1/28/2010

Кактуси освоија рид во Клисура

Пред некој ден случајно налетав на текст на Светлана Дарудова објавен во октомври минатата година во online-изданието на весникот Дневник. Текстот има многу интересена и несекојдневна содржина. Се надевам дека авторот и весникот нема да ми замерат што денес во мојата КАКТУСАРНИЦА пренесувам дел од него.

Photobucket
Љубители на природата од земјава и од странство често доаѓаат да им се восхитуваат на растенијата за кои претходно знаеле дека растат во други краишта во светов, а кај нас само во саксија.

Рид послан со кактуси е природна реткост во демиркапиското село Клисура, која привлекува се' повеќе љубители на природата. Жителите на Клисура велат дека многу често во селото доаѓаат гости од земјава и од странство, кои се восхитуваат на тепихот од џуџести кактуси на ридот. Гостите забележуваат дека за овој вид растенија претходно знаеле оти растат во други делови од земјата, а кај нас само во саксија.
- Добро е што сте се сетиле да напишете за ридот на кактусите - ни рекоа во Демир Капија, каде што прашавме по кој пат се стигнува до Клисура.

Се вози по стариот пат за Гевгелија. Селото Клисура е оддалечено околу шест километри од Демир Капија. До него, за жал, води неасфалтиран пат.

ОДМОР ЗА ОЧИТЕ

Кога стигнавме на вишинката кај селото не' пречека прекрасна глетка. Рид прекриен со тепих од кактуси. Распослани како да се радуваа со посетителите. Ги има многу. Како некој намерно да ги посадил во толку голем број за да ја разубави природата. Човек не знае што е поубаво, дали листовите на кактусите што со својата зелена боја ги одмораат очите или црвените торбички, кои како лампиони ги китат овие растенија. Тие, чиниш, се смешкаат пред објективите на фотоапаратите.
Текстот во целост може да го прочитате овде.

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

1/27/2010

Штетници: Растителни вошки

Расителните вошки се опасни и упорни паразити кои се уништуваат со истрајна и долготрајна борба. Кога еднаш ќе се најдат во колекцијата многу тешко можат да се уништат. Кај кактусите најчесто се среќаваат: кореновите, влакнестите и штитестите вошки.

Коренови вошки. Најчесто ги има на корењата, тоа се ситни (1-2 mm) инсекти со белузлаво–зеленкаста боја, покриена со бели восочни влакненца. Исклучително опасен штетник, кој многу брзо се размножува и раширува во колекцијата. Посебно им одговара сув и ровит, и тресетно–песоклив супстрат. Нападнатите растенија запираат со растење, коренот е преплавен со белузлави творби, венеат (ја губат свежината) и на крај, ако нападот е многу јак потполно го губат коренот и пожолтуваат.

Photobucket

Заштитата оди во две насоки, еколошка и хемиска со употреба на средства за заштита на растенијата.
Еколошка. Кактусот се вади од саксијата, потоа супстратот се отстранува од корењата (ако сеуште ги има) и кактусот се мие со млаз вода (“под чешма“), се остава да се исуши и по 7-10 дена се сади во нов и дезинфициран супстрат. Овој метод иако е еколошки има ограничен–краткотраен ефект и не гарантира 100% успешност.
Хемиска. Употреба на агресивни средства за заштита на растенијата кои нема да остават можност за повторна појава на штетници. Кореновите вошки успешно се уништуваат со употреба на органофосфорни и пиретроидни инсектициди. Заштитата се изведува со прскање, ако нападот е појак и со полевање на кактусите. Прскањето/полевањето се изведува во доцните попладневни часови, за де се избегне оштетување на кактусите и поради еколошкиот ефект врз околината (пчели, бубамари и други корисни инсекти). Јас ги преферирам системичните инсектициди, бидејки обезбедуваат подолготрајна и поцелосна заштита, како на кактусите така и на околината.

Влакнести (волнести) вошки се најчестите штетници кај кактусите. Ситни (2-3 mm) бело влакнести вошки слични на кореновите, но за разлика од нив се наоѓаат повеке по телото на кактусот (на врвот, меѓу ребрата, по аксилите). Зимно време мигрираат кон коренот на кактусот. Како и другите вошки цицаат растителен сок од кактусите и така ги ослабуваат и оштетуваат. При интензивен напад се појавува повеке “медна роса“ по кактусите, која потоа е одлична подлога за појава на секундарни инфекции од габични заболувања кои предизвикуваат гниење.

