10/11/2011

Збогатување на содржините во КАКТИПЕДИЈА

КАКТИПЕДИЈА е енциклопедија на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити (xerophyte - растенија кои можат да поднесат долготрајни суши) кои се презентирани во КАКТУСАРНИЦА како дел од серијалот Кактус/Сукулент на денот.

КАКТИПЕДИЈА ќе ви помогне да ги идентификувате вашите миленици и да научете нешто повеќе за нив и нивното одгледување.

Photobucket

Со КАКТИПЕДИЈА до овој момент се опфатени 98 различни видови. Освен основните видови, дополнително се опфатени и некои други нивни подвидови, популарни сорти, форми и хибриди.

Почнувајќи од вечера (со објавување на записот Боцкава свеќа (Акантоцереус)), во иднина КАКТИПЕДИЈА освен со записи за нови видови, континуирано ќе биде дополнувана и збогатувана и со нови записи во кои ќе бидат презентирани и родовите на кактусите и другите сукуленти и ксерофити.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...