12/29/2009

Последни избори

На само два дена и неколку часа пред крајот на 2009 го отварам гласачкото место за последните редовни Избори за оваа година. Избираме Кактус/Сукулент на четвртиот квартал во 2009 година. Победникот заедно со победниците од предходните три квартали влегува во конкуренција за Кактус/Сукулент на 2009 година.

Како и досега, право на глас имаат сите блогери и гости на Блогерајот. На гласачкото ливче има четири кандидати. Секој што ќе излезе на овие избори може да гласа само еднаш и притоа да означи најмногу три од предложените кандидати.

Освен натпреварувачкиот, овие избори имаат и едукативен карактер...освен што давате свој придонес некој од Вашите фаворити да ја освои титулата, имате и можност додека ги разгледувате сукулентите-кандидати да научите уште по нешто за нив.

Поединечно фотографии и информации поврзани со секој од нив може да видите ако кликнете врз името на “гласачкото ливче“, а сите одедаш, заедно со досега презентираните кактуси и други сукуленти во серијалот Кактус/Сукулент на денот, ако кликнете овде.

Гласачкото место ќе биде затворено на 08.01.2010 во 23:59 часот!

После миграцијата “гласачкото ливче“ овде не е функционално, затоа доколку сакате да гласате тоа може да го направите ако кликнете овде!



Кои се Вашите фаворити за Кактус/Сукулент на Четвртиот квартал во 2009 година? (означете најмалку 1, а најмногу 3 од понудените)


Јаболко
Синџир за часовник
Прстите на E.T.
Мајка на иљадници

12/26/2009

СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

Празниците веќе започнаа, се одбројуваат и последните денови и часови од годината, се сумираат достигнувањата и промашувањата во неа, се подготвуваат листите на желби за остварување во новата...

Photobucket

Ви посакувам Среќни празници, многу здравје, љубов и среќа во 2010 година!

12/15/2009

Јаболко

Cereus repandus (Цереус репандус) е џиновски катус кој потекнува од Јужна Америка. Има црвени плодови. Тие многу наликуваат на плодовите на Индиска смоква и истотака се јадат и тоа како свежо набрани.

Кактус на денот 349/09 е…

Cereus repandus




Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Cereus
Вид: C. repandus
Народни имиња: Apple Cactus, Peruvian Apple, Hedge Cactus, Peruvian Tree Cactus, Giant Club Cactus, може да се сретне и како Dildo Tree
Синоними: Pilocereus russelianus ssp. margaritensis, Subpilocereus remolinensis, Pilocereus remolinensis, Cephalocereus remolinensis, Cereus remolinensis, Piptanthocereus peruvianus, Cereus peruvianus, Subpilocereus repandus ssp. micracanthus, Subpilocereus russelianus var. margaritensis, Subpilocereus margaritensis, Cactus repandus, Cereus margaritensis var. micracanthus, Cereus margaritensis, Pilocereus repandus, Subpilocereus repandus, Cereus grenadensis, Subpilocereus atroviridis, Pilocereus atroviridis, Cephalocereus atroviridis, Subpilocereus grenadensis, Cereus atroviridis
Потекло: Јужна Америка
Боја на цветот: Бела, бледо розева
Сезона на цветање: Крај на пролет до почеток на есен
Висина: 10 m
Дијаметар: 10-20 cm

Photobucket

Одгледување:
Се одгледува на места изложени на директно сонце, во супстрат за кактуси кој обезбедува добра дренажа. Има просечна потреба за вода, толерира суша, но најдобро е во периодот кога расте да се полева редовно. Приота треба да се внимава да не се претера со водата, осносно супстратот помеѓу две полевања треба се остави да се исуши. Отпорен е на многу високи темератури, а во зимскиот период може преживее и на температури до -6°C.

Photobucket

Размножување:
Со семе и со режење.


Надворешен линк: Овде
 
Освен основниот вид, подеднакво интересни и доста распространети се и уште неколку други сорти и форми на овој кактус, како што се...

