Euphorbia fasciculata (Еуфорбија фасцикулата) е сукулент кој потекнува од Јужна Африка. Многу е сличен на нешто поголемиот Euphorbia shoenlandii. Освен големината, друга воочлива разлика помеѓу овие два сукуленти, е тоа што боцките кај E. shoenlandii се модифицирани стерилни цветни дршки, додека кај E. fasciculata цветните дршки се плодни и произведуваат цветови. Цветните дршки кај E. fasciculata по зреењето на семето овенуваат, но никогаш не се развиваат во боцки.
Сукулент на денот 95/11 е...
Euphorbia fasciculata
Фамилија: Euphorbiaceae
Род: Euphorbia
Вид: E. fasciculata
Потекло: Јужна Африка
Боја на цветот: Зелена
Сезона на цветање: Крај на зима-почеток на пролет
Висина: 15-30 cm (до 50 cm)
Род: Euphorbia
Вид: E. fasciculata
Потекло: Јужна Африка
Боја на цветот: Зелена
Сезона на цветање: Крај на зима-почеток на пролет
Висина: 15-30 cm (до 50 cm)
Одгледување:
Се одгледува во супстрат кој има добра дренажа, на места изложени на директно сонце или во блага сенка. Толерира суша. Во летниот период треба да се полева редовно, но умерено. Помеѓу две полевања супстратот се остава да се исуши. Не толерира смрзнување. Може да дојде до негово оштетување дури и при температури околу О°C.

Размножување:
Се размножува со семе и со израстоци.
Надворешен линк: Oвде
Во продолжение и кратка презентација на...
Euphorbia shoenlandii
(Еуфорбија шенланди)
(Еуфорбија шенланди)
Фамилија: Euphorbiaceae
Род: Euphorbia
Вид: E. shoenlandii
Потекло: Јужна Африка
Боја на цветот: Светло жолта
Сезона на цветање: Крај на есен-почеток на зима
Висина: до 1,8 m
Дијаметар: до 20 cm
Род: Euphorbia
Вид: E. shoenlandii
Потекло: Јужна Африка
Боја на цветот: Светло жолта
Сезона на цветање: Крај на есен-почеток на зима
Висина: до 1,8 m
Дијаметар: до 20 cm
Еднa Стара жена која често може да се сретне и вие може да ја сретнете овде. Неа, заедно со уште 73 други видови на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити, детално презентирани, може да ги најдете во КАКТИПЕДИЈА.
No comments:
Post a Comment