4/29/2010

Нега на балконските и на собните цвеќиња

Вчера налетав на интересно четиво за нега на балконските и собните цвеќиња. Голем дел од работите кои ќе ги прочитате во него може да ви бидат од корист и при одгледување на кактуси и сукуленти.

Текстот бил објавен во 2006 година во Дневник и овде ви пренесувам дел од него.

Photobucket

Ако во станот немате балкони, не треба да се одречете од одгледување летни цветни украси. Потребна е само доволно широка прозорска штица за поставување саксии со украсни билки. Ако таа не е доволно широка, може да се купат разни видови држачи за саксии. Саксиите за садење на билките може да бидат од различен материјал: пластика, дрво и теракот...

Полевање на билките - За полевање на билките никогаш не треба да употребувате ладна вода од водовод. Тоа се однесува и за балконските билки и за собните растенија. Секогаш имајте отстоена вода.

Секоја билка за да биде украсна треба да е здрава и со буен раст. Затоа треба да и се обезбеди доволно храна. Најдобро е да употребувате течно гноиво, богато со фосфор. Во зависност од видот на билката, прехраната треба да се врши седмично или на секои осум до десет дена. Важно е кога се става течното ѓубре, земјата да биде влажна. Значи најдобро е да прихранувате по полевањето...

Полевање на растенијата - Полевањето разни растенија е различно во зависност од сезоната и од условите во кои егзистираат. Во зимскиот период, кога вегетацијата на билките е намалена, полевањето може да се врши од еден до трипати месечно. Лете се полева и до трипати неделно во зависност од местоположбата и од транспирацијата на билката.

Запомнете: Ако листовите почнат да се виткаат и да стануваат жолтеникави, цветот брзо венее или ги испушта латиците, ако старите листови почнат обилно да паѓаат или ако почетокот на новите листови гнијат, тоа е знак дека на растението му недостига вода. Ако забележите дека листовите пожолтуваат, а врвовите се сушат, младите и старите листови паѓаат истовремено, цветот не се отвора доволно - преобилно го залевате растението. Но, ако листовите се зелени, но краевите се сушат и стануваат кафеави - воздухот во кои егзистираат растенијата е сув.

Текстот во целост може да го прочитате овде.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...