3/31/2009

Како растат кактусите и другите сукуленти?

При размножување со режење и одделување на израстоци, кога ќе се одделат кактусите и другите сукуленти од примарната билка, тие веднаш не се засадуваат. Потребно е време да им се засуши и залечи раната на местото каде се одделени или одрежани. Во зависност од нивната дебелина и временските услови, тој период се движи од 10 до 45 дена во кој иако не се засадени, кактусите и сукулентите сепак растат...

...доколку сакате да дознаете нешто повеќе за процесот на растење во тој период, погледнете ја денешната Видео лекција.

3/30/2009

Виолина Cactaceae stradivarius

Мајсторот на овој кактус во форма на виолина (Cactaceae stradivarius), вели дека е многу ретка билка кој израснува еднаш на секои 25 години. Еве како изгледа во финалната фаза кога му растат жиците.

Photobucket

Уште многу други Photoshop мајстории од натпреварот Tree of Life 5, може да видите ако кликнете овде.

3/28/2009

Две слатки кактусарки

Поради многу ниските темератури кои ги има во текот на зимата, во Македонија катусите и другите сукуленти ретко може да се сретнат директно засадени во дворовите.

И покрај тоа, вреди да ја проследите Видео лекцијата во која Анабел и Лиса, две слатки кактусарки на многу симпатичен начин, чекор по чекор ќе Ви покажат како се садат кактуси и сукуленти во двор...уживајте!

3/27/2009

Разиграни коски

Кактус на денот 86/09 е...

Rhipsalis salicornioides

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Rhipsalis
Вид: R. salicornioides
Народни имиња: Dancing Bones Cactus, Drunkard's Dream, Spice Cactus
Синоними: Hatiora salicornioides var. stricta, Hariota stricta, Hariota salicornioides var. villigera, Hariota villigera, Rhipsalis villigera, Rhipsalis salicornioides var. villigera, Rhipsalis salicornioides var. stricta, Hatiora salicornioides var. villigera, Rhipsalis stricta, Rhipsalis bambusoides, Rhipsalis salicornioides var. bambusoides, Hariota bambusoides, Hatiora bambusoides, Hariota salicornioides var. bambusoides.
Потекло: Бразил
Боја на цветот: Портокалова, светло жолта
Сезона на цветање: Пролет до средина на лето
Висина: 40-60 cm, а во природни услови може да се сретнат билки високи и до 2 m

Одгледување:
Овој кактус се одгледува во супстрат богат со хумус и со добра дренажа, во влажна атмосвера, на места во блага сенка, односно филтрирано сонце. Во периодот кога билката расте се полева без ограничување во зависност од временските услови. Во овој период препорачливо е еднаш неделно да се прихрани, особено билките кои подолго време не се пресадени. Во есен полевањето треба да се намали, но супстратот не треба да се остави да се исуши целосно. Минималната темература на која треба да се чува во текот на зимата е 12°C, а во краток временски период може да толерира и температури од околу 0°C.

Размножување:
Се размножува со семе или со одделување на гранчиња од примарната билка.

Надворешен линк: Овде

Општи совети за растенијата во домот

Деновиве имав повеќе работни обврски па малку ја запоставив КАКТУСАРНИЦАта. Денеска имам порелаксиран ден и за малку подоцна Ви најавувам претставување на еден интересен кактус.

Во меѓувреме, разгледувајќи ги денешните весници налетав на интересен текст во Вечер, во кој може да се најдат корисни совети за одгледување на собните билки. Како што кажува и самиот наслов, советите се општи и најголемиот дел од нив може да Ви користат и при одгледувањето на кактуси и други сукулентини билки.

Затоа Ви препорачувам да го прочитате!

Photobucket

Многу истражувања укажуваат на тоа дека за растенијата да се развиваат здраво, потребно им е внимание, зборување, и чување како и на секое милениче. За возврат го разубавуваат нашиот живот.

Собните билки кои се чуваат во становите се главно жители на тропските предели, па затоа најважно пред се е да и се најде соодветно место во станот на кое ќе има доволно светлина. Нежните билки не поднесуваат силна сончева светлина, па на тоа треба да се обрне посебно внимание.

Набавете доволно голема саксија, и секогаш раководете се според величината на билката бидејќи ниту преголема саксија нема да одговара. Во саксијата ставете здрава, квалитетна земја која ќе и овозможи на водата, минералите и воздухот да кружат околу коренот. Билките кои одамна не се пресадени редовно потхранувајте ги со ѓубриво.

Залевањето на билката зависи од количината на светлина која ја добива, видот на растението, температурата, велчината на саксијата и друго. Најдобар начин да проверите е со прст да ја проверите влажноста на земјата. Стручњаците советуваат да не се користи вода од чешма туку да се остави таа да отстои најмалку 24 часа. Во водата додадете јаболков оцет бидејќи така растението полесно ги апсорбира хранливите материи. Повремено се препорачува да се користи вода во која претодно се варени јајца, зеленчук, како и талогот од кесичка чај бидејќи е богат со хранливи материи.

