5/13/2011

Среќен роденден КАКТУСАРНИЦА

КАКТУСАРНИЦА за првпат се појави во просторот на blog.mk (blog.com.mk) на 13 мај во 2008 година.

Оттогаш, речиси секојдневно (1070 записи) ја збогатувам со нови информации, занимливости и фотографии, и преку неа споделувам, добивам и пренесувам нови искуства и знаења поврзани со кактусите и сукулентите. Сите оние кои ги одгледуваат, проучуваат или само ја задоволуваат својата љубопитност и им се восхитуваат на овие сукулентни билки и се друго што на некаков начин е поврзано со нив, во КАКТУСАРНИЦА сугурно ќе најдат по нешто интересно или корисно.

Photobucket

Меѓу другото, од оваа година КАКТУСАРНИЦА е збогатена со уште една нова страница. КАКТИПЕДИЈА е енциклопедија на кактуси, сукуленти и некои други ксерофити кои се презентирани во КАКТУСАРНИЦА како дел од серијалот Кактус/Сукулент на денот. КАКТИПЕДИЈА ќе ви помогне да ги идентификувате вашите миленици и да научите нешто повеќе за нив и нивното одгледување.

КАКТУСАРНИЦА може да ја следите и на Facebook, Twitter и NetworkedBlogs (препорачајте им ја и на вашите пријатели :-)). Освен овде истите содржини може да ги најдете и на kaktusarnica.blog.mk

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...