Photobucket

И овде заштитата оди во две насоки.
Еколошка . Овој метод може да се користи кај поголемите (поробусните) и појаки кактуси како Opuntia, Ferocactus, Echinopsis и некои видови Echinocactus. Кактусите се вадат од супстратот и се прскаат со “јак“ млаз вода по телото, еднаш до два пати дневно, во период од 10 дена. Потоа кактусите се садат во “нова“ дезинфицирана земја–супстрат. И овој метод не гарантира потполна заштита ама е 100% еколошки и ефективен за мали колекции.
Хемиска . Влакнестите вошки успешно се уништуваат со употреба на контактни и системични инсектициди. Заштитата се изведува со прскање, на кактусите. Прскањето се изведува во доцните попладневни часови, за де се избегне високата температура на воздухот која во комбинација со хемискиот препарат може да предизвика оштетување на кактусите, а и поради еколошкиот ефект врз околината (пчели, бубамари и други корисни инсекти).

Штитести вошки. Ги напаѓаат сите видови кактуси. Не се толку опасни, колку истрајни и “досадни“ штетници поради заштитниот штит на грбот, под кој воедно ги чуваат јајцата. Се хранат со цицање–смукање на растителниот сок од кактусите.

Photobucket

Заштитата е еколошка и хемиска.
Еколошка . Значителен успех се постигнува со употреба на парафински маслени препарати (кои, кај нас се ретки или воопшто ги нема). Препаратот се нанесува со помош на baby стапче директно на паразитот, така што се создава тенок маслено-парафински слој преку кој го уништува. Во зависност од градбата на кактусите леснодостапните места се чистат со рака (со чачкалица или врв од нож). Потоа местото се чисти со млаз вода или со многу слаб алкохолен раствор.
Хемиска . Заштитата се изведува со прскање, на кактусите. Поради специфичната градба на телото и начин на исхранана кај штитестите вошки, препорачлива е употреба на системични препарати кои гарантираат успех во сузбивањето на овој штетник.

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

1/26/2010

Крупен кадар

Викендов направив кратка контрола во зимското пребивалиште на моите кактуси и сукуленти. Најголемиот дел од нив се во длабок зимски сон, но има и такви кои поради високите температури кои беа присутни во изминатиот период малку се подразбудиле. Генерално сите се живи, здрави и во добра кондиција, што може да се заклучи и од фотографиите кои ги направив...

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

1/23/2010

Зајачки уши

На почетокот на серијалот Кактус/Сукулент на денот објавував само фотографија и име на билката. Затоа решив да се навратам на тие кактуси и сукуленти и овојпат да ви ги презентирам во проширено и надградено издание.

Навраќањето го започнувам со Opuntia microdasys (Опунција микродасис), кактус која потекнува од Мексико и кој кај народот најчесто е познат како Bunny Ears Cactus.

По втор пат, овојпат како Кактус на денот 23/10 е...

Opuntia microdasys

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Ountia
Вид: O. microdasys
Народнo имe: Bunny Ears, Bunny Ears Cactus, Bunny Cactus, Polka Dot Cactus, Bunny-Ears Prickly-Pear, Angel's Wings, Cegador
Синоними: Cactus microdasys, Opuntia macrocalyx, Opuntia microdasys var. microdasys
Потекло: Мексико
Боја на цветот: Светло жолта, зеленкасто жолта
Сезона на цветање: Средина на пролет
Висина: до 90 cm
Ширина: до 180 cm

Photobucket

Одгледување
Овој кактус е лесен за одгледување. Се одгледува во супстрат со добра дренажа, на места изложени на директно сонце или делумна сенка. Толерира суша, но во периодот кога расте треба да се полева редовно, притоа помеѓу две полевања супстратот треба да се исуши. Во зимскиот период овој кактус ужива на ниски температури од 5-10°C, а во помал временски интервал може да толерира и темератури од -5°C. Во овој период полевањето треба да биде само повремено и во мали количини.

