Лазар Плетварски
(оригинал кавадарчанец кој веќе 5 години е аеродромец :-)) со
растенијата е од кога знае за себе. Поради ограничениот простор на
терасата и станот во кој сега живее, решил во него да најдат место само
растенија кои се (како што ќе каже) екстра добри и посебни.
Токму тоа е и причината зошто Лазар
во последните години им се посветил само на кактусите и сукулентите.
Набавува исклучиво мали билки, па си ги расте. :-) Во својата екстра
колекција има 35-40 видови на кактуси и 3 други сукуленти.
Вечерва во КАКТУСАРНИЦА имате екстра можност да видите неколку од нив...
Рубриката Вашите кактуси и сукуленти во мојата КАКТУСАРНИЦА е секогаш отворена за фотографии од вашите миленици. Може да ми ги праќате на kaktusarnica@gmail.com, Facebook…
Благодарам Лазар!
No comments:
Post a Comment