Вчера
прочитав еден текст во кој беа претставени седум места кои се на нашата
планета, но изгледаат како да се на некоја друга. Меѓу нив беше и Сокотра, најголемиот остров на истоимениот мал архипелаг која му припаѓа Јемен.
Овој остров е познат како највонземјанското место на Земјата.
Една третина од неговиот растителен свет се ендемични видови кои освен
таму не може да се сретнат на ниту едно друго место. Токму уникатните
растенија, меѓу кои има и повеќе кактуси и други сукуленти, со својот
изглед го прават Сокотра да изгледа како да е на некоја друга планета.
Меѓу највпечатливите од нив, се Змејовото крваво дрво (Dracaena cinnabari), Dorstenia gigas и популарната Пустинска роза (Adenium obesum)
Текстот за ова и другите шест места, може да го прочитате овде.
Убав викенд!
No comments:
Post a Comment