6/28/2009

Моето срце

Серијалот I heart you е резервиран за кактуси во облик на срце. Досега на такви примероци имав можност да налетам само на интернет, но денеска во КАКТУСАРНИЦА со вас споделувам две фотографии од еден мој кактус (Opuntia microdasys), кој го купив оваа година. На мое задоволство, еден од неговите нови израстоци кои се појавија оваа пролет е токму во форма на срце.

Photobucket

Photobucket

6/19/2009

Розево е...

Појавувањето на нови пупки и цветови кај сукулентното друштво на мојата тераса продолжува...денеска КАКТУСАРНИЦА во впечатлива розева боја...

Photobucket

Photobucket

6/14/2009

Интелегентен кактус

Think about what is that.....think.... use your "brain"...е коментарот на креаторот...

Photobucket

Други интелегентни фотошоп-креации може да видите ако кликнете овде.

6/13/2009

Главата на Медуза

Денеска Ви презентирам еден сукулент со многу интересен изглед кој потсетува на легендарната Медуза, најстрашната од трите Горгони која освен поглед кој ги скаменувал луѓето, на главата наместо коса имала змии...

Сукулент на денот 164/09 е...

Euphorbia flanaganii

Photobucket

Фамилија: Euphorbiaceae
Род: Euphorbia
Вид: E. flanaganii
Народнo имe: Medusa Head, Medusa's Head, Medusa Plant
Синоними:
Потекло: Јужна Африка
Боја на цветот: Жото-зелена
Сезона на цветање: Средина на лето
Висина: 15 до 30 cm

Photobucket

Одгледување:
Се одгледува на места во блага сенка, во супстрат со добра дренажа. Се полева редовно, притоа помеѓу две полевањa супстратот треба да се исуши. Се додава вода додека не се појави на долниот дел од саксијата, при што вишокот треба да се истури. Иако може да толерира температури од околу 2°C, во текот на зимата препорачливо е да се чува на температура од околу 10°C.

Размножување:
Се размножува со режење и семе.

Надворешен линк: Овде

6/11/2009

Првите цветови...целосно отворени

Цветовите на еден од моите кактуси кои се појавија пред десетина дена, поради врнежливото време во тој период не се отвораа целосно...затоа денеска Првите цветови уште еднаш во КАКТУСАРНИЦА...овојпат во целосно отворено издание...

Photobucket

Photobucket

Слободно праќајте ми фотографии и од Вашите (расцветани и нерасцветани) кактуси и други сукуленти...ќе ми биде задоволство да ја красат мојата КАКТУСАРНИЦА!

6/10/2009

Смоквата на Читателката

Веројатно веќе дел од Вас на блогот кај неа го видовте расцветаниот кактус-капиталец на Читателката. Таа беше љубезна и ми испрати уште неколку фотографии. Денеска со нејзина дозвола мојата КАКТУСАРНИЦА ќе ја красат три од нив.

Станува збор за кактус од родот Opuntia. Повеќето од овие кактуси се јадат и може да се сретнат и под името Индиска смоква, Бодликава круша или Свекрвин јазик.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Благодарам Читателке, чувајте ми едно дете! :-)

6/06/2009

Стари чизми

Кога е во прашање нивната основна намена, парот чизми подолу веќе одамна го истерал векот, но нивната употребна вредност тука не завршила...не фрлајте ги, старите чизми можат да станат интересен детал во Вашиот двор...

Photobucket

6/05/2009

Нова министерска канцеларија

За жал, со нова зграда на министерството и канцеларија во случајов нема да се офајди некој наш министер, туку тоа задоволствто ќе го има Министерот за земјоделство на Катар.

Освен карактеристичниот изглед во форма на кактус, кактусите, односно начинот на кој тие успешно преживуваат во топли и суви средини е искористен и во однос на функционалноста на овој спектакуларен објект.

Во функција на енергетска ефикасност на прозорците ќе има засенувачи, кои во текот на денот во зависност од интензитетот на сонцето ќе се отвораат и затвораат. Повеќе можете да видите и прочитате ако кликнете овде.

Photobucket
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...