12/07/2012

Дрво на парите

Има луѓе кои парите си ги чуваат дома, има луѓе кои ги чуваат во банка, некои ги чуваат во новчаник, некои во тегла за шекер, а некои пак нигде не ги чуваат, ги гледаат првите пет дена во месецот и после само се сеќаваат на нив... А оваа убавина која тука ја гледате, решила своите пари да ги чува на себе. :-) Се вика ДРВО НА ПАРИТЕ.

И онака во доверба...не е лошо да го имате дома, сместено во некое мирно и осветлено делче од вашиот дом, па при крај на месецот, онака уморни да ги погледнете неговите листови во форма на доларчиња и да си речете: како и да е, иде први... Добра инвестиција е, верувајте! А којзнае, може и не е само бапска приказната која вели дека ДРВОто НА ПАРИТЕ има магична моќ да носи пари во куќата. Пробајте! :-)

Photobucket

Сочно во десет

Photobucket
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...