12/13/2011

Бразилска имела

Rhipsalis ewaldiana (Рипсалис евалдиана) е редок вид на кактус кој своето име го добил по Ernst Ewald, ентузијаст, собирач на кактуси, кој прв ја воочил неговата посебност и го испратил на проучување во Универзитетот во Бон. Нема точни информации за неговото потекло. Се претпоставува дека потекнува од Бразил.

Кактус на денот 347/11 е...

Rhipsalis ewaldiana

Photobucket

Фамилија: Cactaceae
Род: Rhipsalis
Вид: R. ewaldiana
Потекло: Веројатно Бразил (Rio de Janeiro)
Боја на цветот: Бела
Сезона на цветање: Пролет и есен (во зависност од условите, може да цвета и цела година)
Висина: 30 - 60 cm
Дијаметар: 14 - 20 mm

Photobucket

Одгледување:
Се одгледува на места во делумна или блага сенка, во супстрат кој обезбедува вишокот на вода да се исцеди од саксијата. Во летниот период се полева редовно, но умерено. Во овој период, супстратот помеѓу две полевања може да се остави да се исуши, но може да се одржува и влажен. Во зима се полева само повремено, со мала количина на вода. Не е отпорен на смрзнување и затоа треба да се заштити од изложување на температури под 0°C.

Photobucket

Размножување:
Се размножува со семе или со режење на стебла и гранчиња.

Надворешен линк: Овде

Овде има едно Наежено агаве, внимавајте да не се боцнете! :-) Него, заедно со уште 107 други видови на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити, детално презентирани, може да ги најдете во КАКТИПЕДИЈА.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...