6/08/2010

Во Струмица на улица

Минатиот петок бев во Струмица и таму (баш како во песната) на улица (спроти Глобал) налетав на една жена која меѓу другото продаваше и кактуси од родот Opuntia. Сите беа полни со пупки и цветови. Се разбира не одолеав и еден од нив си купив. Тогаш имаше само 6 пупки, а веќе следниот ден 5 од нив расцветаа и со жолтите цветови ми го красеа балконот во текот на викендот...

Photobucket

За жал цветовите на овие кактуси траат многу кратко и тие веќе се свенати. Денеска расцвета и последната пупка, а веќе утре и таа ќе почне да овенува.

Овие кактуси можат да се сретнат и под името Индиска смоква, Бодликава круша или Свекрвин јазик. Opuntia-та е кактус кој се јаде и може да се најде на менито на луѓето. Месото од зрели плодови е вкусно, слатко-киселкасто, сочно и се јаде сирово. Повеќе за тоа може да прочитате овде.

Заинтересираните може да се пријават за дегустација кога плодовите ќе узреат. :-)

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...