7/30/2009

10.000 посети

Според sitemeter.com, КАКТУСАРНИЦА од отворањето на 13.05.2008 година до овој момент има точно 10.000 посети и 31.803 отварања.

Photobucket

Воајерот повторно во акција

Мојата воајерска активност продолжува...овојпат цел на објективот на мојот фотоапарат беа два прозори во Карпош 1...

Photobucket

...на кои имаше неколку сукуленти од родот Алое.

Photobucket

И тука не застанав...дестинација за следната моја акција беше Струмица каде наидов на две симпатични тераси...

Photobucket

...со по неколку кактуси и други сукуленти.

Photobucket

7/28/2009

Иглата на Ева

Денеска ѕвезда на КАКТУСАРНИЦА е еден кактус кој потекнува од повисоките делови на Еквадор и Перу, а тој и неколку негови подвидови можат да се сретнат и кај љубителите на кактуси и на овие наши простори.

Кактус на денот 209/09 е...

Austrocylindropuntia subulata

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Austrocylindropuntia
Вид: A. subulata
Народнo имe: Eve's Needle, Eve's Needle Cactus, Eve's Pin Cactus, Cane Cholla
Синоними: Opuntia subulata, Opuntia segethii, Maihueniopsis subulata, Opuntia exaltata, Cylindropuntia subulata, Cylindropuntia exaltata, Austrocylindropuntia exaltata, Pereskia subulata, Maihueniopsis exaltata
Потекло: Повисоките делови на Еквадор и Перу
Боја на цветот: Црвена
Сезона на цветање: Цвета многу ретко
Висина: до 4 m

Photobucket

Одгледување:
Овој кактус се одгледува во супстрат со добра дренажа, на места директно изложени на сонце или во блага сенка. Треба да се полева редовно, со напомена дека помеѓу две полевања супстратот треба да се исуши. Редовното полевање придонесува листовите да не му опаѓаат. Во текот на зимските месеци полевањето се намалува, односно се полева само колку да се заштитат листовите од опаѓање. Во тој период препорачливо е да се чува на температура од околку 10°C, може да толерира и пониски температури, но притоа може да дојде до оштетување на листовите.

Photobucket

Photobucket

Размножување:
Лесно се размножува со режење и израстоци, се размоножува и со семе (кога го има).

Надворешен линк: Овде

7/25/2009

Добар улов

За добар улов предулов е стрпливост и чекање. Bonsai чекал повеќе од еден месец, но чекањето се исплатело, уловот бил повеќе од добар...во кадарот на фотоапаратот фатил прекрасен цвет кој бил отворен само неколку часови.

Photobucket

Photobucket

Стрпливоста е и моја доблест и често можам да се пофалам со добар улов. Од мојата ловечка активност во оваа година особено сум горд на расцветувањето кое го уловив пред околу две недели.

Photobucket

Photobucket

Повеќе фотографии од овие две ловечки приказни може да видите на групата КАКТУСАРНИЦА на Facebook.

7/21/2009

Пиво-фест

Според информациите кои ги пренесе дневниот весник Вест, во саботата гаќите на Севе го запалија Прилеп...

Во гасењето на пожарот кој таа го предизвикала, на прилепчани им се придружиле и 100.000 други посетители на “Пиво-фест“, кои во таа акција потрошиле рекордни количини на ладно пиво и скара...

Photobucket

7/20/2009

Восхитувачки билки во восхитувачки двор

Пред околу две недели на КАКТУСАРНИЦА (Групата на Facebook) и се придружи уште еден голем љубител на кактуси. Освен по примероците кои ги има, неговата збирка е интересна и поради тоа што се наоѓа во неговиот прекрасно уреден двор. Тому затоа денеска во рубриката Вашите кактуси во мојата КАКТУСАРНИЦА, со негова дозвола преку неколку фотографии Ви нудам можност да прошетате низ дворот на Кирил и да ги разгледате неговите кактуси и други сукулентни билки, за кои вели дека многу си ги сака и со љубов ги одгледува.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Повеќе од неговите фотографии и уште многу други можете да видите на Facebook.

Благодарам Кирил!

7/17/2009

Алое Вера

Во продолжение Ви пренесувам неколку текстови на македонски јазик, од различни извори за Aloe vera, сукулент кој е многу популарен, пред се поради неговите лековите својства. Верувам дека во нив ќе најдете нешто што ќе биде интересно за Вас.

Photobucket

Алое Вера - природен лаксатив и тоник на целиот организам
Испровоцирани од неделотворноста и контраидикациите на лековите, луѓето и научниците се повеќе се потпираат на алтернативната медицина. Луѓето почнаа многу повеќе да им веруваат на билките и народните лекови.