Cereus repandus f. monstrosa

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род:
Cereus
Вид:
C. repandus f. monstrosa
Синоними:
Cactus peruvianus f. monstrosa, Cereus peruvianus f. monstrosa, Cereus horribarbis, Cereus peruvianus
Боја на цветот:
Бела
Висина:
3-3,6 m

Cereus repandus 'Monstrosus Minor Cristate'

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род:
Cereus
Вид:
Cereus repandus 'Monstrosus Minor Cristate'
Синоними: Cereus peruvianus f. monstrose cristate, Cereus repandus f. monstrosus minor cristate
Висина:
15-45 cm

Cereus repandus f. monstrose cristate 'Camelot'

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род:
Cereus
Вид:
C. repandus f. monstrose cristate 'Camelot'
Синоним:
Cereus peruvianus f. monstrose cristate
Висина:
30-90 cm

Cereus repandus f. monstrose cristate 'Petra'

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род:
Cereus
Вид:
C. repandus f. monstrose cristate 'Petra'
Синоними:
Cereus peruvianus, Cereus peruvianus f. monstrose cristate
Висина:
15-45 cm

12/10/2009

Картонска уметност

Кактусите восхитуваат дури и кога се од картон...


Photobucket

12/08/2009

Џинот стар 165 години

Saguaro (Carnegiea gigantea) е џиновски кактус од родот Carnegiea. Потекнува и може да се најде во Сонорската пустина во Аризона, сојузните држави Сонора и Баја Калифорнија во Мексико и многу мала област во Калифорнија.
Во денешното видео имате можност да видите еден таков џин кој се наоѓа во градина таму некаде во Аризона и кој е стар цели 165 години.

12/07/2009

Грип

Грипот не ги одминува ниту катусите...само што како превенција, заштита и лекување за разлика од нас, во овој период не треба да внесуваат многу течности :-)

Photobucket
Во продолжение Ви пренесувам неколку совети за превенција и заштита од грипот од типот A (H1N1), односно таканаречениот свински грип:

  • Мијте ги рацете редовно
  • Спијте доволно
  • Внесувајте многу течности
  • Внесувајте храна која го покачува имунитетот
  • Избегнувајте алкохол
  • Одржувајте се физички активни
  • Внимавајте кога сте во гужва (со рацете не допирајте го вашето лице)
  • Избегнувајте контакт со болни луѓе
  • Запознајте се подобро со грипот и бидете спремни кога е време да побарате помош
  • Не дозволувајте стравот од свинскиот грип да ви го одземе паметот
  • Немојте да пиете тамифлу како превенција - тоа може да ве направи имуни на лекот
  • Носете маски кога сте меѓу луѓе
  • Користете гел за дезинфекција на раце (можете да го најдете во било која аптека)

12/03/2009

Синџир за часовник

Crassula muscosa (Красула мускоза) е уште еден од сукулент од фамилијата Crassulaceae, односно од родот Crassula. Станува збор за растение во форма на грмушка со стебла кои се речиси скриени од малите листови кои се густо наредени по нив.

Сукулент на денот 337/09 е...

Crassula muscosa

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Crassula
Вид: C. muscosa
Народни имиња: Watch Chain, Watch Chain Plant, Princess Pine, Lizard's Tail, Rattail Crassula, Clubmoss Crassula
Синоним: Crassula lycopodioides
Потекло: Јужна Африка, Намибија, Лесото
Боја на цветот: Жолто зелена
Сезона на цветање: Зима/лето
Висина: 15-30 cm

Photobucket

Одгледување:
Се одгледува на места изложени на директно сонце или во блага сенка, во супстрат со добра дренажа. Иако овој сукулент може да толерира и суша, препорачливо е редовно да се полева, притоа супстратот треба да се исуши помеѓу две полевања. Полевањето во зимскиот период треба да биде само повремено и во мали количини. Во помал временски интервал толерира температури и до -6°C.

Photobucket

Размножување:
Со семе и режење на гранки од стеблото.

Надворешен линк: Овде

Освен основниот вид може да се сретнат и други сорти на овој сукулент...

Crassula muscosa var. cristata

Photobucket


Фамилија: Crassulaceae
Род: Crassula
Вид: C. muscosa var. cristata

Crassula muscosa var. variegata

Photobucket 

Фамилија: Crassulaceae
Род: Crassula
Вид: C. muscosa var. variegata

11/28/2009

11/24/2009

“Чувствителни“ кактуси

Генерално може да се каже дека сите кактуси се чувствителни, но некои од нив отскокнуваат и се издвојуваат со нивната “чувствителност“...

Photobucket

...во суштина за овој подолу баш и не може да се каже дека е во топ форма :-)

Photobucket

Овие и уште десетина други “чувствителни“ кактуси може да видите овде.

