2/29/2012

Боцкаво Алое

Aloe aculeata (Алое акулеата) е сукулент од родот Алое, препознатлив по боцките кои се распоредени по површината на неговите листови. Бидејќи е единствениот вид чии боцки излегуваат од џумки со бела основа, тој за разлика од другите слични видови лесно се идентификува. Името на видот “aculeata“ доаѓа од латинскиот јазик и во превод значи “боцкав“. Овој сукулент бил прикажан на стара монета од 10 центи, што веројатно го прави да биде најпознатиот вид на Алое во Јужна Африка.

Сукулент на денот 60/12 е...

Aloe aculeata

Photobucket

Фамилија: Asphodelaceae
Род: Aloe
Вид: A. aculeata
Народнo имe: Ngopanie, Sekope, Red Hot Poker Aloe
Потекло: Неколку области во Јужна Африка (Northern Province, Mpumalanga) и во делови на Зимбабве
Боја на цветот: Варијабилна: црвено-портокалова до црвено-жолта
Сезона на цветање: Мај до јули
Висина: до 60 (100) cm
Дијаметар: до 30 (100) cm

Photobucket

Одгледување:
Се одгледува во супстрат со добра дренажа. Расте добро на места кои се од блага сенка до целосно сончеви. Изложеноста на сончевите зраци може да предизвика појава на убава портокалова до црвена боја на некои делови од листовите. Бојата се појавува и во случај на недостаток на вода или при ниски температури. Се полева редовно во периодот кога расте. Во зима кога не е активен му треба многу малку вода. Ако се чува на температура од околу 4°C нема потреба да се полева воопшто. Не е отпорен на смрзнување и затоа треба да се избегнува секакво негово изложување на температури под 0°C.

Photobucket

Размножување:
Исклучиво со семе.

Надворешен линк: Овде

Овде може да се запознаете со еден Влакнест Рипсалис. Него, заедно со уште 112 други видови на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити, детално презентирани, може да ги најдете во КАКТИПЕДИЈА.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...