Освен вегетативно може да се размножува и со семе и режење на листови.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

10/14/2009

Заробен фотомодел

Таму некаде на Хаваи еден див кактус не можел да и одолее на оваа црномуреста девојка - фотомодел и ја заробил...

Photobucket

10/13/2009

Време е за преселба

Се остварија прогнозите на метеролозите...после вчерашниот убав сончев ден, денеска се случи драстично намалување на температурите. Доколку вашите кактуси и сукуленти се на отворено, ова е моментот кога треба сериозно да почнете да размислувате за нивно преселување во затворен простор.

Како преодно решение пред сериозно да завладeат зимата и ниските температури, може да ви се најде и некоја ваква мини стаклена градина.

Photobucket

Повеќе за тоа што треба да направите за вашите миленици во овој период од годината, може да прочитате во Календарот за кактусари/ки за месец Октомври.

10/12/2009

Титулата за Баскетот

Изборите поминаа во фер и демократска атмосвера, без никакви нарушувања на изборниот процес. Според вашите гласови титулата Кактус на третиот квартал ја освои Кошаркарската топка која во текот на гласањето постојано беше на врвот, а да бидам искрен беше еден и од моите фаворити.

Photobucket

10/11/2009

Честит празник Македонски народе

Во чест на празникот и почит кон сите оние што учествувале во востанието, денеска во КАКТУСАРНИЦА една ѕвезда петокрака, симболот кој што во 1941 ги обединувал борците и кој и јас гордо го носев кога бев пионер и подоцна кога му служев на народот. :-)

Честит празник, нека ни е вечна Македонија и нека не обединува како што тоа некогаш го правеше ѕвездата!

Photobucket

10/07/2009

Фотеља


Да, да...оваа несекојдневна фотеља е направена од вистински кактуси. Немам идеја зошто некој решил да ја направи, но во секој случај барем мене ми изгледа многу симпатично.
Photobucket

10/06/2009

FreakingNews

Rosie O'Donnell како Princess Cactus Flower...неа и уште многу други познати фаци во слични freak изданија може да ги видите на FreakingNews.com

Photobucket

10/05/2009

Митот за скокачот

Cylindropuntia fulgida е кактус кој потекнува од југозападните делови на САД и северните делови на Мексико. Многу попознат е како Jumping cholla или Jumping cactus. Овие имиња произлегуваат од митот дека доколку му се приближите на овој кактус боцкави израстоци од него почнуваат да скокаат кон вас...дури постојат и некои верувања дека Jumping cactus не е билка, туку животно...

Погледнете го денешното видео и дознајте дали и колку има вистина во сето тоа…

10/04/2009

И да врне и да вее...

Генерално сукулентите најдобро опстојуваат во средини во кои има сонце, светлина, умерена влажност...но има и сукуленти кои без никаков проблем опстојуваат и во услови на ниски температури, врнежи од дожд, снег...

Во таа група спаѓаат претставници на родот Agave, Aeonium...повеќе може да дознаете во денешната Видео лекција која може да ја погледнете подолу...

10/01/2009

Редовни избори

Врз основа на правилникот на КАКТУСАРНИЦА, ги распишувам редовните Избори на Кактус/Сукулент на третиот квартал во 2009 година.

Право на глас имаат сите блогери и гости на Блогерајот.

На гласачкото ливче има шест кандидати. Секој што ќе излезе на овие избори може да гласа само еднаш и притоа да означи најмногу три негови фаворити.

Освен натпреварувачкиот, овие избори имаат и едукативен карактер...преку учеството освен што давате свој придонес некој од Вашите фаворити да ја освои титулата, имате и можност додека ги разгледувате сукулентите-кандидати да научите уште нешто за нив.

Поединечно фотографии и информации поврзани со секој од нив може да видите ако кликнете врз името на гласачкото ливче, а сите одедаш, заедно со досега презентираните кактуси и други сукуленти во серијалот Кактус/Сукулент на денот, ако кликнете овде.

Гласачкото место ќе биде затворено на 10.10.2009 во 23:59 часот!



Кои се Вашите фаворити за Кактус/Сукулент на Третиот квартал во 2009 година? (означете најмногу 3 од понудените)
Кисела смоква
Кикирики
Ориз
Круна од трње
Иглата на Ева
Кошаркарска топка

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...