9/20/2011

Сите дејства на Aлое вера

За Aloe vera веќе пишував, а во неколку наврати и пренесов текстови кои ги среќавав низ македонските портали, а се однесуваа на неговите лековити својства и неговата хранлива вредност. Денес во Вест наидов на уште еден интересен текст, од кој меѓу другото може да научите и неколку корисни рецепти за напитоци со Алое вера. Во продолжение ви го пренесувам текстот во целост...
Заради хранливата вредност и лековитите својства, алое верата ја нарекуваат кралица на лековитите билки. Веќе 2500 години човештвото ги познава нејзините драгоцени својства. Ја користеле индијанците од средна и јужна Америка. Традиционално ја земале и за мачнини во желудникот, артирисот, дијабетисот и ослабениот имунитет од долготрајни болести.

Photobucket

Алое верата ја чува младоста и витоста. Научниците докажале дека гелот алое содржи повеќе од 240 хранливи и лековити состојки, меѓу кои и витамините А, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, Ц, и Е. Содржи и повеќе од 20 минерали, седум од осумте есецијални киселини и 14 неесенцијални аминокиселини.

Напитоци за слабеење
Алое верата, заедно со овошјето делува како вистинско средство за слабеење. Во таа комбинација не доаѓа до напад на глад, затоа што организмот ги добива потребните витамини и минерали.
* Во текот на денот напијте се по два пијалока со алое вера, ваше е да одберете кој. Идеално време : наутро на празен желудник, навечер пред спиење или 2 часа по јадење.
* Пред, за време и по оброкот напијте се 2-3 литри вода.

Фрапе од смокви
Ако имате проблеми со варење, ова е идеален пијалок. Има лесно дијаретично делување, го јакне желудникот и ја ослободува работата на цревата.
* Измиксајте: 3 големи свежо излупени смокви, 50 милилитри сок од алое вера, една лажичка мед и 10 грама инстант интегрални овесни снегулки. Напитокот можете да го освежите со минерална вода.
* Содржи: 150 калории, 1 грам маснотии, 30 грама јаглехидрати, 3 грама белковини

Пијалок од грепфурт и ѓумбир
Алое верата ги излачува отровните материи од телото, ѓумбирот го разбудува метаболизмот, а витаминот Ц од грепфуртот и од лимонот го поттикнува согорувањето на калориите.
* Измиксајте: два до три грејпфурта и пола лимон, 20 грама изрендан ѓумбир и 50 милилитри сок од алое вера.
* содржи: 150 калории, 1 грам маснотии, 20 грама јаглехидрати, 2 грама велковини.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...