Euphorbia trigona (Еуфорбија тригона) е сукулент кој многу често се меша со Euphorbia lactea.
Конфузијата е разбирлива, бидејќи стеблата им се многу слични.
Разликите помеѓу нив, јасно може да се воочат дури кога ќе се разгранат.
Гранките кај Euphorbia trigona растат паралелно со стеблото, додека кај Euphorbia lactea гранките се шират од стеблото под одреден агол и заземаат поголем простор. Euphorbia trigona
е како некој микс од грмушка и дрво. Неговото стебло има 3-4 страни
(најчесто 3) и е со изразени ребра, мали боцки на рабовите и со мали
листови на врвовите.
Сукулент на денот 293/11 е...
Euphorbia trigona
Фамилија: Euphorbiaceae
Род: Euphorbia
Вид: E. trigona
Народнo имe: African Milk Tree
Потекло: Западна Африка
Боја на цветот: Бела, жолтеникава (цвета само во природни услови)
Висина: до 1,8 m
Дијаметар: до 6 cm
Род: Euphorbia
Вид: E. trigona
Народнo имe: African Milk Tree
Потекло: Западна Африка
Боја на цветот: Бела, жолтеникава (цвета само во природни услови)
Висина: до 1,8 m
Дијаметар: до 6 cm
Одгледување
Се одгледува на места изложени на директно сонце или во делумна сенка, во супстрат со добра дренажа. Во летните месеци се полева редовно и обилно. Со намалување на температурите, се намалува и полевањето. Според некои препораки, во летниот период полевањето треба да се врши на една недела, а во поладниот период на секои две недели. Мојата препорака е, при полевањето да се раководите според супстратот, односно помеѓу две полевања да го оставите да се исуши. Во зима не се полева или се полева само повремено со мала количина на вода. Просечната температура на која треба да се чува во зимските месеци е 12 °C. Бидејќи не е отпорен на смрзнување, треба да се заштити од можност за изложување на температури од околу (и под) 0 °C.

Размножување:
Лесно се размножува со режење.
Лесно се размножува со режење.
Надворешен линк: Овде
Белиот млечен сок на овој сукулент е токсичен и поради тоа треба да се избегнува неговиот директен допир со кожата.
Освен основниот вид може да се сретнат и некои други сорти и форми...
Euphorbia trigona 'Red Devil'
Euphorbia trigona f. rubra
Фамилија: Euphorbiaceae
Род: Euphorbia
Вид: E. trigona f. rubra
Народнo имe: African Milk Tree
Висина: 3 - 4,7 m
Род: Euphorbia
Вид: E. trigona f. rubra
Народнo имe: African Milk Tree
Висина: 3 - 4,7 m
Еден Позлатен Боливиец може да видите овде.
Него, заедно со уште 100 други видови на кактуси, сукуленти и некои
други ксерофити, детално презентирани,
може да ги најдете во КАКТИПЕДИЈА.
No comments:
Post a Comment