Размножување:
Со режење и многу поретко со семе.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

Освен основниот вид, многу популарни се и често може да се сретнат и неколку други сорти, односно форми на овој кактус, како што се:

Opuntia microdasys f. albata

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Opuntia
Вид: O. microdasys f. albata
Народнo имe: Angora Bunny-Ears, Angels Wings
Синоними: Opuntia microdasys var. albata, Opuntia albata, Opuntia microdasys var. albispina f. albata
Боја на цветот: Светло жолта
Сезона на цветање: Средина на пролет, доцна пролет до рана есен
Висина: 15-30 cm
Ширина: до 30 cm

Opuntia microdasys var. rufida

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Opuntia
Вид: O. microdasys var. rufida
Народнo имe: Cinnamon Cactus
Синоними: Opuntia microdasys var. rufispina
Боја на цветот: Светло жолта, зеленкасто жолта
Сезона на цветање: Средина на пролет, доцна пролет до рана есен
Висина: до 90 cm
Ширина: до 180 cm

Освен како вариетет на Opuntia microdasys, овој кактус може да се сретне и како посебен вид, под името Opuntia rufida. Неговата детална презентација во КАКТИПЕДИЈА, може да ја видите овде.

Opuntia microdasys f. contorta


Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Opuntia
Вид: O. microdasys f. contorta
Народнo имe: Funny Bunny
Синоними: Opuntia microdasys f. cristata, Opuntia microdasys f. mostruosa
Боја на цветот: Светло жолта
Сезона на цветање: Средина на пролет, доцна пролет до рана есен
Висина: до 30 cm
Ширина: до 30 cm

Opuntia microdasys var. pallida

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Opuntia
Вид: O. microdasys var. pallida
Народнo имe: Bunny Ears
Боја на цветот: Светло жолта
Сезона на цветање: Средина на пролет, доцна пролет до рана есен
Висина: до 90 cm
Ширина: до 180 cm

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

1/22/2010

Висока мода

Дизајнот на овие ем високо, ем широко модерни столови со наслов “Prickly Pair Chairs“ е на Valentina Glez Wohlers, која ги направила за Milan Design Week 09.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

1/21/2010

Oasis Cactus Kid

Прва епизода со наслов “Pregnant“ од рекламната кампања на the Coca-Cola Company за својот негазиран пијалок Oasis...

1/19/2010

Шопинг

Среќно семејство кактуси во набавка на супстрат...

Photobucket

1/15/2010

Тигров заб

Aloe juvenna (Алое јувена) е минијатурен сукулент од родот Aloe, од кој најпопуларен вид е Aloе vera. Потекнува од Кенија и е познат како Tiger Tooth Aloe.

Сукулент на денот 14/10 е...

Aloe juvenna

Photobucket

Фамилија: Asphodelaceae
Род: Aloe
Вид: A. juvenna
Народнo имe: Tiger Tooth Aloe
Синоними: Aloe zanzibarica
Потекло: Кенија
Боја на цветот: Црвено портокалова
Сезона на цветање: Потоплите месеци
Висина: 10-30 cm, но може да се сртенат и примероци до 60 cm.

Photobucket

Одгледување:
Се одгледува во супстрат кој има добра дренажа, во блага сенка или на места изложени на директно сонце. Во летниот период, поради силните сончевите зраци, листовите добиваат црвенкасата боја. Иако толерира суша, особено во летниот период треба да се полева редовно. Во зимскиот период супстратот се одржува сув. Минималната темература на која треба да се чива во текот на зимата е 10°C. Може да толерира и пониски температури, но треба да се избегнува секаква можност за изложување на теператури под 0°C.

Размножување:
Со режење, израстоци и ретко со семе.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

1/14/2010

Мирување

Јануари е месец кога кактусите треба да бидат во мирување. Ако ги чувате во ладна просторија, треба да внимавате температурата да не падне под критичната точка, која за најголем дел од нив се движи од 3 до 5°C. Во деновите кога не е екстремно ладно може да проветрите.

Повеќе може да прочитате во Календарот за кактусари/ки: Јануари.

Photobucket

Среќна Стара Нова Година

...честито име и слава на сите кои денес слават...

...и среќен роденден на сестра ми!

Photobucket

1/11/2010

Победникот

Последните редовни Избори во КАКТУСАРНИЦА за 2009 година завршија.

Според Вашите гласови победник и носител на титулата Сукулент на четвртиот квартал во 2009 година е Мајка на иљадници.

Photobucket

1/06/2010

Коледе леде...

...денес е Бадник, утре е Божиќ...

...ова е и период кога Божиќниот кактус со своите цветови во разни бои, естетски ја збогатува празничната атмосвера...

Photobucket

За многу години! Среќни празници на сите православни христијани!

1/04/2010

Прво па машко

Бидејќи е прво, го личи да биде машко...

Photobucket
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...