11/20/2009

Подготвени за зимата

Кактусите и другите сукуленти од мојата Сукулентна градина се подготвени за зимата. Пред дестина дена од терасата ги преместив во затворен простор кој не се затоплува, но со оглед на тоа дека следува период на ниски температури имам поставено грејно тело кое ќе се вклучи доколку температурата падне некаде под 5°C.

Photobucket

Наредени се густо поради тоа што му се препуштаат на зимскиот сон, односно, бидејќи се во простор каде нема високи температури, а супстратот им е сув, тие полека престануваат да растат, а тоа значи дека не им е потребна светлина.

Photobucket

Некои од нив сеуште цветаат...

Photobucket

11/18/2009

Прстите на E.T.

Овој сукулент е сличен, речиси идентичен со сортата Hobbit која е порано добиена и поради тоа многу често се случува тие да се помешаат. Разликата помеѓу нив е во тоа што листовите кај Hobbit се завиткани наназад, додека кај Gollum се речиси цилиндрични и изгледаат како цевки поставени во чаша.

Сукулент на денот 322/09 е...

Crassula ovata 'Gollum'

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Crassula
Вид: C. ovata 'Gollum'
Народни имиња: Gollum Jade, Trumpet Jade, Hobbit's Pipe Jade, ET's Fingers, Dollar Plant, Jade Plant, Jade Tree, Money Tree, Finger Jade
Синоними: Crassula portulaceae 'Gollum', Crassula ovata 'Gollum', Crassula 'Argenta', Crassula convoluta, Crassula portulacea, Crassula argentea
Боја на цветот: Бела, розево бела
Сезона на цветање: Крај на есен, почеток на зима
Висина: 30-40 cm

Photobucket

Одгледување:
Овој сулулент е погоден за одгледување во саксии и развивање на бонсаи. Младите билки во текот на една година може дури до четири пати да ја зголемат својата големина. Се догледува во супстрат со добра дренажа, на места изложени на директно сонце или во делумна сенка. Во периодот кога расте, потребно е да се полева редовно, приота треба да се има во предвид дека помеѓу две полевања супстратот треба да се исуши. Во текот на зимските месеци се полева само колку да не му се исушат листовите. Најчеста причина за неуспех во одгледувањето на овој сукулент е претерување со полевањето, затоа внимателно со водата! Во зимскиот период може да издржи и на температури дури и до -6°C.

Photobucket

Размножување:
Најчесто се размножува со режење на гранки и листови, но може да се размножува и со семе и од израстоци.

Надворешен линк: Овде

11/03/2009

Пред зимскиот сон

Вашите кактусите и сукуленти би требало веќе да бидат во затворен простор, подготвени за зимс сон.

Доколку билките ги имате сместено во сува и ладна просторија, во овој период им е потребна само минимална грижа...повеќе за тоа може да прочитате во Календарот за кактусари/ки за ноември и декември.

Photobucket

10/30/2009

Без алата нема заната

Како и засекоја друга работа, така и за размножувањето на кактусите и другите сукуленти е потребен и соодветен алат.

Во суштина не станува збор за неки специјални алатки направени само за таа намена, туку може да се искористат и разни ножеви, ножици...денеска во КАКТУСАРНИЦА една Видео лекција за тие алати и нивното одржување.

10/23/2009

И Читателката е воајер :-)

По подолго време во КАКТУСАРНИЦА повторно актуелна е рубриката Воајер. Овојпат во улогата на дежурен воајер е Читателката.

Таа вели дека каде и да се движи, цвеќињата, а со тоа и кактусите секогаш ги забележува и им се восхитува, а често и ги фотографира. Тоа го направила и кога во некој излог видела убав расцветан примерок на Круна од трње. Од фотографиите кои ми ги испрати издвоив две со кои вечерва го украсив излогот на мојата КАКТУСАРНИЦА.

Благодарам Читателке!

Photobucket

Photobucket

10/20/2009

Гранична ограда

Предмет на мојот денешен пост не се актуелните случувања повразани со границата помеѓу Македонија и Косово, туку таканаречената Гранична ограда или Граничен ѕид (Border fence или Border wall) која ги разграничува Мексико и САД.

Оградата започнала да се гради во 2006 година и сеуште е во фаза на изградба и има за цел да ги спречи илегалните преминувања на границата пред се од Мексико кон САД. Досега се изградени околу 1000 километри. На различни места оградата има различна форма и се изработува од различни материјали...

