Espostoa guentheri (Еспостоа гeнтери) е висок кактус во форма на столб и златно жолти боцки на него. Потекнува од Боливија и може да достигне височина до 2 m и дебелина до 10 cm. Порано бил познат под името Vatricania guentheri.
Espostoa guentheri
Фамилија: Cactaceae
Род: Espostoa
Вид: E. guentheri
Синоними: Cereus guentheri, Vatricania guentheri, Cephalocereus guentheri
Потекло: Боливија
Боја на цветот: Светло жолта
Сезона на цветање: Пролет-лето
Висина: до 2 m
Дијаметар: 10 cm

Одгледување:
Се одгледува на места изложени на директно сонце, во супстрат кој обезбедува исцедување на вишокот на вода, односно има добра дренажа. Многу е склон кон гниење и затоа треба да се внимава да не се претера со полевањето. Може да толерира суша. Во периодот кога расте се полева редовно, но умерено. Помеѓу две полевања супстратот треба да се остави да се исуши. Во зима не се полева воопшто или се полева само повремено со мала количина на вода. Просечната температура во просторијата во која се чува во зимските месеци треба да биде околу 12 °C. Не е препорачливо да се изложува на температури под 0 °C.

Размножување:
Се размножува со семе и со режење.
Се размножува со семе и со режење.
Надворешен линк: Овде
Овде има една Футрола за стрели која ја користат Бушманите
кога одат на лов. Неа, заедно со уште 99 други видови на кактуси,
сукуленти и некои други ксерофити,
детално презентирани, може да ги најдете во КАКТИПЕДИЈА.
No comments:
Post a Comment