3/29/2010

Кактусите и светлината

На повеќето кактуси светлината им е потребна колку што е можно повеќе. На другите им треба нешто помалку (но сеуште повеќе отколку на другите билки). Има и такви кои не бараат многу светлина.

Кактуси кои бараат најмногу светлина (ставете ги директно на сончева светлина, што повеќе тоа подобро) се повеќето видови од родовите Parodia (Notocactus), Obregonia, Astrophytum, Pilosocereus (Pilocereus), Myrtillocactus, Ariocarpus, Ferocactus и некои видови од родот Mammillaria. Во оваа категорија на кактуси влегуваат и Saguaro (Carnegia gigantea) и Prickly pear (Opuntia ficus - indica) кои истотака можат да бидат потполно изложени на сончева светлина. Кактусите со многу боцки, тврда дебела кожа (кора) и кактуси со сино или бело тело истотака се дел од оваа категорија.

Во категоријата на кактуси кои бараат помалку светлина, спаѓаат кактусите од родовите Disocactus (Aporocactus) и Echinopsis (Chamaecerus), некои од родот Gymnocalycium и слични на нив. Овие кактуси може да ги ставите на прозор, но препорачливо е да се заштитат од директна сончева светлина (со некоја фолија или слично).

Photobucket

Кактуси кои не бараат многу светлина се лиснати кактуси кои растат во дождовните шуми (сончевата светлина може да ги убие). Овие кактуси најдобро е да се чуваат во затворен простор, подалеку од сонцето.

Многу важно: кога ги полевате или оросувате вашите кактуси и сукуленти, правете го тоа по залезот на сонцето, бидејќи капките се однесуваат како сочива и можат (да ги изгорат) да предизвикаат оштетување на билките.

Извор: CactusInfo

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...