1/28/2010

Кактуси освоија рид во Клисура

Пред некој ден случајно налетав на текст на Светлана Дарудова објавен во октомври минатата година во online-изданието на весникот Дневник. Текстот има многу интересена и несекојдневна содржина. Се надевам дека авторот и весникот нема да ми замерат што денес во мојата КАКТУСАРНИЦА пренесувам дел од него.

Photobucket
Љубители на природата од земјава и од странство често доаѓаат да им се восхитуваат на растенијата за кои претходно знаеле дека растат во други краишта во светов, а кај нас само во саксија.

Рид послан со кактуси е природна реткост во демиркапиското село Клисура, која привлекува се' повеќе љубители на природата. Жителите на Клисура велат дека многу често во селото доаѓаат гости од земјава и од странство, кои се восхитуваат на тепихот од џуџести кактуси на ридот. Гостите забележуваат дека за овој вид растенија претходно знаеле оти растат во други делови од земјата, а кај нас само во саксија.
- Добро е што сте се сетиле да напишете за ридот на кактусите - ни рекоа во Демир Капија, каде што прашавме по кој пат се стигнува до Клисура.

Се вози по стариот пат за Гевгелија. Селото Клисура е оддалечено околу шест километри од Демир Капија. До него, за жал, води неасфалтиран пат.

ОДМОР ЗА ОЧИТЕ

Кога стигнавме на вишинката кај селото не' пречека прекрасна глетка. Рид прекриен со тепих од кактуси. Распослани како да се радуваа со посетителите. Ги има многу. Како некој намерно да ги посадил во толку голем број за да ја разубави природата. Човек не знае што е поубаво, дали листовите на кактусите што со својата зелена боја ги одмораат очите или црвените торбички, кои како лампиони ги китат овие растенија. Тие, чиниш, се смешкаат пред објективите на фотоапаратите.
Текстот во целост може да го прочитате овде.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...