1/13/2012

Зелениот воден балон

Историјата на кактусите датира од времето на една од најголемите борби со водени балони, која воопшто некогаш била водена.

Во таа борба, противниците не бирале средства и начини како да стигнат до победата. Еден од борците освен водени балони, користел и игла со која ги дупчел противничките балони. Неговата стратегија се покажала како многу успешна, се додека не се соочил со еден зелен екстра цврст воден балон... :-)

Филмот кој ви препорачувам да не го пропуштите, освен што ја раскажува приказната во целост, дава и многу интересни и забавни одговори на прашањата: Како настанале кактусите?; Зошто се полни со вода?; Зошто имаат боцки? и Зошто најчесто растат сами во пустините? :-)


No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...