7/09/2008

Чудо од природата

Најголемиот дел од текстовите на македонски јазик, кои досега успеав да ги најдам се однесуваат на најпознатиот род на сукуленти, Алое, односно на видот Алое Вера. За почеток Ви го пренесувам текстот Чудо од природата, кој го преземам од web страната на Славица Донакова, дистрибутер на Forever Living Products во Македонија.

Што е Алое Вера?

“Чудо од природата” - Алое Вера е растение кое се наоѓа во тропските и суптропските предели, и припаѓа на семејството лилјани, а не на кактуси како што изгледа а и како што ние повеќето го викаме.

Photobucket

Photobucket

Photobucket

Растението е без стебло, со сабјести листови со должина од околу 75-120 см, со светло зелена боја, кои се назапчени по краевите и образуваат форма на ружа во средината, со дршка, на која на врвот се наоѓа цвет во жолта или црвенкаста боја.

Постојат повеќе од 200 видови на Алое, но најкорисно, лековито е Aloë barbadensis Miller (Алое Вера). Името го добива по ботаничарот Милер кој го открил Алоето на островот Барбадос. Алоето се споменува уште во Библијата, а легендата раскажува дека Алоето го користел и Александар Македонски за лекување на своите војници, освојувајќи го островот Сокотра во Индискиот океан каде го имало растението во големи количини.

Комерцијалното име Aloe vera е со латинско потекло и значи “право (вистинско) алое”. Ова име најверојатно е добиено поради големите лековити дејства кои се содржале во големи количини и претежно е користено со голем успех. (Алое Вера е исто така познато и под името Обично Алое, Медицинско Алое, Кинеско Алое, Индиско Алое, Барбадос Алое...)

На плантажите во Јужен Тексас, по долината на реката Rio Grande, садниците се садат во редови оддалечени 60-70 сm една од друга, со што се овозможува модерна и подостапна обработка и берба на листовите и можноста за нивно неоштетување. Работниците рачно ги отсекуваат листовите внимавајки да биде под нивото на гелот, како би се спречило истекувањето, и безбедно да се транспортира до производствените погони. Во Forever Living Products се користат само надворешните листови, а останатите се чекаат да созреат и пораснат до определената големина.

Photobucket

Континуираната употреба на лекарствата доведе до големи контраидикации кај луѓето при лекувањето од многу болести, па затоа корисниците и научниците се вратија кон користење на алтернативната медицина, со што ќе го приближат човекот до што поприроден начин за спречување на појава на многу болести, како и на нивно лекување.

Така доаѓа до откритието на Алое Вера и благодетите што ни ги дава ова растение за подобро здравје. Со стабилизацијата на гелот, кој се наоѓа во внатрешноста на листот, се успеа да се доближи до човекот идентичен гел како свеж откинат од растението.

Photobucket

Photobucket

Повеќе од десетина години се испитуваат лековитите материи што ги содржи Алоето и за среќа на човештвото се откриени повеќе позитивни резултати.

FDA (Food and Drug Administration) Прехрамбената и фармацевтската лабараторија го одобри користењето во лечење на заболувањето на очите, во спортската медицина, стоматологијата и за интерна употреба. При тоа треба да знаеме дека американската FDA е еден од најстрогите институти за контрола на храната и лековите во светот.

Во внатрешноста на листот, се наоѓа гелот кој содржи преку 200 корисни материи. Од тоа:
- витамини (бета каротин, Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12, и антиоксидантите Ц, Е);
- минерали и олигоелементи, како: фосфор, магнезиум, калиум, натриум, железо, бакар, хлор, манган, хром, цинк;
- моно и полисахариди: целулоза, гликоза, маноза, алдонентоза, алиназа, рамноза, ацеманан;
- шеќери: муко – полисахариди, кои делувааат врз имунолошкиот систем и помагаат за детоксификација;
- од 8 есенцијални аминокиселини содржи 7, а од 14 неесенцијални аминокиселини содржи 11;
- ензими: аналгетик, антифлогистик, имуностимулатор;
- растителни стероли: три видови кои делуваат како моќни антиинфламаторни агенси;
- сапонини: моќни антимикробски ефект против бактерии, вируси, габички и воспаленија како кандида.

Со количеството на корисни витамини и минерали Алоето ја има таа специфика, што кај човечкиот организам делува имуностимулативно. Со почетокот на внесување на Алоето преку дигестивниот трак, помага кај варењето на храната, абсорбција на хранливите материи, витамини и минерали. Го зајакнува имунолошкиот систем во смисла на одбрана од многу болести и го подобрува дејството на лековите во организмот. Го нормализира функционирањето на организмот и целокупниот систем на органите без токсични појави и дополнителни нус појави. Алоето го дополнува во организмот тоа што недостасува со исхраната, делува како имуностимуланс, како антиоксиданс и има специфични дејства кои сегашната медицина не може да ги објасни.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...