10/25/2011

Шверц на кактуси

Светските и некои од македонските медиуми денес пренесоа информација дека во Мексико двајца Германци се уапсени заради криумчарање на кактуси, откако обезбедувањето на аеродромот во нивните куфери открило (ни помалку, ни повеќе, туку) 543 кактуси.

Photobucket

Според Канцеларијата на главниот мексикански обвинител, некои од пронајдените кактуси биле на листата на загрозени видови.

Германската амбасада во Мексико Сити веднаш не ја потврдила нивната националност и местото на живеење.

Мексико е земја каде што растат едни од најважните видови на кактуси во светот.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...