За Вики Цветановска,
кактусот е цвеќе кое расте во зависност од тоа колку љубов ќе му
понудите, а цвета како благодарност за целиот труд и целото внимание
кое низ годините ќе му ги посветите.
Вики има
кактуси и сукуленти во различна големина од 15-тина различни видови.
Почнала да ги одгледува пред 15 години, кога имала само неколку од нив.
Со времето, како што растела нејзината љубов кон нив, се зголемувал и
нивниот број.
Денеска во КАКТУСАРНИЦА имате можност да уживате гледајќи дел од нејзините кактуси и сукуленти преку фотографиите направени во нејзината градина...
Благодарам Вики!
Рубриката Вашите кактуси и сукуленти во мојата КАКТУСАРНИЦА е секогаш отворена за вашите приказни и фотографии од вашите миленици. Може да ми ги праќате на kaktusarnica@gmail.com, Facebook…
No comments:
Post a Comment