Aloe variegata (Алое вариегата) е класифицирано како џуџесто Aloe и е дел од групата на видови на сукуленти од родот Aloe, кои достигнуваат висина не повеќе од 30 cm. Кај народот е познат и како Tiger Aloe. Потекнува од Јужна Африка и Намибија. Во природни услови најчесто се среќава во групи од 7-8 растенија.
Сукулент на денот 116/11 е...
Aloe variegata
Фамилија: Asphodelaceae
Род: Aloe
Вид: A. variegata
Народнo имe: Tiger Aloe, Partridge-breasted Aloe, Tigeraloë
Синоним/и: Aloe variegata var. haworthii, Aloe punctata, Aloe ausana
Потекло: Јужна Африка (Cape Provinces, Namaqualand, Karoo и Orange Free State) и Намибија.
Боја на цветот: Најчесто портокалова со зелени врвови на цветовите (бојата може да варира од матно розева до црвена и ретко жолта)
Сезона на цветање: Зима и почеток на пролет
Висина: до 30 cm
Дијаметар: 20-30 cm
Одгледување:
Се одгледува во супстрат кој обезбедува добра дренажа, на места изложени на директно сонце или во блага сенка. Главно расте во пролет и есен. Во тој период треба да се полева редовно, но умерено. Склон е кон скапување и затоа треба да се внимава со полевањето. Подобро е супстратот да се одржува релативно сув, отколку да се претера со полевањето. За да се инцира цветањето, во зимскиот период треба да се чува на температура од околу 5-10°C. Во краток временски период може да толерира темпреатури и под нулата, но максимум до -7°C. Кај билките кои прецветале, треба да им се отстранат сувите стебленца од цветовите.

Размножување:
Се размножува со израстоци и со семе.
Се размножува со израстоци и со семе.
Надворешен линк: Овде
Една Свената бодликава круша може да видите овде. Неа, заедно со уште 77 други видови на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити, детално презентирани, може да ги најдете во КАКТИПЕДИЈА.
No comments:
Post a Comment