Сукулентите од родот Gasteria ги имаат едни од најспектакуларните цветови во сукулентниот свет. Нивниот број се движи од 50 до 80 различни видови. Непрецизираноста на нивниот број се должи на нивното често вкрстување со сукуленти од родовите Aloe и Haworthia, што резултира со значителен број на природни хибриди. Gasteria bicolor (Гастерија биколор) потекнува од Јужна Африка и најчесто меѓу народот е познат како Lawyer's Tongue.
Сукулент на денот 186/11 е...
Gasteria bicolor
Фамилија: Xanthorrhoeaceae
Род: Gasteria
Вид: G. bicolor
Народнo имe: Gasteria, Lawyer's Tongue, Beestongopcell
Синоними: Gasteria bicolor var. bicolor, Gasteria maculata, Gasteria caespitosa
Потекло: Јужна Африка
Боја на цветот: Светло розева
Сезона на цветање: Пролет
Висина: до 50 cm
Дијаметар: 10-45 cm

Одгледување
Се одгледува на места изложени на сонце или во блага сенка, во супстрат кој има добра дренажа, односно обезбедува исцедување на вишокот на вода. Во периодот кога расте се полева редовно. Супстратот се одржува влажен, но треба да се внимава да не се претера со полевањето. Во зима се полева само кога супстратот е целосно сув. Толерира температури до -1 °C.

Размножување:
Со реежење на листови и со израстоци (во пролет или лето).
Со реежење на листови и со израстоци (во пролет или лето).
Надворешен линк: Овде
Освен во основната сорта (Gasteria bicolor var. bicolor) која се одликува со листови со должина од 7-25 cm, овој сукулент се среќава и во уште една сорта Gasteria bicolor var. liliputiana, чии листови се со должина од 3-5 cm.
Gasteria bicolor var. liliputiana
Фамилија: Xanthorrhoeaceae
Род: Gasteria
Вид: G. bicolor var. liliputiana
Народнo имe: Ox Tongue, Dwarf gasteria
Синоними: Gasteria liliputana,
Потекло: Јужна Африка
Боја на цветот: Црвено-розева и зелена (цветовите изгледаат како мали стомачиња)
Сезона на цветање: Може да цвета во текот на целата година (најчесто се појавува од крајот на зимата до пролет)
Висина: до 10 cm
Дијаметар: 7-15 cm

Овде може да се сретнете со една Кралица на ноќта. Неа, заедно со уште 91 други видови на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити, детално презентирани, може да ги најдете во КАКТИПЕДИЈА.
Gasteria bicolor
No comments:
Post a Comment