Земјата повремено посипувајте ја со пепел или мелени коски кои се природен извор на минерали и не ја сушат билката како што тоа го прават синтетичките ѓубрива.

Просторијата во која се наоѓаат билките треба да се проветрува заради циркулација на воздухот.

3/21/2009

I heart you, #8

Уште една љубовна епизода во мојата КАКТУСАРНИЦА...

Photobucket

3/18/2009

Како да исечете дел од сукулентни билки за размножување?

Во една од предходните Видео лекции имавте можност да научите како да одделите израстоци или оддрежете дел од примарната билка за да ги размножите своите кактуси. Денеска имате можност да научите како тоа да го направите кај другите сукуленти.

3/17/2009

Webcamctus

Кога ќе се вкрсти веб камера со кактус се добива Webcamtus. Веб камерата и кактусот од кои произлегол Webcamtus-от може да ги видите ако кликнете овде.

Photobucket

Ако сте љубопитни и сакате да дознаете кој е вкрстувачот, кликнете овде. А уште многу други вакви интересни вкрстувања може да видите овде.

3/16/2009

Змејово дрво

Сукулент на денот 75/09 е...

Dracaena marginata

Photobucket

Фамилија: Ruscaceae
Род: Dracaena
Вид: D. marginata
Народни имиња: Madagascar Dragon Tree, Dragon Tree, Red Edged Dracaena, Red-Margined Dracaena
Потекло: Мадагаскар
Боја на цветот: Бледо зелена, бела, крем
Сезона на цветање: Крај на пролет
Висина: Може да достигне висина до 3 m. Може да се сретнат и примероци високи по 6 m.

Photobucket

Одгледување:
Поради тоа што не бара некоја посебна грижа и толерира намалена светлина, Змејовото дрво е многу популарна и широко распространета билка, која најчесто се одгледува во домашни услови и канцеларии. Иако толерира намалена светлина, сепак најдобро расте на сончеви места или во блага сенка. Не сака мокри нозе и препорачливо е да се одгледува во супстрат со добра дренажа. Најдобро расте на температура од 16-24°C. Доколку стеблото стане премногу високо, може да се пресече на посакуваната висина, а на тоа место за кратко време ќе се појават нови листови. Иако толерира и многу пониски температури, во текот на зимата препорачливо е да се чува на температира од 16-18°C.

Размножување:
Најчесто со режење на врвот или делови од стеблото, а се размножува и со семе и одделување на израстоци од коренот.

Надворешен линк: Овде.

3/15/2009

Машина за пишување

Компјутерите речиси целосно ги истиснаа од употреба машините за пишување, но тоа не значи дека нивната употребна вредност тука мора да заврши.

Доколку дома Ви се наоѓа некоја стара позаборавена машина за пишување, може да ја пренамените во уникатна и атрактивна саксија за Вашите сукулентни билки.

Photobucket

3/14/2009

Терариум

Терариум (лат. terrarium) е заграден простор или стаклен сад наполнет со земја или камења во кој се чуваат и се одгледуваат тропски растенија и сувоземни животни.

Денеска мојата КАКТУСАРНИЦА ја разубавуваат неколку стаклени терариуми со кактуси и други сукуленти.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Да се направи еден стаклен терариум е многу едноставно...земете некој од стаклените садови кои Ви се наоѓаат по дома, а со кои не знаете што друго да правите, неколку сукулентни билки, малку песок, земја, камчиња...и бидете креативни!

3/13/2009

Big Penis

Денешниот провокативен наслов произлегува од името на една сорта на кактус од видот Pachycereus schottii кој со својот изглед многу потсетува на машки полов орган.

Кактус на денот 72/09 е...

Pachycereus schottii 'Big Penis'

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Pachycereus
Вид: P. schottii 'Big Penis'
Народно име: Big Penis Cactus
Синоним: Lophocereus schottii f. mostrusa (smooth form)
Сезона на цветање: Не цвета
Висина: Најчесто достигнува 3-4 m, но може да се сретнат и примероци со висина до 7 m
Дијаметар: 10-12 cm

Photobucket

Одгледување:
И овој необичен кактус се одгледува во супстрат кој има добра дренажа, на места кои се изложени на директно сонце. Кога е полевањето во прашање, супстратот поѓу две полевања треба да се исуши. Препорачливо е да да се пресадува секоја втора година. Во текот на зимата не треба да се чува на температура под 0°C, иако може да преживее и на температура од -4°C.

Размножување:
Се размножува вегетативно, со режење и од израстоци.

Надворешен линк: Кликнете овде

3/12/2009

Како да посадите кактус?

Во предходната Видео лекција познатата кактусарка од Expert Village Ви покажа како да одделите израстоци од примарната билка, како една фаза од размножувањето на Вашите кактуси.

