7/22/2008

Необични специjалитети

Жителите на едно село на југот на Колумбија, во близина на пустината, од неодамна може да купат мармалад, колачи и други специјалитети на база на кактус, растение богато со витамини и со афродизијачки карактеристики.

Џозе Рафаел Маркез потрошил пет години спроведувајќи испитувања и експерименти за да дојде од прехранбените производи од кактус, кои потоа добиле одобрение од колумбиското Министерство за животна средина, пишува весникот „Ел тјемпо“.

- Беше тешко да се најде балансот, да се сфати дека кактусот може да се јаде, но мора да се открие кои видови се отровни, а кои се халуциногени - вели Маркез.

Министерството одобрило нивна комерцијализација зашто станува збор за пионерско користење на ова многу распространето растение во многу региони на земјата. Самоукиот Маркез, кој нема завршено ни основно училиште, вели дека од кактусите успеал да произведе 17 типа продукти, но и шминки и сапуни. Според него, во природата има повеќе од 1.600 вида кактуси богати со витамини, кои може да имаат и афродизијачки својства и да помогнат при слабеењето.

Текстот бил објавен во Дневник во 2006 година.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...