7/14/2011

Од мојата сукулентна градина vol. 7

Уште неколку од фотографиите направени на з јуни оваа година…

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Сите записи од серијалот “Од мојата сукулентна градина“ може да ги погледнете со килкнување на контролите “Претходен – Следен“

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

7/12/2011

Мамиларија со многу цицки

Mammillaria polythele (Мамиларија полителе) потекнува од централниот дел на Мексико, каде што расте во полупустинските предели, на надморска височина до 2600 метри. Името на овој вид на кактус е комбинација од грчките зборови “polys” = многу и “thele” = цицка. Аналогно на тоа Mammillaria polythele во слободен превод на македонски, ќе му дојде нешто како Мамиларија со многу цицки. :-)

Кактус на денот 193/11 е...

Mammillaria polythele

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Mammillaria
Вид: M. polythele
Народно име: Biznaga de chilitos (шпански)
Синоним: Mammillaria polythele subsp. polythele, Neomammillaria kewensis, Neomammillaria tetracantha, Cactus tetracanthus, Mammillaria tetracantha, Mammillaria subdurispina, Cactus quadrispinus, Mammillaria polythele var. quadrispina, Mammillaria xochipilli, Mammillaria quadrispina, Mammillaria polythele, Mammillaria neophaeacantha, Mammillaria multimamma, Cactus polythele, Mammillaria rigidispina, Mammillaria kewensis, Neomammillaria polythele, Mammillaria affinis, Mammillaria columnaris, Mammillaria polythele var. columnaris, Mammillaria polythele var. hexacantha, Mammillaria hidalgensis, Neomammillaria hoffmanniana, Mammillaria hoffmanniana, Mammillaria ingens, Mammillaria kelleriana
Потекло: Mexico (Hidalgo, Guanajuato, Queretaro)
Боја на цветот: Розева, розево-виолетова
Сезона на цветање: Лето
Висина: до 60 cm
Дијаметар: до 10 cm

Photobucket

Одгледување:
Се одгледува на места изложени на директно сонце или во блага сенка, во супстрат кој обезбедува исцедување на вишокот на вода, односно има добра дренажа. Во периодот кога расте се полева редовно, но умерено. Супстратот треба да се остави целосно да се исуши пред следното полевање. Во зима супстратот се одржува сув. Температурата на која се препорачува да се чува во тој период е околу 10°C. Минималната температура која во краток временски интервал може да ја толерира е -1°C. Чувањето на ладни и суви места во зимскиот период е неопходно за поттикување на цветањето на овој, но и на најголемиот дел од другите кактуси.

Photobucket

Размножување:
Со семе, израстоци и со режење на стеблото.

Надворешен линк: Овде

Освен основниот вид на овој кактус, може да се сретнат и повеќе други негови форми, сорти и подвидови...

Mammillaria polythele f. nudum

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Mammillaria
Вид: M. polythele f. nudum
Синоним: Mammillaria polythele f. inermis, Mammillaria polythele var. nuda, Mammillaria polythele var. inermis, Mammillaria polythele
Боја на цветот: Розево-виолетова, црвена
Сезона на цветање: Лето
Висина: до 30-40 (60) cm
Дијаметар: до 8-10 cm

Mammillaria polythele subsp. obconella

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Mammillaria
Вид: M. polythele subsp. obconella
Синоним: Mammillaria obconella, Mammillaria polythele var. obconella
Боја на цветот: Розево-виолетова
Сезона на цветање: Пролет-лето
Висина: до 15-60 cm

Mammillaria polythele subsp. obconella 'Nudum'

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Mammillaria
Вид: M. polythele subsp. obconella 'Nudum'

Mammillaria polythele subsp. durispina

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Mammillaria
Вид: M. polythele subsp. durispina
Синоним: Mammillaria durispina
Боја на цветот: Розево-виолетова
Сезона на цветање: Пролет-лето
Висина: до 15-60 cm

Mammillaria polythele 'Toluca'

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Mammillaria
Вид: M. polythele 'Toluca'
Синоним: Mammillaria toluca, Mammillaria vagaspina var. toluca
Боја на цветот: Црвена, темно црвена
Сезона на цветање: Пролет-лето
Висина: до 15 cm

Како изгледа еден Адвокатски јазик и што се е карактеристично за него, може да дознаете овде. Него, заедно со уште 92 други видови на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити, детално презентирани, може да ги најдете во КАКТИПЕДИЈА.

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

7/08/2011

Вистински убавец

Овој убавец од родот Echinopsis кој вечерва преку фотографија имате можност да го видите во КАКТУСАРНИЦА, во живо може да се види во дворот на Олгица Илиевска, каде покрај големиот број на цвеќиња, го имаат овој и уште неколку други кактуси.

Олгица ја пронашла КАКТУСАРНИЦА на Facebook, каде поттикната од (како што вели) ептен убавиот цвет, несебично ги сподели овие неколку фотографии. Кактусот (особено вака расцветан) е дефинтивно вистински убавец и затоа со големо задоволство фотографиите ги објавувам и овде. :-)

Photobucket

Во продолжение и уште две фотографии од него, со датум од мината година...

Photobucket

Photobucket

...и една фотографија со Echinopsis chamaecereus и Mammillaria со зрели плодови.

Photobucket

Благодарам Олгица!

КАКТУСАРНИЦА фото на денот

Photobucket

7/06/2011

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...