Во последно време многу жени кажуваат дека пијат гел од алое вера за подобар имунолошки систем и функција на матката и гениталиите. Ваквиот факт не треба да зачудува бидејќи е потвредно дека гелот кој се добива од листот на алое верата, соджи преку 200 корисни материи. Повеќе

Алое Вера (Aloe vera) за зајакнување на имунитетот
Алое Вера е растение кое се наоѓа во тропските и суптропските предели, и припаѓа на семејството лијани, а не на кактуси како што изгледа а и како што ние повеќето го викаме.
Растението е без стебло, со сабјести листови од должина од околу 75-120 см., со светло зелена боја кои се назапчени по краевите и образуваат форма на ружа во средината со дршка на која на врвот се наоѓа цвет во жолта или црвенкаста боја. Повеќе

Волшебната Алое Вера
Алое вера е билка која содржи повеќе од 200 потврдени состојки, полезни за човековото здравје. Екстрактите на ова растенија првично станале популарни меѓу исцелителите кои се бавеле со лечење на кожата. Всушност, Алое го забрзува развојот на фибробласти, неопходни за обновување на колагенот и корисни за превенција од појава на бори. Повеќе

Алое за појак имунитет
Лековитите својства на алоето се познати уште од антички времиња. Ја употребувале старите Египќани, а по тропска Африка се користела како противотров од убодите на отровните стрели. Старите Грци и Римјани ја применувале за заздравување на раните. Исто така се користела и заради благотворното дејство врз дигестивниот систем - алоето е единствениот природен лаксатив кој дејствува и како тоник за желудникот. Повеќе

Домашни рецепти за побрзо растење на косата
Помешајте малку гел од Алое Вера и една лажица мед, смесата нанесете ја на главата. Почувајте ја околу 20 минути, измијте ја. Повеќе

7/14/2009

Кошаркарска топка

Серијалот Кактус/Сукулент на денот во третиот квартал од оваа година го започнувам со уште еден вид од родот Euphorbia. Освен изгледот кој потсетува на кошаркарска топка, карактеристично за овој сукулент е тоа што еден примерок може да има или само машки или само женски цветови, односно има машки и женски билки.

Сукулент на денот 195/09 е...

Euphorbia obesa

Photobucket

Фамилија: Euphorbiaceae
Род: Euphorbia
Вид: E. obesa
Народнo имe: Basketball, Sea Urchin, Baseball, Living Baseball, Gingham, Golf ball, Vetmensie
Потекло: Јужна Африка
Боја на цветот: Сиво-зелена
Сезона на цветање: Средина на лето
Висина: 15-30 cm
Дијаметар: 9-10 cm

Photobucket

Одгледување:
Сака да биде на места изложени на сонце, но толерира и блага сенка. Се одгледува во супстрат со добра дренажа. Се полева умерено во текот на летните месеци, а супстратот се остава сув во текот на зимата. Расте многу споро, има долг животен век и не бара често пресадување, односно промена на супстратот. Минимална температура на која е препорачливо да се чува во текот на зимата е 7°C, но во пократок временски интервал може да толерира и температура од -5°C (-10°C ако е сув супстратот).

Размножување:
Се размножува со режење и со семе.

Photobucket

Надворешен линк: Овде

7/12/2009

Лепотани

Изборот на Кактус/Сукулент на вториот квартал во 2009 година официјално заврши пред два дена. Во текот на гласањето на врвот постојано беше неизвесно, неизвесно е и сега по пребројувањето на Вашите гласови...на врвот се две сукулентни билки со ист број на гласови. 

Според тоа, за “Лепотани“ на кварталот ги прогласувам...

 
Photobucket


Photobucket

7/04/2009

Воајер

Ова мое викенд писание е поврзано со една фотографија од мојата воајерска активност низ градов... :-)

Фотографијата е направена пред две недели, таму некаде во Ново Лисиче, а расцветаниот кактус кој го поттикна на активност воајерот во мене е од родот Epiphyllum.

Photobucket

Доколку налетате на некоја слична глетка и сакате да бидете дел од рубриката Воајер во мојата КАКТУСАРНИЦА, правете фотографии и праќајте ми ги!

Убав викенд!

7/02/2009

Избор(и) се

Пред околу два и пол месеци Буре-то (Ferocactus glaucescens) се стекна со титулата Кактус на првиот квартал во 2009 година.

Време е за нови избори. Како што напоменав и при Првиот квартален избор, оваа година ќе ги има четири. Од победниците на тие избори на почетокот на следната година ќе ја имате можноста да го изберете Кактусот/Сукулентот на 2009 година.

Во Вториот квартален избор има само 5 конкуренти. Вие преку гласањето како и досега, освен што преку гласањето може да се изборите Вашиот фаворит да победи, имате и можност додека ги разгледувате билките да научите уште нешто за нив. Поединечно секоја од нив може да ја видите ако кликнете врз името, а сите одедаш, заедно со досега презентираните билки во серијалот Кактус/Сукулент на денот, ако кликнете овде.

Гласачката кутија ќе биде затворена на 10.07.2009 во 23:59 часот!

Нека победи најубавиот! :-)



Кои се Вашите фаворити за Кактус/Сукулент на Вториот квартал во 2009 година? (означете најмногу 3 од понудените)
Главата на Медуза
Морска ѕвезда
Пејоти
Палма од Мадагаскар
Долга брадавица

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...