Photobucket

Photobucket

Во 2007 година Владата на Мексико ја повикала САД да го запре градењето на оградата, повикувајќи се на Извештај кој го подготвиле заедно со стручњаци и екологисти од Мексико и САД, а според кој оградувањето има штетно влијание врз животната средина и живиот свет, односно се доведува во опасност опстанокот на различните екосистеми кои со оградата се разделуваат.

Освен укажувањата во Извештајот биле предложени и мерки за намалување на штетите, каде меѓу другите како една од мерките било предложено наместо оградите кои се градат, да се изградат “живи огради“ од кактуси...

Photobucket

10/18/2009

Цуцла плашилка

Во светот може да се сретнат разно разни иновации, од кои добар дел слободно може да се дефинираат како апсолутно налудничави. Во таа група влегува и оваа цуцла која е дел од 25 иновации на креативни и иновативни германски дечки и девојки.

Photobucket

Секоја иновација е пропратена и со упатство како сами да ја направите.

Photobucket

За жал не успеав да најдам и упатство за употреба, па според тоа не сум на чисто која е нејзината вистинска намена.

10/17/2009

Светлина

Кога кактусите и другите сукуленти ќе се преселат во затворен простор како што е овој период од годината, освен содветна температура и полевање, поребно е да им се задоволат и одредени барања кога е светлината во прашање.

Кои се тие, дознајте преку денешната Видео лекција...


Доколку англискиот јазик ви е неразбирлив, имате можност да изберете и превод на македонски јазик.

10/16/2009

Сите ве сакам

Како сеќавање на Тоше, човекот кој сите ги сакаше, денеска и КАКТУСАРНИЦА Ви покажува малку љубов!

Photobucket

Слава му!

10/15/2009

Мајка на иљадници

Карактеристично за Kalanchoe delagoensis (Каланхое делагоенсис), првиот сукулент во серијалот Кактус/Сукулент на денот во последниот квартал од оваа година, е тоа што вегетативно се размножува како луд преку својот подмладок кој го продуцира на крајот од своите листови. Кога на тоа ќе се додаде и фактот дека може да расте насекаде и во секакви услови, тој е речиси неуништив.

Сукулент на денот 288/09 е...
Kalanchoe delagoensis

Photobucket

Фамилија: Crassulaceae
Род: Kalanchoe
Вид: K. delagoensis
Народни имиња: Chandelier plant, Mother of Thousands, Mother of millions
Синоними: Kalanchoe tubiflora, Bryophyllum tubiflorum, Kalanchoe verticillata, Bryophyllum verticillatum, Bryophyllum delagoense, Geaya purpurea, Kalanchoe delagoensis
Потекло: Јужен Мадагаскар
Боја на цветот: Црвена, портокалова
Сезона на цветање: Поради интензивното вегетативно размножување овој сукулент ретко цвета. Цветови кои наликуваат на лустери кај поголеми примероци обично се појавуваат во зимскиот период.
Висина: до 1,8 m

Photobucket

Одгледување:
Овој сукулент не бара никаква посебна грижа...и без воопшто да се грижите за него тој ќе расте, дури и да го фрлите на некое ѓубриште тој ќе продолжи да расте, да се размножува и да цвета. Се разбира дека како и сите други сукуленти и тој сака вода, но во исто време е и многу толерантен на суша. Единствено не толерира смрзнување. Се одгледува во суспстрат кој овозможува добра дренажа, на места изложени на директно сонце или во делумна сенка.

Размножување:
Освен вегетативно може да се размножува и со семе и режење на листови.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

10/14/2009

Заробен фотомодел

Таму некаде на Хаваи еден див кактус не можел да и одолее на оваа црномуреста девојка - фотомодел и ја заробил...

Photobucket

10/13/2009

Време е за преселба

Се остварија прогнозите на метеролозите...после вчерашниот убав сончев ден, денеска се случи драстично намалување на температурите. Доколку вашите кактуси и сукуленти се на отворено, ова е моментот кога треба сериозно да почнете да размислувате за нивно преселување во затворен простор.

Како преодно решение пред сериозно да завладeат зимата и ниските температури, може да ви се најде и некоја ваква мини стаклена градина.

Photobucket

Повеќе за тоа што треба да направите за вашите миленици во овој период од годината, може да прочитате во Календарот за кактусари/ки за месец Октомври.

