4/04/2011

Вселенски кактус пронајден близу Розвел!?

Деновиве кај нас и во светот може да се слушне и прочита уште една интересна сторија за кактусите со мистериозна содржина. Поради тоа што катусите се разликуваат од другите билки кои се околу нас, тие сами по себе се мистериозни. Многу луѓе за нив знаат да кажат дека кактусите изгледаат вонземски. 

Текстот  и фотографијата кои во продолжение ви ги пренесувам се од Taratur.com.

Photobucket
Ботаничар кој собира семиња во близина на Розвел, познатата туристичка атракција која подеднакво привлекува човечки и вонземјански посетители, пронајде необично растение во метеорски кратер.

Ботаничарот Дејвид Салман вели дека вниманието му го привлекла светлост која доаѓала од кратерот, а потоа видел дека се работи за кактус кој ја одбива светлината.

Утврдил дека кактусот се храни со инсекти, а необичното растение засега никој не успеал да го препознае. Затоа, една од теориите е дека билката е од вонземјанско потекло и дека на Земјата пристигнала заедно со метеор.

Друга теорија е дека всушност се работи за првоаприлска шега, но засега ниту една од овие теории не е потврдена. Погледнете ја репортажата за таинствениот кактус месојадец:

Која од овие две теории ќе се потврди како точна, останува да видиме. Според моето скромно познавање, овој мистериозен кактус многу ми наликува на кактусите од родот Ariocarpus.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...