12/02/2011

Прошетка низ ботаничката градина Jochum-Hof

Денеска ви препорачувам една кратка прошетка низ ботаничката градина Jochum-Hof. Градината која има долга историја, се наоѓа во Tegelen, село во Холандија. Најстарите делови во градината датираат уште од 1799 година, кога просторот на кој сега се наоѓа имал друга намена.

Многу подоцна, во 1933 година свештеникот Peter Jochum кој бил страствен љубител на растенијата, како поддршка на образованието по биологија кое се одвивало во манастирот, на тој простор почнал да ја гради ботаничката градина. Во нејзиното збогатување помош добивал и од мисионерите, кои му носеле растенија и семиња од сите делови на светот.

Подоцна во рамки на градината бил направен и стакленик во кој има и колекција на кактуси и други сукуленти. Дел од нив и нивните цветови може да ги видите преку оваа денешна видео прошетка...

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...