Денеска Ви нудам можност, повторно со нејзина помош да научите како тие израстоци потоа да ги посадите.

3/11/2009

3/10/2009

Безобразни кловнови

Кога се кактусите во прашање, креативноста нема граници! :-)

Photobucket

3/09/2009

Календар за кактусари/ки: Март

Март е време кога кактусите и другите сукуленти кои ги чувате дома, треба да почете да ги преместувате на места каде што има повеќе сонце или барем поблиску до прозорците. Изложеноста на поголема светлина продуцира поголема топлина, која пак од друга страна го поттикнува развојот на нивниот корен. Супстратот сеуште се одржува сув.

Ова е период кога временските услови обично дозволуваат кактусите да се преселат на терасите, во дворовите...но тоа треба внимателно да го направите бидејќи може да дојде до нивно оштетување, односно изгорување од сонцето. Бидејќи нема заштитни средства од сонцето наменети за кактуси, моја препорака е кога за прв пат во годината ќе ги изнесете надвор (особено билките кои веќе почнале да растат) еден период да ги оставите во блага сенка. И во случај доколку некоја билка сепак се здобие со последици од сонцето, истата пренесете ја на сенка и оштететниот дел за кратко време ќе се залечи.

Photobucket

Доколку имате посеано кактуси, треба често да ги прегледувате и доколку приметите на површината создавање на некои други култури, ведаш да ги истретирате со раствор од некој фунгицид. Доколку е во прашање некој посериозен напад, треба да го оставите супстратот да се исуши, а засеаните кактуси внимателно да ги препикирате.

Извор: Gajenje kaktusa - Fleischer/Schütz

3/08/2009

Осмомартовско виножито

По повод Денот на жената, со оваа виножито од расцветани кактуси им го честитам 8-ми Март на сите жени кои го чувствуваат како свој празник!

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Во продолжение и неколку бели цветови од Кала, за мојата драга Ирена која многу ги сака! :-)

Photobucket

Убав ден на сите!

3/07/2009

После свадба тапан не тропа...

...ама и свадба без невеста и младоженец не бидува!

Photobucket

Неговото Сино височество

Вчера додека го средував купот Сини стапчиња креда, по грешка го избришав Неговото Сино височество. Затоа денеска повторно го враќам во мојата КАКТУСАРНИЦА.

Кактус на денот 66/09 е...

Pilosocereus pachycladus

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Pilosocereus
Вид: P. pachycladus
Народно име: Blue Majesty
Синоними: Pseudopilocereus splendidus, Pilosocereus superbus, Pilosocereus splendidus, Pilosocereus schoebelii, Pseudopilocereus oreus, Pilosocereus oreus, Pilosocereus cyaneus, Pilosocereus azureus, Pseudopilocereus azureus, Pseudopilocereus atroflavispinus, Pilosocereus atroflavispinus, Pseudopilocereus pachycladus, Pseudopilocereus superbus, Pilosocereus cenepequei
Потекло: Североисточен Бразил
Боја на цветот: Бела
Сезона на цветање: Средина на пролет
Висина: Може да достигне висина до 9 m

3/06/2009

Сини стапчиња креда

Продолжуваме со сината боја. Овојпат станува збор за една мала интерсена сукулентна билка, која поради изгледот на нејзините листови наликува на куп од многу сини стапчиња креда.

Сукулент на денот 65/09 е...

Senecio serpens

Photobucket

Фамилија: Asteraceae
Род: Senecio
Вид: S. serpens
Народно име: Blue Chalksticks
Синоними: Kleinia repens, Cacalia repens, Senecio ficoides
Потекло: Јужна Африка
Боја на цветот: Бела
Сезона на цветање: Средина на есен
Висина: 15-30 cm

3/05/2009

Тоалетна хартија

НОВО, НОВО, НАЈНОВО

...денеска во КАКТУСАРНИЦА, а наскоро и во сите поголеми и помали маркети, градски, селски и маалски продавници...! :-)

Photobucket

3/04/2009

Апсолутно спектакуларно

Освен што восхитуваат со својот несекојденевен изглед, кактусите изнудуваат восклици и со своите прекрасни цветови.

Денеска во КАКТУСАРНИЦА имате можност да видите изобилство на цветови во разни бои, облици, големини...најголем дел од збирката се кактуси стари по 20 години...гледајте, уживајте и слободно воскликнувајте! :-)


Благодарност до мојот дописник од Чикаго! :-)

3/02/2009

Денес ми е роденден

На денешен ден, една убава вечер таму некаде во осмата деценија од минатиот век сум се родил, а на третата вечер кога дошле наречниците, меѓу другото рекле...ова дете кога ќе порасне ќе биде кактусар! :-)

А бидејќи ми е роденден, како што е редот денеска ќе Ве почестам со торта, се разбира тортата е во форма на кактус. :-)

Photobucket

Слободно барајте и репете, ако ја смачкате оваа, ќе побарам уште некоја од Кактус тортите на Надежна! :-)
Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...