10/12/2009

Титулата за Баскетот

Изборите поминаа во фер и демократска атмосвера, без никакви нарушувања на изборниот процес. Според вашите гласови титулата Кактус на третиот квартал ја освои Кошаркарската топка која во текот на гласањето постојано беше на врвот, а да бидам искрен беше еден и од моите фаворити.

Photobucket

10/11/2009

Честит празник Македонски народе

Во чест на празникот и почит кон сите оние што учествувале во востанието, денеска во КАКТУСАРНИЦА една ѕвезда петокрака, симболот кој што во 1941 ги обединувал борците и кој и јас гордо го носев кога бев пионер и подоцна кога му служев на народот. :-)

Честит празник, нека ни е вечна Македонија и нека не обединува како што тоа некогаш го правеше ѕвездата!

Photobucket

10/07/2009

Фотеља


Да, да...оваа несекојдневна фотеља е направена од вистински кактуси. Немам идеја зошто некој решил да ја направи, но во секој случај барем мене ми изгледа многу симпатично.
Photobucket

10/06/2009

FreakingNews

Rosie O'Donnell како Princess Cactus Flower...неа и уште многу други познати фаци во слични freak изданија може да ги видите на FreakingNews.com

Photobucket

10/05/2009

Митот за скокачот

Cylindropuntia fulgida е кактус кој потекнува од југозападните делови на САД и северните делови на Мексико. Многу попознат е како Jumping cholla или Jumping cactus. Овие имиња произлегуваат од митот дека доколку му се приближите на овој кактус боцкави израстоци од него почнуваат да скокаат кон вас...дури постојат и некои верувања дека Jumping cactus не е билка, туку животно...

Погледнете го денешното видео и дознајте дали и колку има вистина во сето тоа…

10/04/2009

И да врне и да вее...

Генерално сукулентите најдобро опстојуваат во средини во кои има сонце, светлина, умерена влажност...но има и сукуленти кои без никаков проблем опстојуваат и во услови на ниски температури, врнежи од дожд, снег...

Во таа група спаѓаат претставници на родот Agave, Aeonium...повеќе може да дознаете во денешната Видео лекција која може да ја погледнете подолу...

10/01/2009

Редовни избори

Врз основа на правилникот на КАКТУСАРНИЦА, ги распишувам редовните Избори на Кактус/Сукулент на третиот квартал во 2009 година.

Право на глас имаат сите блогери и гости на Блогерајот.

На гласачкото ливче има шест кандидати. Секој што ќе излезе на овие избори може да гласа само еднаш и притоа да означи најмногу три негови фаворити.

Освен натпреварувачкиот, овие избори имаат и едукативен карактер...преку учеството освен што давате свој придонес некој од Вашите фаворити да ја освои титулата, имате и можност додека ги разгледувате сукулентите-кандидати да научите уште нешто за нив.

Поединечно фотографии и информации поврзани со секој од нив може да видите ако кликнете врз името на гласачкото ливче, а сите одедаш, заедно со досега презентираните кактуси и други сукуленти во серијалот Кактус/Сукулент на денот, ако кликнете овде.

Гласачкото место ќе биде затворено на 10.10.2009 во 23:59 часот!



Кои се Вашите фаворити за Кактус/Сукулент на Третиот квартал во 2009 година? (означете најмногу 3 од понудените)
Кисела смоква
Кикирики
Ориз
Круна од трње
Иглата на Ева
Кошаркарска топка

9/22/2009

Кловнот

....и неговиот долг и (из)дигнат кактус :-)

Photobucket

9/21/2009

Фарма

Сукулентите можат да растат било каде ако им обезбедите минимални услови, со нив може да креирате сукулентини градини кои ќе ги красат Вашите дворови, станови, канцеларии...дека е тоа така ќе се уверите и нешто повеќе ќе научите ако прошетате низ Cornell фармата на сукуленти...

9/20/2009

Кактагал

Немам информации дали зборува, но со сигурност можам да кажам дека боцка :-)

Photobucket

9/19/2009

Чипка

Освен Echinopsis-от кој имавте можност да го видите пред дестина дена, оваа година го уловив и првото расцветување на една Aloe aristata, сукулент кој е познат и како Torch Plant и Lace Aloe.
Денеска во мојата КАКТУСАРНИЦА со Вас споделувам фотографии направени во период од петнаесетина дена, од моментот на појавување на цветот, до мометот кога е во полна зрелост....

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...