5/17/2008

Болести

Кај кактусите и сукулентите се појавуваат неколку видови на болести кои се развиваат во одредени услови. Пред се, тоа се зголемена влажност на земјата и воздухот, како и поволни температури за развивање на болестите. Притоа габите најчесто ги напаѓаат физиолошки послабите билки, оштететни од физички повреди или од напад на инсекти. Поради тоа најдобро е да се спроведат соодветни превентивни мерки, кои пред се, се однесуваат на регулирање на влажноста и температурата. Доколку и покрај превентивните мерки дојде до појава на болести, треба да се интервенира со соодветен фунгицид.

Photobucket

Phytophtora omnivora предизвикува трулежно распаѓање на коренот и базниот дел на кактусот. Оваа болест се шири многу брзо. Кога ќе се примети, болното ткиво заедно со околното здраво ткиво се отстрануваат. Билката потоа треба добро да се засуши, повторно да се засади и залее со раствор Previkur.

Previkur-от е многу ефикасен и за многу габички од родовите Fusarium, Rythium и Rhizotonia, кои најчесто се јавуваат кај мали пикирани билки добиени од семе.

Photobucket

За превентивно полевање се користи раствор од 2,5ml на 1l вода. Доколку веќе дошло до појава на болести треба да се извршат две полевања во период од 3 до 4 дена. Со овој препарат корисно е да се врши превентивно полевање при пресадување на постари билки и задолжително при пикирање на млади билки израснати од семе. Освен овој особено ефикасен препарат, може да се користи Cineb во количина од 30 грама на 10l вода, како и Benomil во количина од 4 до 6 грама на 10l вода. Покрај тоа, овие два препарати, со оглед на тоа дека се во прашкаст облик, може да се измешаат директно во земјата (супстратот), што е интересно за постарите билки. Кај младите билки сепак далеку најсигурен е Previkur-от.

Покрај горенаведените болести, кај кактусите може да се сретне и сивото гниење - Botrytis cinerea. Симптомите се манифестираат во облик на сива покривка, која при допир лесно се претвора во прав. Во овој случај кактусите и другите сукуленти превентивно се третираат со Teldorom, Saprolom, Ronilan-FL или Sumilex 50–FL во концентрации препорачани во упатствтото за употреба.

Извор: CactusInfo

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...