Има луѓе
кои парите си ги чуваат дома, има луѓе кои ги чуваат во банка, некои ги
чуваат во новчаник, некои во тегла за шекер, а некои пак нигде не ги
чуваат, ги гледаат првите пет дена во месецот и после само се сеќаваат
на нив... А оваа убавина која тука ја гледате, решила своите пари да ги
чува на себе. :-) Се вика ДРВО НА ПАРИТЕ.
И онака
во доверба...не е лошо да го имате дома, сместено во некое мирно и
осветлено делче од вашиот дом, па при крај на месецот, онака уморни да
ги погледнете неговите листови во форма на доларчиња и да си речете:
како и да е, иде први... Добра инвестиција е, верувајте! А којзнае, може
и не е само бапска приказната која вели дека ДРВОто НА ПАРИТЕ има
магична моќ да носи пари во куќата. Пробајте! :-)
No comments:
Post a Comment