Контроверзната Линдзи Лохан деновиве е актуелна со финасиските понуди кои ги добива за да открие ексклузивни детали од времето кое го помина зад решетки. Магазинот ОК и понудил дури еден милион долари за првото пост-затворско интервју.
Но вечерва таа во КАКТУСАРНИЦА не е поради тоа, туку поради една мала непријатност која и се случила во март оваа година кога повеќе беше актуелна како инвентар низ клубовите во Лос Анџелес.
Имено, додека пристигнувала на приватна забава во куќата на свој пријател изгубила рамнотежа и пред објективите на папараците кои биле околу куќата, паднала и завршила во едно големо бодликаво Agave americana 'Marginata'...
За да се оправда пред своите обожаватели дека овој засрамувачки момент не бил резултат на алкохолот, Линдзи тогаш на Tweeter напишала:
Само јас може да бидам турната врз големо остро растение од луди папараци!!! Мора да започнам почесто да носам балетанки.
No comments:
Post a Comment