Aichryson e род во кој има околу 15 видови на сукуленти и суптропски растенија. Најголем дел од нив потекнуваат од Канарските острови, неколку од Азорските острови, од Мадеира и од Мароко. Во сродство се со Sempervivum, Jovibarba, Greenovia, Aeonium и Monanthes. Тоа лесно се воочува од сличноста на нивните листови. Еден од овие видови е и Aichryson laxum (Аихризон лаксум), кој потекнува од Канарските остврови, а е натурализиран во Португалија.
Сукулент на денот 84/11 е...
Aichryson laxum
Фамилија: Crassulaceae
Род: Aichryson
Вид: A. laxum
Синоним/и: Aichryson dichotomum, Sempervivum annuum, Sempervivum molle
Потекло: Канарски острови, натурализиран во Португалија
Боја на цветот: Светло жолта
Сезона на цветање: Средина на пролет - средина на лето
Висина: 30 - 45 cm
Одгледување:
Се одгледува во супстрат богат со хумус и добра дренажа, на места во блага сенка или изложени на директно сонце. При многу силно сонце листовите може да поцрвенеат. Толерираат суша и ниски температури доколу суспстратот е сув, но не се отпорни на смрзнување. Овој сукулент е monocarpic - еднаш цвета и потоа умира. Природно Натурализираниот Португалец е двегодишно растение. Со цел да се спречи негово умирање и да се поттикне вегетативниот раст, цветот по прецветувањето треба да се исече.

Размножување:
Се размножува со режење и со семе.
Се размножува со режење и со семе.
Надворешен линк: Овде
Цветовите на Aichryson laxum се артактивни за пчели, пеперутки, други инсекти и птици.
Како изгледа Бетонски лист ќе видите овде. Него, заедно со уште 69 други видови на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити, детално презентирани, може да ги најдете во КАКТИПЕДИЈА.
No comments:
Post a Comment