Еден човек го замолил Господ за еден цвет и пеперутка.
Но Господ му дал кактус и гасеница.
Човекот бил тажен, не можел да свати зошто неговата желба добила погрешен одговор.
Си помислил: “Ах добро, Господ мора да се грижи за многу луѓе...“ и одлучил да не потпрашува повеќе.
По некое време отишол да види што се случило со кактусот и гасеницата, на кои веќе имал сосема заборавено.
На негово огромно изненадување, од бодликавиот кактус израснал величествен цвет, а грдата гасеница се претворила во најубавата пеперутка.
No comments:
Post a Comment