Pilosocereus glaucescens (Пилосоцереус глауцесенс) е тенок кактус со жолти боцки, кои се убав контраст на небесно сината боја на неговото тело. Потекнува од Бразил и во природа може да израсне до 6 m во височина.
Кактус на денот 118/11 е...
Pilosocereus glaucescens
Фамилија: Cactaceae
Род: Pilosocereus
Вид: P. glaucescens
Народно име: Blue Torch Cactus
Синоними: Cephalocereus glaucescens, Pseudopilocereus glaucescens
Потекло: Бразил
Боја на цветот: Светло зелена, бела
Сезона на цветање: Средина на лето
Висина: до 6 m
Дијаметар: до 10 cm
Одгледување:
Се одгледува во супстрат со добра дренажа, на места изложени на директно сонце или во блага сенка. Од крајот на пролетта до почетокот на есента се полева редовно, но умерено. Помеѓу две полевања, супстратот се остава да се исуши. Во зима се полева само повремено со мала количина на вода. Во овој период се препорачува да се чува на температура од околу 12°C. Не толерира температури под 0°C.

Размножување:
Со семе и со режење.
Надворешен линк: Oвде
Овде може да видите и едно Тигар Алое. Него, заедно со уште 78 други видови на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити, детално презентирани, може да ги најдете во КАКТИПЕДИЈА.
No comments:
Post a Comment